Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Некое чувство ме прогонува...талкам со мислите изгубена во фантазијата, потоната во соништата. Некој немир ме исполнува...Само мисла или делче од вистината? Несигурност...за мене, за тебе, за нас...за она што следува.
Талкам во бескрајот, чекорам во темнината и барам нешто за што знам дека е одмана загубено. Со секој чекор губам дел од себе. Барајќи те тебе, се изгубив себе си..
Колку само би сакала да чуваш...нешто. некој миг, некоја мисла, некој збор..за мене. Времето поминато се чини изгубено, потрошено. Една воздишка...и крај.
Една слоза гледам светка во моево око, да ја пуштам ли да се стркала по лицево? Гордоста е сепак појака. Продолжувам понатаму . Чувствувам дека сум сама, без никој до мене. Крајот изгледа блиску а сепак е недфатлив. Мирисот на самотијата го исполнува просторот, ме опкружува. Тука си, но те нема. Кога само би знаел...една прегратка ќе реши се, но доцна е веќе. Се губи и последната надеж...дури и залезот полаку заспива и ги убива и последните зраци од светлината...заминува...и отстапува место за да се роди далечината.
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
3 дена по ред,со еден збор БУМЕРАНГ - удар од минато, сеќавања, спомени !!!!

Насмевката ми е останата како подарок од убавите сеќавања...
Да, еднаш го оставив куферот полн со спомени од мене и тебе, и продолжив напред, но последниве денови пак се вратив на истата станица, таму каде што го оставив, ГО ЗЕДОВ!
А да биде уште потешко, го отворив....

Дали беше до осаменоста?!
Само сакав да ја пополнам осаменоста со спомените од куферите..

Но, направив голема грешка, само пак да соберам сила да си ги соберам пак работитее и да ги вратам во куферот !!!

Затоа што:

,, Минатото е добро место да го посетиш, но не и да останеш!,,
 
Член од
16 октомври 2011
Мислења
371
Поени од реакции
408
Толку си инспиративна, уникатна, самостојна, самоуверена, првенствена, позитивна . . .и сите други срања што се својствени за една дама . . Ама ипак не .. уште не ти ја давам таа титула. . не си зрела за неа со некои постапки . . што би рекле тетовчани, да ти ја ибам главата. . . Ме палиш па ме гасиш, ме дигаш па ме спушташ. . што да кажам. . проклето си проклета !
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Знам дека нема да биде, знам и оти. Премногу е комплицирано, а ти нема да го направиш ниту помалце едноставно. Ќе ти биде можеби жал. Ама ете ти ја. Твојата генијалка со добра тактика на која ти паѓаш. Можеби не сум гуд инаф за тебе. Ама ке бидам за друг. Најдов друг начин на преболување. Ај да видам дали ке успее. Се трудев да не се заљубам, ама...Ветувам дека следниот ке го преболам уште пред да го запознаам.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
370
Поени од реакции
709
До пред некое време се мислев зошто постои 2011 година како опција при внес на година на раѓање кога се регистрирам на некој сајт. Демек новороденчиња ќе се регистрираат? Па се мислев зошто пиците, иако се округли, се пакуваат во четириаголни кутии. И, не е дозволено да се пие и да се вози, а многу кафани и барови имаат паркинзи. Стварно, којqur?

Други бесмислици покрај овие работи ми беа повраќаниците на Николас Спаркс. Пред некој ден кога разгледувавме со другар ми која книга да си ја купиме, видов дека во другиот дел имаше книги од Спаркс. Погледнав наоколу да се осигурам дека не ме гледа никој, и само што се упатив натаму, со другар ми веќе почнавме да се инатиме за тоа кој прв да ја чита книгата што ја одбравме. Нормално, ја покажав мојата срцепарателна Агнес фаца и победив. Деновиве почнав да си враќам во глава некои работи од него кои сум ги среќавала некогаш и во многу од нив се пронајдов:
"Poets often describe love as an emotion that we can't control, one that overwhelms logic and common sense. That's what it's like for me. I didn't plan on falling in love with you, and I doubt that you planned on falling in love with me. But once we met, it was clear that neither of us could control what was happening to us. We fell in love, despite our differences, and once we did, something rare and beautiful was created. For me love like that has happened only once, and that's why every minute we spent together has been seared in my memory. I'll never forget a single moment of it."

И ќе градиме моменти до последниот мој атом, до последната твоја ѕвезда. Или обратно беше... :)
Толку многу ми е убаво и топло покрај тебе. Како на Лук од кога влезе во неговиот Tauntaun. (океј, грозно, знам, ама морав некако да се исперам после Спаркс :()

И секогаш кога те чекам на тоа исто место како првиот пат, свртена во правец од каде што треба да дојдеш, си велам самата на себе: „Ако застанам малку понатаму и поблиску, ќе те гушнам побрзо, но ако си стојам тука, ќе те гледам како доаѓаш насмеан кон мене, ќе се заљубувам одново и одново...“
И не мрдам.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
И како мало дете ме правиш
кога си ти до мене
нервоза,слабост,очите ми треперат
не можам да се контролирам
а мразам што ти тоа го приметуваш
Бакни ме ослободи ме од ова глупо чувство
ти си таа од сите
што ја правиш оазата во ова мое срце пусто
те посакувам повеќе од сите мои сонови
сите гревови и молитви поврзани во една мисла
да бидеш моја друго за мене нема смисла
Во тебе гледам добрина,инвидуалност и цврстина на една карпа
затоа сум одлучил со тебе да немам никакви подли игри
се е спонтано се е искрено немам што да кријам
мирен ќе бидам кога твоите усни јас ќе ги пијам
Но не е се така розево
кога се работи во љубовта
тоа е само доминатна игра
во кој тој што најмалку се нервира
тој контролира
се ќе преминам и глупиве игри само тебе да те имам
Размисли малку додека перницата ја гушкаш
кој ти мисли лошо,а кого вистински треба да го слушаш
а да ми кажуваш глупости и да си играш со мене
самата си го повредуваш тоа срце што плаче за љубов
кој никој не го знае подобро освен човекот што го троши
тоа скапоцено време кон тебе
Зашто твојот глас моја мелодија
зашто твоите чекори мој пат на успех
зашто твојот став моето вистинско лице
зашто твоите прегратки моја вечна престилка
зашто твоите шеги моја вечна насмевка
зашто твоите раце врска која тешко да се раздели
зашто ова чувство дур трае тешко нешто да се смени
не ме интересира ништо се дур смртта не не раздели
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Понекогаш морам да се оддалечам од тебе, за да се потсетам зашто те сакам. А потоа, кога ќе ти се вратам, те сакам уште повеќе. И без оглед на тоа што ти го велам и на замерките кои ти ги наоѓам, те молам , никогаш не менувај се. Потребен си ми токму таков каков што си, и само таков ме правиш целосна. :love:
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
Ако сакаш да скршиш некого натерај го да се заљуби во тебе,ако сакаш да го повредиш,натерај го да се заљуби во тебе,ако сакаш да го понижиш натерај го да се заљуби во тебе.Ако сакаш да направиш да се крши од болка без да го допреш натерај го да се заљуби во тебе!! Welcome to Macedonia! :)
 
H

HITCH

Гостин
Нејзиното единствено љубовно писмо

Со овие очи и со сета старост во нив. Со сета болка. Со сета радост. Со сето она кое било пред нив и кое се скрило од нив. Со овие очи. Со тајните во нив. Со премолченостите и со бучноста. Со овие очи, знаеш. Со нив те плачев. Со нив те гледав. Со нив те љубев. Со нив ти верував. И во нив нема ништо сега. Всушност, има знаеш. Има време кое оставило лузни. Има други љубови кои никогаш не биле тоа. Спакувани куфери, отворени па затворени, некаде повторно отворени и повторно затворени, полни со ново големо ништо. Со ништо. Ти ми ја зеде радоста. Немам ни солзи веќе во нив. Немам што да кажам во некоја нова солза. Немам солзи. Немам нови моменти. Ги затворив своите очи во потполн мрак и не гледам ништо сега. Во мракот минуваат само оние работи кои се случиле. Нема нови настани, затоа што нема нови луѓе. Ти ми беше сите луѓе кои ми беа и сега нема што да ми биде. Знаеш, имаше толку многу. Толку проклето многу. Во овие очи кои те љубат и покрај сé имаше живот. Среќни мигови кои се случуваа. Среќни мигови кои требаше да се случат. Места, пријатели, изгрејсонца, денови, зајдисонца, ноќи. Некои нови утра некаде. Толку многу. И сега се празни. Нема ниедна поголема празнотија од празни очи во кои го имало сиот свет. И сега го нема. Толку многу го нема што дури и нема што да ме боли. Навикнав на сето болење. Толку многу навикнав што дури и ми беше чудно кога нешто не ме болеше. А душата? Тука умирав. И мислев дека нема што веќе да умре. Мислев дека сé во неа е мртво. Дека нема ниту еден грам светлина. Ми недостигаше секоја музика која некаде била. Ми недостигаше бидењето на сопственото срце. Не го слушав. Знаеш што се случува кога не можеш да си го чуеш срцето? Знаеш ли? Клекнуваш на колена, ја корнеш косата и вриштиш. Ги зариваш ноктите во сопственото месо и гледаш дека во крвта која тече нема ништо друго освен промашеност. Целосна промашеност. И ми се мешаат прамените коса со крвта. И во таа нијанса си го гледам срцето како ми чука. Не го слушам. Го гледам. Знаеш што е тоа? Тоа е ѕверка која паднала во најлошата стапица и која се бори да преживее. А животот заминал и нема кого да чека. Си го гледам чукањето на срцето и се молам да престане да чука. И не престанува. Се засилува. Мислам дека ќе експлодирам. Толку сум сама што нема кој да ме собере од ѕдиовите ако пукнам. Душата ќе ми се заплетка во малтерот и тоа ќе остане така. Душа на ѕид. Како да е некаква слика.
Нема. Знаеш, нема. Ќе си го соберам срцето од подот. Треба да ми чука во градите. Треба некој да спие на нив. А нема кој. Да се најде? Каде да најдам некој кога јас се немам ниту себе си денес? Кој ќе ме чека? Кој ќе ми ја сака несреќата во овие празни, толку многу празни очи?
Беа многу градови. Многу луѓе. Учев како се негува лицето. Знаеш, на крајот од денот човек секогаш легнува сам. Може да спие со некого, но легнува сам. И тогаш, во сонот излегува она лице кое треба да биде единствено цел живот. Јас го сакатев моето со сите работи кои ги имав и кои никогаш ги немав. Сега сфаќам дека секој има само една желба: лицето да му биде сакато од насмевки. А види. Погледни! По ѓаволите, погледни! Нема овде ниедна насмевка. Има старост која требаше да биде среќна младост. Имам премногу несреќи во овие бори. И знаеш што има друго? Знаеш? Има храброст. Има желба. Имам потреба да се смеам. Да бидам овде и да се смеам. Колку што ме држи гласот. Колку што ме држат нозете.
Да се смеам? Заради себе ги изгубив насмевките. Никој никаде не ми е виновен за тоа. Виновна сум што сум и што не станав нешто друго. Што го изгубив своето време. Не. Не го изгубив. Го потрошив погрешно. Имав други сонови, знаеш. Други желби. Имав. Сакав да бидам некаде, сакав да бидам со тебе и тоа да трае. Сакав да се будам наутро и да се насмевнувам за некои обични работи, за заспаноста на твоето лице, за грчевитото смеење во сонот. За некои работи кои ми се смешни само мене и тоа само затоа што се твои работи. Нема ништо од тоа сега. Нема. Покрај тебе јас учев како да бидам јас и како да се носам со сопствениот товар. И сега тој товар ми тежи. Кога заминав си го зедов сиот. Не ти оставив ништо. Товарот секаде тежи цел живот тежина ако немаш кој да ти помогне кога рамениците ќе ти станат преуморни, кога колената ти потклекнуваат. Ти беше тука. И сега сум само јас и она што остана од тебе на моето лице. Несреќата си ја носам само со себе. Исто и радоста. Исто и желбите. И верувам во нив. Верувам дека сето ова остарено, сето потрошено и сето сегашно на моето лице ќе се промени. Дека ќе засјае. Сјаев, знаеш. Толку многу сјаев. Сега е мрак. Лицето. Очите. Мрак.
Понекогаш сакам да го исечам своето лице од главата и да го погледнам. Да си го видам лицето. Да видам до каде стигнавме заедно, каде не отидовме. Кога моето лице би имало друга уста, кожата би раскажала своја приказна. Приказната од мојата кожа и онаа од душата не ги живее ист човек. Јас го чувам детето во мене кое лицето одамна го заборавило.
Минувам со раката по сопствените неправилности. Чувствувам вдлабнатини под очите, бразди околу усните, некакви ситни дамки по челото. Чувствувам време кое побрзало некаде од кај што нема враќање и издишувам во плач. Ми плаче времето, знаеш. Толку многу ми плаче што никој не го слуша мојот врисок. Клекнувам во еден агол и ја притискам кожата. Не ме боли стисокот. Можеби ме болат прстите. Можеби лицето ми заглавува полека под ноктите. Можеби сето време стои под моите нокти. Можеби треба да ги откорнам ноктите и времето ќе излезе како воздух од дупнат балон и ќе биде секаде наоколу. Сето време. Сето мое време, знаеш!
Не знаеш. Нема никогаш да знаеш. Ти нема никогаш да знаеш колку чини и колку не трае време кое се пропуштило. Си мина. Едноставно, си мина. Кога погледнувам на назад, гледам многу луѓе. Многу места. Многу. Многу нешта кои нешто значеле. И кои денес ги нема. Ова мое лице останува од нас. Толку. Само толку. И никогаш немав ништо друго.
Нема што да се каже сега. Можеби некогаш имаше, но сега е доцна за сето тоа. Доцна е за денот, знаеш. Да беше некој друг ден, ќе имаше толку многу. Денес зборовите се сосема непотребни. Сето она што го знам има еден збор во себе. Доста е. Тоа е тој збор. Доста. Доволно. Повеќе не можам. А сакав, знаеш. Сакав да можам колку што може да се може. А денес се може доволно за да не се може. Ниту збор, те молам, ниту збор. Биди човек ако не можеш да бидеш маж. Тука престанува. Во овој ден и тука. Не прашувај зошто. Не прашувај зошто, бидејќи секое прашање е бесмислено. Требаше да ме прашаш- како си? Да ме прашаш- како ти мина денот? Ништо не прашуваше. Седеше во таа фотелја и чекаше среќата да ти падне од небо. Се обвинуваше себе си за својата лоша состојба и не преземаше ништо во врска со тоа. Кога ќе се умореше од обвинувања спрема себе си, ме обвинуваше мене. А јас не можев ништо да сторам. Отидов со тебе на некој друг крај од светот за да спасувам љубов. А гледав како умираш. Знаев дека умираш. И твоето умирање ме умираше и мене. Сосема полека, како некаква болест која те јаде цел живот и која ти зема по грам среќа во секој ден кој трае. Бескрајно умирање.
Зошто го направив тоа? Како можеш да ме прашаш зошто човек заминува кога зад сето тоа немаше ништо друго освен љубов? Јас дојов со тебе за да нé спасам нас. Верував во нас. И денес ништо од тоа. Ниту, збор! Немој. Немој, доцна е. Дозволи ми барем да го спасам ова малку кое остана од мене. Малку е, знаеш. А знаеш колку можеше да биде? Знаеш ли? Можеше да биде сиот свет. Можеа да бидат деца. Деца. Знаеш колку сакав да бидат? Твои деца во овој дом? Твои – мои деца? Ништо од животот, мил мој. Сега е некој друг живот во настанување. А го сакав, знаеш. Толку многу го сакав што мислам дека затоа престана да биде. Го убив од сопственото сакање. А ти само допушти да биде убиено. Мора да се чува. Не знаевме како да го чуваме. Ниту јас, а ниту ти.
Не зборувај и толку кажи. Ништо друго не треба. Здивот ми е празен. Нема ништо друго освен умор. Како да минале векови. Така ми тежи сето ова. Понекогаш мислев дека треба да се престане и да се умре. Лесно е да се умре, знаеш. Најтешко е да се живее кога не знаеш како треба да живееш, кога сето кое се случува се чини како камен. Како карпа. Сакав да престане. Тогаш помислував: немам друг живот, само овој е. Еден. И ја подигав главата. Те гледав од високо. Ми се чинеше така мал. Толку многу ситен, како речиси и да те нема. Ќе те погалев по главата. Ќе ми заспиеше на градите. Ќе си ветевме некое среќно време кое ќе биде. Никогаш не се случи. Јас и ти се разминавме со среќата безброј пати. Доцна е, мил мој. Останува да боли. Да ме боли студениот здив во устата. Кој ќе ми го згрее? Не може здивот да ти биде топол ако срцето ти е ладно. А мислам дека веќе го немам. Тогаш ќе си речам: стави се во една крпа и пушти ја по водата, нека се најде на дното од реката. Така си ја пуштав среќата, можам да си ја пуштам и тагата.
Како одново? Не сум веќе млада, знаеш. Ја немам истата сила. Ги немам истите години. Ми останува да се надевам дека некој ќе ми ги разбуди ѕвездите во очите. Дека ќе ме спаси од сопствениот заборав. Има многу луѓе кои сакаат да бидат нечии ѕвезди. Јас те имав само тебе. Ништо добро од сето тоа. Никогаш ништо добро. Немаше. Сакав да има.
Во овој куфер го ставив она што ми треба. Многу е за да биде малку. Цел живот и цела јас. Ќе си никне на ново место. На животот не му треба ништо друго освен живеење, а ова овде одамна не е тоа.
Не зборувај. Кажувам и за двајцата.
Нема што друго да се каже. Со секој нареден збор ќе остане повеќе за кажување. Тука запирам. Не сакам повеќе.
Ми кажуваа за луѓето кои се сакаат цел живот. Мислев дека јас и ти сме од тие луѓе. Сега знам дека цел живот сакање значи цел живот откажувње. Оваа љубов не беше ништо друго освен откажување. А не можам да се откажам од себе си. Тоа не.
Ќе ги отворам. Ќе ги отворам сега. И очите, и лицето и здивот. Си го должам тоа. Покрај многуте долгови, си го должам себе си тоа. За сето ова овде. За сето кое може да се случи. За она кое го пропуштив. За она кое можеше да биде толку, толку многу мое. Денес за себе. Утре за некој нов ден. Верувам. Верувам како што верував дека едно друго небо можеше да ми донесе насмевка. Денес верувам во ова овде. Во моето. Во она кое никогаш не излезе од мене. Своја. Своја, знаеш. Морам да бидам. Не престанувам. Секаде може да се биде среќен. Секаде може да се љуби. Секоја љубов која може да биде. Во ова дрво. Во онаа жена. Во оној случаен минувач. Во тебе. Во себе. Во сето.
И ја подигам главата. Границата ми е во ѕвездите. Од таму паднав. Си стојат и ме гледаат. Ги слушам како ми шепотат: стани, исправи се. Душата чувај ја горе. Главата уште погоре. Шепотат: верувај и молчи. Смеј се тивко. Скриј ја насмевката. Потоа нека одекне насекаде. Смеј се и биди. Нема никој да ти замери.
Ги слушам ѕвездите. Сите ѕвезди.
Немам кому да се лутам.
Имам само време кое ме чека. Време без сето време кое поминало. Можев да пораснам многу. Да отидам некаде кај што се блиску ѕвездите. Ги имам, знаеш. Во очите. Во здивот. На лицето. Секој човек си има своја ѕвезда за да му свети. Понекогаш згаснува. Понекогаш ја покрива некој сосема црн облак. И тогаш доаѓа утро. Пред утрото мојата ѕвезда е најсјајна. Ми се смее од висината. Си се гледаме. Сами и двете. Нема друго.
Ти ми беше тишината на рамото која ме чуваше од зло кога не можев да се чувам од светот. И сега морам сама. Сосема сама. Јас и мојата ѕвезда. Да свети кога мракот е во мене и да згаснува кога светам јас.


Те љубам!

И покрај се`, засекогаш ќе останеш онаму каде што секогаш и беше - во моето срце.
 
Член од
16 јуни 2010
Мислења
108
Поени од реакции
21
Многу ми е тешко што сум во оваа ситуација. Сакам да можам да ти кажам што чувствувам како што би го направила тоа кај било кој друг што ќе ми го фати окото. Ама не, не можам. Се борат преголемата желба и преголемиот страв да не те изгубам. А знаеш толку безобразно да ме полудиш, да направиш се што не се очекува од тебе и да ме натераш да се смеам од 8ца до 8ца секој ден. Те мразам зашто ми го правиш ова.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
163
Поени од реакции
323
"Еден ден ќе сфатиме дека вистинската личност ја среќаваме само еднаш во животот и никогаш повторно... дека постојат само едни и единствени мили очи, само една прегратка во која сосема се совпаѓаш и смируваш...една насмевка на која бескрајно и се радуваш....и потоа сето тоа одеднаш исчезнува...целиот живот бараш токму таква личност...иста и вистинска, но нема да ја најдеш! Ќе најдеш слична личност која ќе те потсетува дека ти можеше да и возвратиш за секоја подарена убавина. Но ти никогаш не се потруди доволно. А можеше..."
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Седум саати мозгам што да пишам, а страшно иам потреба да кажам, некаде каде што нема да видиш. Не сум нормална. Ни ти. Уште сеа ме боли.А само што почна откачувањето. :notworthy:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Незнам како да ти го кажам ова... Многу пати сум го кажувал во животот, но никогаш не сум го мислел и не сум бил толку искрен...
ГЛУПА СИ !!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom