Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

L

Ligeia

Гостин
Ти си мојата идеална,мистично-љубовна големина.Без тебе небото врз моите плеќи е толку тешко,а кога сум со тебе дрвјата на земјата со леснотија се преоблекуваат во ѕвезди.Up-side down.Ја раскинуваме реалноста со нашите мисли при секоја средба,сами и сонливи во ноќта фантазираме за викторијанска утопија и смешно е што при секое твое заминување јас останувам со помислата на Париз виден низ твоите очи и кабарет музика во позадина.Секогаш кога те држам за рака и посакувам да ти кажам:''Ме правиш среќна'',зборовите ми се заглавуваат во грлото.Како да ти ја кажам таа реченица кога ти не ме правиш само среќна,ти ме создаваш како романтична поезија и правиш да постојам а за да го искажам тоа чувство зборовите се премалку иако сме деца на Меркур.Триаголник,петокрака,призма...тие фигури секогаш успевам да ги откинам од врвовите и да ги направам само чиста линија која ќе води до твоето срце.Кругот не ни е потребен,освен ако не е слика од јин и јанг.Никогаш не сум сакала некого безусловно.Но тебе те сакам...со слобода и фасцинација...во мисли,во говор,во тело.Рамнотежа од карнеол и тигрово око.Кога сите би се чувствувале како мене на овој свет.Спиритуална пеперутка.:love:
 

devil!

weirdo
Член од
19 јули 2008
Мислења
1.047
Поени од реакции
462
Збогум засекогаш, мило ми беше овие 2 години и 7 месеци што ги поминав со тебе. И песната :
Те сакам!
 

Флојдерка

Together we stand, Divided we fall..
Член од
7 април 2012
Мислења
336
Поени од реакции
340
За Љубов, единствено што сега можам да кажам е следно:

Во љубовта постојат убави и лоши моменти, кога е убаво, убаво е, и среќни сме. Срцето ни е полно. Но, кога настапува тешкиот период, кога ја слушаш првата навреда од ликот со кој си имал прекрасни мигови на љубов, кога те годи во срце со отровна стрела... Се` она што претходно сте го чувствувале во некој/некои совршени моменти заедно, се заборава. Или се замаглува. Болката боли и трае, а моментната среќа не е посилна од болката. Нема ништо посилно од болката. И кажете ми искрено: Вреди ли за неколку мали моменти на среќа и задоволството да се уништува цел еден живот и да се трпи неизмерна болка? Вреди ли да се потиснува каменот уште подлабоко в срце само за да во некој следен ден доживееш неколку мирни часови?
- Веќе сум сомничава во врска со ова, веќе не верувам во таква среќа и во таква љубов. Всушност, јас и никогаш не верував, но се обидував да ја пронајдам таа точка на среќа која ќе биде посилна од сето страдање. И беше! Но не од она љубовно страдање, туку од некое друго, некое многу позрело, страдање што животот ми го донел, судбината(кој знае) или Бог. За таквото страдање, немаме кој да обвиниме, но за она љубовното, за оној камен кој се зарил в срце, секогаш постои кривец. Можеби тоа сме самите ние, но да бидеме реални, зар е можно само еден да е крив?

Глупава ли сум што се обидов да верувам во безмерна и искрена љубов?
Не! Секој човек се надева на тоа, човек може да љуби додека е жив! Човек може да се надева додека е жив! Јас не сум тој човек. Јас одамна решив да не бидам тој човек, но не успеав.

Она што сакав да кажам, е дека секој горчлив збор, секоја солза, секоја навреда, го брише секој среќен момент што се случил. Тоа не не` прави злопамтила, не! Тоа не` прави страдалници!
Јас сум се смеела често, сум била до небо среќна и весела, но секој пат кога ќе се сетам на она што е болно, солзите сами течат. Така е и со љубовта, така е со животот. Но не кај секој човек, само кај оние слабите, оние меките, оние чии срца се широко отворени, оние чија љубов достигнува небесни ширини... Оние... Чија верност нема граници, но чија верност не е призната!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
И кажете ми искрено: Вреди ли за неколку мали моменти на среќа и задоволството да се уништува цел еден живот и да се трпи неизмерна болка? Вреди ли да се потиснува каменот уште подлабоко в срце само за да во некој следен ден доживееш неколку мирни часови?
Оној што ја става љубовта на кантар за да види што ќе добие а што ќе изгуби, никогаш не ја ни запознал.
Само кукавицата бега и се одкажува од љубовта поради страв да небиде повреден....Ни сета болка на овој свет не би ме натерала да се одкажам или да заборавам дури ни еден единствен момент со онаа што ја сакам!
Затоа што тој еден момент, вреди повеќе и од цела вечност помината во рамнодушност.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Дај нека ти оздраве тоа ноџето веќе :(
Да се изнашетаме како луѓе после две-три недели :pos: Сакам да те кревам, и да те носам на ушка, а ти да се дереш "спушти ме ќе паднаааааааам":giggle:
Извини што си отидов порано вечерва, ти ветувам дека ќе дојдам за некој ден :noze: :love:
И доста се жалиш јеботе, те си се здебелила, те не си била убава веќе, незнам што, незнам како...
Секогаш ќе бидеш мое најмало и најубаво:love:
И онака знаеш дека несакам костури на батерии со кило шминки на фаца :LOL:
Морам уште ова.... е вакво си во овие две недели :icon_lol:


Те сакам највеќе :giggle:
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
Сакам да кажам дека еднаш реков постои и се уверив дека сум се заебал гадно што сум го рекол тоа! :)
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.596
Поени од реакции
11.485
Љубовта е поголема од нас, тоа што го гледаме и доживуваме како "љубов" е само рефлексија која е илузија и која преминува во навика, и која не води никаде освен во очај. Вистинската Љубов е безусловна, безвременска...сакаш да исчезнеш, да се предадеш...онде, овде, насекаде...не познава форма ни говор...препознава само екстаза во моментот на Големата средба во Големата конфузија наречена "Живот".
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.006
Поени од реакции
2.043
...дека сега за сега е too nice to go wrong.
 
B

BrunoFresh

Гостин
Те пронајдов таму каде што никој неможеше да те забележи. Те пронајдов каде што земјата и сонцето ги спојуваат своите видици, каде што месечината и искажува љубов на ноќта. Онаму каде ѕвездите не можат да ја дофатат убавината на твојата светлина. Во полето како ружа скријана меѓу сите тие трња. Ми го покажа патот на вечноста на љубовта која извира од твоето срце, се проширува низ твоето тело и се одсјајува од твоите прекрасни очи. Времето со тебе е бескрајно, а крајот е недофатлив. Остани со мене драга и прими ја цела моја љубов која неможам целосно да ја искажам. Се повеќе и повеќе секој ден се зголемува и те бара насекаде каде што мислите дофаќаат. Те сакам најмила, засекогаш!
 
К

командо

Гостин
... знам дека грешев, правев непромислени работи, кажував глупости несакајќи, дека сум идиот/кретен... Но, сепак, ти си единственото нешто што сум го сакал, го сакам и ќе го сакам...
ТИ си личноста која ме научи на многу работи, само Ти можеш да ме воздигнеш до небо или па да ме треснеш од земја, само ти. Само Ти, можеш да направиш да се чувствувам најубаво, или па најбедно... Ти ме натера да се почувствувам онака како што никогаш не ни помислив дека ќе биде, да кажам работи за кои мислев дека никогаш нема да ги кажам... И не, никогаш нема да те напуштам ради некоја "поубава", затоа што знам дека никоја не е како тебе/ Ти го поседуваш сето тоа што јас го барам... можеби не знам да ти покажам колку многу те сакам, но верувај...
Те сакам цуци:pipi:
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
17
Поени од реакции
57
Ми се вдоми во мисливе, ако седи си таму, не те пуштам.

Те љубам.

Твоја Љ.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.143
Поени од реакции
23.248
Опседнат сум со тебе, не е на арно работата.
 

JimmyHoFFa

NAVIGATOR
Член од
8 септември 2010
Мислења
1.196
Поени од реакции
482
Соблечи се ако видиш некоја промена кај мене.... те сакам o_O
 

Kajgana Shop

На врв Bottom