Знаете многу сум размислувала за оваа тема, понекогаш добивав одговор, понекогаш не. Некој некогаш ќе ми рече, или прочитам на некоја страна дека среќниот крај на некоја љубов го има само во филмовите... јас не сум многу добра пријателка со среќниот крај на моите врски, но знам личности што се многу добри пријатели со тој крај.. Среќни се, радосни, ги делат деновите со личност што им значи, едноставно се борат да опстои нивната љубов. Љубовта е убаво чуство, ако не е прекрасно да сакаме, тогаш воопшто не би постоел зборот љубов, а чуствата би биле табу тема. Би било прекрасно доколку сакам некој со цело мое срце, со цела моја снага се изборам да успееме, да ме освои со неговата храброст, размислување, карактер и сите негови мани и доблести, не барам совршенство, барам само човек кој знае што сака, љуби, сигурност, храброст.. Да, можеби и премногу е ова што го напишав, но додека не препознаам дека некој ги има овие карактеристики што мене ужасно ми се потребни, нема да можам да се спријателам и станам доволно блиска со мојот среќен крај. Се во свое време, но и почнувам се повеќе да ја мразам оваа реченица.. Сакам некој што ќе ми биде првенствено мој пријател, да го сакам со цела моја душа и срце и јас да застанам пред луѓето во мојот живот и да кажам на целиот глас: Да, ова е моја љубов, мојот човек што неможам да си го замислам животот без него, тој е тоа што ми е потребно, го чекав доволно долго, но се исплатеше на крај.