Го памтам првиот ден кога те шмукнав на малите муциња. На 14ти беше, февруар пред точно 2 години. Кај пругата кога возот поминуваше и правеше да се треси целата земја под нас, те гушнав цврсто, а ти се стопи во мене. Ситничка беше тогаш, или само така изгледаше, или можеби јас бев повисок одошто сум сега, или можеби не обрнував доволно внимание на овие небитни детали понесен од целата енергија која се разлетуваше меѓу нас. Топлината како да остана на моето црно палто, мирисот со првиот допир го заѕидав длабоко во меморијата. Секој ден е ист, најубав, нежен, но страшно менува само една работа, станува се посилен и посилен, не го познава крајот на своето растење. Како и да е, сега и двајцата станавме подебели и позрели во црпките, времето ни го скрои чурукот. Муцињата не се мали се зафркавам ни тоа тогаш не го заприметив бидејќи лебдев над земјата, па ни тресокот на враќањето од возот, не го осетив, го одбегнав.
Нека оди строфава, нека оди и времето заедничко напред, до разделот од кој не можеме да избегаме...........ние..........смртниците.
Ти правиш да се чуствувам за миг
како тебе, ти имаш детска невиност
и моќ како зора, ме будиш пак
пак сум гол пред твојот шарм, мила срна.
Те имам покрај тебе повторно, 16 лета.
Засекогаш...
Не барај ме, надвор е црн ден,
ние сме на истиот остров стопени
во иста душа, ние сме сами во градот.