Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
27 септември 2009
Мислења
86
Поени од реакции
9
Се осекам излажана и многу сум си лута на самата себе. толку очи да не му видам
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Чекорам по каливата улица и ги бројам стапките на моето постоење, а го минувам времето барајќи ги оние изгубени страсти. Времето одминува рушејќи ми го светот, а твоите очи се шлаканица која ветрот ми ја подари за да го пополни моето страдање. Да тоа се оние црни очи кои ги гледам во близина. Очи кои ми ја кинат насмевката и ми го рушат сонот за иднината. Да тоа е онаа леденеа насмевка за која се изборив, и да тоа е она лице на кое не можам да му одолеам. Луѓето околу мене ми велат дека сум луда што сеуште трчам по тебе, но јас те сакам. Затоа што љубов е кога ќе ти го слушнам гласот и ќе почувствувам болка, кога ќе те видам секое делче од моето тело ткае приказна со која те довикува и да љубов е кога ги пружам рацете кон секој сличен на тебе очекувајќи прегратка. Но ти ја заслужи мојата љубов. Сега ме боли таа насмевка која ми го уништува животот. Заради тебе се наоѓам себеси барајќи утеха во алкохолот, заради тебе барам љубов во туѓи прегратки, а како што минува времето ја станувам објект без душа зошто ти ми ја одзеде душата. Ти си причината поради зошто сега шетам по улиците по кои заедно одевме пеејќи ја нашата песна и соочувајќи се со суштината на зборот живот. Зошто да живеам не значи само да дишам, туку а постојам во секојдневието на оние на кои им треба дел од мојата насмевка. Да постојам баш онака како што постоиш ти, опкружен со лажна љубов и ветувања кревајќи ја високо чашата со црно вино наздравувајќи за животот и за женската убавина. Само што додека наздравуваш не ти текнува на девојчето кое е убаво за цел свет, а за тебе е парче минато. И да сакам да постојам , но за да постојам ќе треба да те преболам, а незнаејќи како, ќе продолжам да талкам во ноќта и да се молам да бидеш спокоен...


...и оваа вечер крени ја чашата мил
мој и помисли барем на момент на девојката
на која и го украде животот...
елена
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Кратко:
имаш срце! Користи го! [пропагандна програма].
Не мора за мене, за било кој, битно ми е да знам дека знаеш да го употребиш правилно.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
*Овој текст го пишувам за да не ми го кантосаат мислењево иако во него е содржано сето она што сакам да ти го кажам во овој и во изминатите 45 милијарди моменти. Те сакам колку што ти сакаш да си ја береш фармата на глупиот Фејсбук.
 
Член од
24 август 2008
Мислења
1.120
Поени од реакции
163
Добро, ќе се решам или да викнам полиција? (ми скурчи шегава, а пак ја користам)
Не, сериозно сеа. Помина животов јас не знам шо прам.

Иам начи четири опции. Ќе ги глеам ко 1, 2, 3 и 4.
1. Начи за ова решење е да се убијам пошо помина возот ко требаше да реагирам.
2. За ова имат некакви можности ама и то ми е глупо али ќе дознајме набрзо шо ќе е како ќе е.
3. За ова... неам шо да речам. Дојдов овде и сеа ми текна од шести град... така беше то. Ќе се бркаме. А имат привлекувачки сили ама немат можности.
И конечно 4. Ваљда со тебе завршив и баш ми е мило за вчерашно вечерниот долг муабет, ама пак осеќам уш нешо.

И сеа шо прајме? Арни сме? Не сме.
Најарна е втора опција ама за сите скоро еднакво се осеќам, или бар така мислам. И сеа ај реши се да те видам?
 

Божана

Morning sun
Член од
17 август 2009
Мислења
226
Поени од реакции
111
Изгледа дека не ми се исполни желбата од претходниот пост.Дојде и нашиот крај,крајот што најмалку го посакував и ако може да го вратам времето барем на неколку часа биди сигурен дека ќе сменам многу работи.Се' уште се надевам дека ќе сменат некои работи,но тоа е само мојата надеж...
 
Член од
2 април 2007
Мислења
96
Поени од реакции
12
Долги седум месеци сум без мојата долгогодишна љубов. Таман кога мислев дека се средив и емотивно и сум сама на својата патека кон подобра иднина,твоите зборови кој си ги оставил на моја пријателка стигнаа до мене. Зошто?
Зошто ми го реметиш мирот? Сакаше вака да биде и бидна...Остави ме барем да си продолжам понатаму без да ме навраќаш на нешто кое се уште ме боли, а се правам дека не е така...Твоите зборови...“пренеси и дека се уште неможам да спијам навечер и се уште ја сонувам“.....ми се пренесени и ме заболеа до коска....пак ме врати назад и пак ми нанесе бол.....сакам само да ме оставиш на раат и никогаш повеќе да не оставаш пораки по моите другарки за да знам како се чувствуваш...пати и понатаму,ти си крив..но мене те молам остави ме да снајдам во овој нов свет за мене.....по незнам кој пат ти велам Збогум....и несакам повеќе ништо да знам за тебе!:uvo:
 

Unknown!

Непознат!
Член од
5 август 2009
Мислења
81
Поени од реакции
1
Те сакам! Зарем неможеш да го гледаш тоа во моите очи? :smir:
 
M

marsovka

Гостин
Те мразам
Те мразам зошто ме прифаќаш таква каква што сум, кога јас ни самата не се прифаќам.
Те мразам зошто ми кажа дека ме сакаш, кога јас самата не се сакам.
Ме излудува тоа што не си до мене , ме излудва тоа што само го слушам твојот глас, не те допирам
Ме излудува тоа што самошто ги запечатив сите емоции ти побара пак да ги извадам. Повторно ли да поминувам низ пеколот?И кога те нема да тонам во солзи, во оној мрак?
Ми требаше , не знам колку пати сум се разбудила со мачнина и пребарување на се околу мене и празно зјапање во телефонот. и пребарување на мозокот дали вчера си ми се јавил.
Знаеш ли како секое утро се будам ?
Знаеш ли што значи да спиеш во грч залепен за телефонот оставен да се слуша да ѕвони само за да те слушнам.
Не си ни свесен колку брзо тонам , колку е малку е потребно да западнам во една од моите епизоди .
Ми требаш очајно , ми требаш како глас на разумот . Ми требаш како човек, ми требаш како живо битие ми треба очајно твојот човечен однос спрема мене. И сакам да те имам сакам да се залепам за тебе и никогаш да не те пуштам . Се до последниот здив...

И ме палиш, проклет да си.
Ја обожавам твојата перверзност .Твоите фетиши.
Вчера пак се загубив само што ми кажа те сакам во мојот розев свет,а не сакам .
Ми треба мојата ладна разумност.
Денеска ме виде без таа слатка фасада знаеш колкаво гомно и ѓубре сум сеа , ама знам и дека ме обожаваш ради тоа .
Патем не ме терај да бирам, како мало дете ги сакам двата избора, и слаткото мачење кое ќе си го приредуваме.
Полош си од мене, знам дека ќе се ебеме у здрав мозок уште долго.Знам дека и го сакаш тоа .А и знај дека ретко се наоѓа некој како тебе, немам намера да те испуштам .
А исто така дека ќе те чекам.Само дојди.
Крвав бакнеж
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ти си оној кој никогаш не ме изневери. Ангел со бел ореол, толку добар и добронамерен, мил и внимателен... Нема да дозволам да те повредам, да те изгубам... Кога се` ќе почне да се руши, ти ме носиш до засолниште и ме гушкаш. Ме смируваш, ме сакаш, ме разбираш и сочувствуваш со мене. Ништо нема да те замени никогаш. Му благодарам на Бог што те имам. Најдобар си! Правиот човек за мене! Те сакам!
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Пред некојси 17 месеци почна нашата приказна. Ми се чини како да беше многу одамна и ко оттогаш да се имаат десено милион работи. Се имаме променето и двајцата, се има променето светот околу нас. Минав низ многу, од се по нешто, а ти беше крај мене, стоеше до мене по патот. И ја бев крај тебе гледајќи ги и делувајќи на промените во твојот свет.
Константата е дека се уште сме заедно и функционираме. Опстојуваме цврсто на земја, држејќи се заедно, во виорот на промените. Winds of change, сакам да го наречам сето тоа.
Да не тупам, сакав да кажам, баш ми се свиѓа што знам дека вреди да минувам дел од моето скапо време со тебе, знам дека вреди да се трудам за врската.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Денес ме потсетуваш на чај. Додека е со половична топлина, коцката мраз се дави внатре во шолјата. Е така ти правам секогаш, знам:). Ама не би ме сакал ако не сум темпераментна. Не можам да те замислам поинаку сем вивид... Таков си! Прекрасен и мој малечок сладич! :back::back::back:Те сакам! Лека ноќ! Свит џримз!
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
Puno tražiš, malo daješ, k vragu rijeci utjehe. Jednom davno bio sam pizdun gori od tebe.
Знам како ти е поминав низ тоа.
Само да знаеш дека јас и понатаму ќе останам покрај тебе како што остана ти.:smir:
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Не се сомневав дека ќе дојде и тој ден. Денот кога ти ќе молиш.
Ах, само да ми беше до мене ОНОЈ ден кога ја прели чашата ... мислам дека немаше да остане еден читав дел од тебе. Ез ај сед : Никој не рекол лош збор за мене, па нема ни ти.
Ме навреди, можеби непромислено, несакајќи.. но продолжи да го порекнуваш тоа како никогаш да не си го изустил. Се заколна во најмилото.
Всушност што зборам јас? За тебе ништо нема значење освен нарцисоидниот ти.
Погоди што? Молењето не се исплатеше. Проба да ме вратиш со некои мили зборови и умилкувања. Мислеше дека веднаш ќе ти речам : Да, простено ти е, можеме повторно да се гледаме и се да биде по старо, јас твоја марионетка, а ти мој господар.
Никогаш повеќе, со никого.
И си бил `лошко` како што рече, а тоа не умееше да ми го признаеш порано.
Единствено ме нахрани тоа што те спуштив од облаци. Никогаш нема да ми биде криво што како замена дојде онаа што не ја нарекуваш ни твоја девојка, туку само формална придружничка за излегувања. Таа пак, кутрата слепо ти верува на истите твои приказни, како и сите останати. Истите фори кај сите.. прочитана книга. А ти кутриот сеуште не ти текнува од каде ги дознавам сите информации поврзани со твојот факд ап лајф.
Мизерија.
Последниот пат кога ми пиша не почувствував ама НИШТО од она што постоело некогаш... Само ме полазија морници и во еден миг како да го занишав своето тело за да ги отфрлам сите чувства за тебе кои останале. Се смеев до солзи на твојата глупавост и понижувањето.
Кругот се сврте и пак ти водев инат како мало дете, а тоа го сакаш. Само овој пат беше во моја полза, а не за да го храни твоето его.
Ќе се обидам да им верувам на твоите желби посветени на мене, а јас за тебе... немам ништо. Што да ти посакам натаму кога за тебе спас нема?
Човекот кој се појави во мојот живот е надоместок за сите претходни како тебе, а најмногу за тебе, како лидер, крунисан со првото место на најѓубре маж кој сум го запознала. И никогаш нема да дозволам да дознаеш дека го запознав, уште помалку ти да го запознаеш.
Тој е нешто ново за мене... Нешто за кое не знам.
Тој знае како да се однесува. Тој е оној...вистински заводник, романтичар, отворен, забавен, чувствителен, разумен, совесен, реален, амбициозен, дружељубив, мил, шармер... фер.
Можеби на почетокот се се чини совршено, но мислам дека глумците како тебе научив да ги препознавам. Ме разбира потполно. Уживам да го слушам додека ми зборува, а и тој исто. Нагон на страст која се прелева во нежности и мислувања. Прекрасен микс на чувства.. Нема дофат за она `чудното` додека ми е во близина. Не ме гледа онака како што останатите ме гледаат. И надворешноста се брои и цени.
Луѓето како него можат да успеат со силната волја во се што ќе посакаат, мило ми е што беше толку упорен, а не беше воопшто напорен. Ми бил пред очите, а јас бев заслепена...од тебе. Ти си оној кој само оди надолу. Паѓаш во бездна без завршеток.
И после се што си им сторил на луѓето околу тебе ти очекуваш дека ќе те следи среќа и дека нешто ќе ти тргне од рака? Со почетокот си го предвиде крајот.
Ќе се држам до него, затоа што двајцата заслужуваме... ти беше само уште една лекција која требаше да ја научам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom