Можеш, ама не сакаш! Не се бориш за нас, за мене! Не ме сакаш повеќе во својот живот, покрај тебе! Не ме сакаш повеќе! Знаеш ли како боли, м? Знаеш ли како боли личноста која ти е се, оној за кој се даваш, безусловно и неуморно се бориш, да не те сака повеќе? М?
Посакувам да можев да те сретнам некаде, као сосем случајно и да го забележам твојот израз на лицето. Твојата реакција кога ќе ме здогледаш, да видам дали има барем уште малце нешто останато во тебе за мене. Тонам! Пропаѓам секој ден се повеќе и повеќе. Не знам како ќе го издржам ова.
Проклет да е денот кога се тргна наопаку, проклет да е мигот кога твоите чувства спрема мене почнаа да се губат, проклет да е периодов, месециве полни кавги! Те изгубив, што сега? Како понатака? Што е со нашите планови, сонови? Што е со сето тоа што го вложивме?
Се борев до самиот крај, се борев со сета сила да не те изгубам, ама само кога еден се бори, само кога еден сака малку е. Тоа го научив на потешкиот начин.
Те сакав, те сакам и ќе те сакам.. Збогум најмало мое!