L
Ligeia
Гостин
Ти си мојата идеална,мистично-љубовна големина.Без тебе небото врз моите плеќи е толку тешко,а кога сум со тебе дрвјата на земјата со леснотија се преоблекуваат во ѕвезди.Up-side down.Ја раскинуваме реалноста со нашите мисли при секоја средба,сами и сонливи во ноќта фантазираме за викторијанска утопија и смешно е што при секое твое заминување јас останувам со помислата на Париз виден низ твоите очи и кабарет музика во позадина.Секогаш кога те држам за рака и посакувам да ти кажам:''Ме правиш среќна'',зборовите ми се заглавуваат во грлото.Како да ти ја кажам таа реченица кога ти не ме правиш само среќна,ти ме создаваш како романтична поезија и правиш да постојам а за да го искажам тоа чувство зборовите се премалку иако сме деца на Меркур.Триаголник,петокрака,призма...тие фигури секогаш успевам да ги откинам од врвовите и да ги направам само чиста линија која ќе води до твоето срце.Кругот не ни е потребен,освен ако не е слика од јин и јанг.Никогаш не сум сакала некого безусловно.Но тебе те сакам...со слобода и фасцинација...во мисли,во говор,во тело.Рамнотежа од карнеол и тигрово око.Кога сите би се чувствувале како мене на овој свет.Спиритуална пеперутка.