Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Сето ова не беше љубов, туку една чудна опседнатост.
Чудно лудило.
Секоја моја клетка копнееше по тебе.
Сакав да се претопам во твојот допир, во твојот мирис.
Некаде низ ќошињата на ова лудило, губев делови од себе.
Но, повеќе не.
Ако не за друго, барем ме научи никогаш да не се губам себе си.
Повеќе не.
Што и да беше сето ова, повеќе никогаш нема да биде.
Сега конечно по долго време, доволна сум си сама на себе.
 
15 Мај...2012 година Вторник...
Ми пиша прв пат... Некако,се прашував дали да ти вратам или да ја игнорирам пораката.
Решив да видам што сакаш...
Од тогаш како некој да го сврти тркалото на мојот живот.
Се роди љубов...голема...Не ми беше гајле што беше љубов преку жица... Но ми беше некако посебен...знаеш ли?
Но работите се сменија...Љубовта се смени...Ја избришав... Почна да бледее...Заради тебе..Сиот твој игнор и однесување ме натера да се прашам дали да продолжам да талкам во место или не...
Да пресечам конечно...Да,денеска пресеков...Иако ми значиш јас донесов одлука...Да се тргнам од твојот живот...
Најдобро ке биде за тебе...И за мене...
Ке ми недостигаат нашите разговори и смеења...Твоите глупости...
Можеби не сум во право што те напуштив вака...Бидејки ти никогаш не ме напушти...
Но,ке те гледам од страна...Чисто да знам дека си добро...
Како што правеше ти.
Ке биде себично да не помислувам на тебе кога ти е тешко.
Да не ти понудам совет и подршка...Нели ти се избори за мене во моментите кога не знаев што со себе???
Но сега постојат и други личности кои ме сакаат и ме ценаат и им значам.
Не велам дека и тебе не значам,ми го докажа тоа но во последен период си чуден...Мое другарче...да,другарче ... Кое секогаш ке има место во моето срце...
Ке останеш како личност која направила многу за мене...

Збогум малечко мое...Нема да ти го заборавам роденденот.:) Toa e ден кога се родила една од личностите која најмногу ја ценам...
 
Е ајде бе, се чудам на самиот себе, кога станав јас ваков? Да се разбудам и првата помисла да ми биде на тебе, да сонувам за нас и кога сум буден. Ноќите веќе не ги ставам во оваа категорија, незнам дали сум нормален. Секоја ситница да ме полуди до бескрај и во двете насоки на правата. Чудно што никогаш не се замислував како човек кој знае да сака, ама ете, чуден е животот. Ми го сврти целиот свет и јас уживам немајќија контролата, ми покажа каков навистина сум - напати сурово, но и тоа не ми пречеше, напротив научив да те сакам посилно и посилно..
Со нетрпение го чекам денот кога ќе те имам впрегратки, често ми изгледа нереален, срце чука како лудо, а немирот, задоволството кога бар за миг ќе те чујам..
Ахх...
 
Не плши се во туѓи очи ке ме најдеш, во туѓа смеа ке ме познаеш љубов љубов ке пронајдеш. Ти некому ке бидеш се што не ми беше, за него може ќе си најдобра најдобра прва прва и последна.
 
некако последниве денови ми фали љубов. (прв пат по 7 месеци)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom