Не сакам ништо поврзано со тебе, ништо што ќе ме потсетува на тебе. Мојата ступидност кулминираше од ден на ден голтајќи ги твоите лаги, безобразност и дрскост да ме ставаш во иста клапа со оние кои наводно ти претставуваа синоним за површност, ароганција и безвредие. Двојни стандарди?
На најгнасен начин ме повреди после се' што вложив за тебе, за нашата иднина понатаму.
Ти благодарам што ми го погази достоинството, и онаа малку гордост која ја имав. Ти посакувам само личност еднакво одвратна како тебе, за барем еднаш да ја почувствуваш истата болка како и јас. Јазикот не ми е доволно поган за да те опишам со други зборови. Губи ми се, засекогаш.