Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

Статус
Затворена за нови мислења.

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Ах бе хани... не знаеш колку сакам да си сеа у моментов до мене... Да те гушнам толку силно, што ќе посакаме да трае вечно... Незнаеш колку сакам да го мириснам тој парфем од тоа твое вратченце, колку сакам во моментов да ме помилуваш по косава која знам дека ја обожаваш.. Ааах мило, сакам да те гледам сеа во моментов додека спиеш и ме сонуваш мене, да те галам по косичето...

When I'm with you, I am taken,
With the feeling that you've been chosen,
What I'm longing is the best thing,
In a long time that I'm not broken

And I cant be without you
So dont go anywhere,
You show me love like no one else has done yet,
And with the road ahead,
This is the begining of this love story,
Of this love story.


Te сакам, највеќе! :back:
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Епа сонце помина и првата караница... Терсене си малку, ама ќе свикнам, како и секогаш... Се надевам дека е така како што викаш... Почнуваш да ми значиш и не сакам сега да те изгубам... И треба да се навикнеш повеќе да ги кажуваш тие зборови... Особено во некои посебни моменти... Многу значат, бар мене ми значат... И луѓето многу често го забораваат тоа и убаво е кога ќе ги потсети некој :) Ќе те научам ај...
Убаво да спиеш!
Те сакам :wub:
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Ете сонце, помина и година. Морам да признаам дека помина многу брзо, за миг, но не и неприметно. Имавме и добри и лоши периоди, но добрите се оние кои ми се позначајни и секогаш кога ќе помислам за некој волшебен момент топлина и среќа ме облева, буквално:wub:

Вечер ќе ти кажам се што имам да ти кажам:pipi:

те обожавам:back:
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
Кога завршив со едно поглавије од животот, кога ги разбистрив мислите една работа сватив и по 5 години ти си тука ....во моите очи, во мојата душа.Се прашувам зошто по толку време сеуште ми се допагаш.Дали е тоа можни??После се, после некоји врски после времето во кое бев заљубена многу во некои личности ти си сеуште присутен...Ниту времето не успеало да те избрише...Сега само повторно избиваш на површина...Иако во едно сум сигурна не сум сеуште заљубена во тебе, ама страшно многу ми се допагаш.И во нешто друго сум сигурна никогаш нема да дознаеш дури и да се заљубав во тебе...Едноставно немам храброст ниту да ти пријдам на било каков начин а камоли да ти кажам ми се допагаш :tapp:.Се надевам дека е само некоја луда опсесија и ке замине...иако ни јас самата не сум убедена во тоа.Кога бевме во клубот заедно сватив колку сме слични во карактер...И таму изгледа идев затоа што знаев дека ти ке бидеш таму некако нешто ме влечеше..Знам дека не си член на форумот, но можеби случајно ке отвориш и ке прочиташ..Но нема никогаш да знаеш дека е за тебе и во случај да го чуташ бидејки со ниту еден знак не ти кажав дека ми се допагаш.Дури и од љубопитство го посетиш мојот profil пак нема да дознаеш која сум....Само знам уште еден месец ке те гледам низ ходниците, уште малку ке ти го слушам гласот кога ке кажеш ЗДРАВо на другарките со кои идеш заедно на курс.Но во Октомври заминуваш далеку,почнуваш нов живот..Можеби некогаш ке се кајам за сето ова што го правам, можеби дури тогаш ке сватам каква идиотка сум всушност.Но несакам да влезам пак во некоја игра во која јас ке загубам и повторно ке почнам да патам.
''Gori mojto srce vo nokva studena"
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
...има многу работи што сакам да ти ги кажам, само не знам од каде да почнам. Тоа е тешкиот дел. Но уште потешко е да те пуштам да заминеш без да ти кажам ниту збор.
На почетокот, пред 2ипол години отприлика, те гледав само како уште една пролазна личност. Како и сите до тогаш, мислев дека ќе поминеш низ мојот живот како крава низ пченка. Но ете, после толку време сеуште си присутен ( изгледа кравата стварно ја засакала пченката :) ) и нема личност која ќе може да те замени или да биде барем 10ти дел од тебе.
Изгледа стравот кој се разгори во мене придонесе малце да се изгубам и да скршнам по споредни и безначајни патчиња, барајќи го вистинскиот пат. Не ги следев патоказите кои цело време ми беа пред очи, а сега е можеби и прекасно да се вратам и одново да го започнам патувањето.

Ooh, baby I know I hurt you,
but you can still believe in me...


Те сакам и таа љубов никогаш нема да се претвори и во прашина која ќе ја одвее ветрот во неповрат.
Остани во мојот живот, сакам да си присутен... во било кој облик. Само остани.
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Знајш шо?Ми рекоја дек не си бил убав:(Чек бе....Не ми беше прв пат така да ми викет...Хмм ко ќе се подзамислам не е ни втор.Сто пати ме имет прашано шо гледам во тебе?Сите ми викет дека можам да најдам многу подобар...Е ајде де што е то што го гледам во тебе?

Некој ќе речит карактерот.Хмм...Колку само не!Го имаш најлошиот карактер на човек што некогаш го имам запознаено.Е шо е де то шо го гледам во тебе?
Јас ги гледам работите кои другите не можат да ги видат или пак воопшто не ги забележуваат...За нив тие се мали и безначајни.

Еве на пример ко ќе се насмејш...Премногу ми значи та насмевка бе!
На другите им значи кога 'случајно' ќе ги доприш по раката?Им значи кога ќе те видат кај шо се шлајш по чаршијана?
Не вервам...Ама мене тогаш срцево ми чукат ненормално брзо и ми се тресет нозеве!То значит дек сум заљубена?
Заљубена сум или само ми требаш?На моменти сакам да сум со тебе само зш ми требаш ненормално многу!
Ми фалат и оние утра ко се шетавме покрај езеро ко немаше жив чоек.
Ми фалат оние денови кога бевме сами..И двајцата ништо не зборувавме...Само една мртва тишина која ја разбиваше чукањето на твоето срце.Другите ги имале тие момети со тебе?
Другите биле со тебе по цели деној?
Те посетвеле ко ти беше најтешко?
Спиеле во твоијте прегратки?
НЕ!И зато не может да ме прашет шо гледам во тебе!Овие мали ситници те прават совршен за мене иако длабоко во себе сум свесна дека не си ни блиску до тоа.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
...Ти си првата што ме натера да напишам нешто на оваа тема...
Те сакам, ама она вистинското „те сакам“. :wub: Одамна не сум се чувствувал вака. Фала.
 

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Имај убав живот...ќе те сакам засекогаш - и еден ден ќе ја дознаеш вистината..:nesum:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.659
Поени од реакции
34.094
6 месеци. Уа. Те мразам.
Знам, ти повеќе.

:back:

Бацкам стомачето.

Love.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
За тебе најпрво..
Мило ми е на некој начин што знам работи кои никој друг(или ретко кој ги знае).Тоа ми значи многу и мислам дека јасно ти потенцирав.Се надевам дека нема да биде залудно поминатото време заедно, затоа што осеќам дека ако продолжиме вака, ќе биде уште поубаво, ќе се осеќаш и ти среќен, не само јас.

А ти..
Не ми се верува, па и морав од друго место да дознаам.Барем да искочеше фер на крај кога веќе си се одлучил за такво нешто и да ми кажеше.Знаеш имавме нешто порано, некоја поврзаност, али испадна дека се било илузија на крај, дека само сум се лажела, барем јас.Ама барем мислев дека сме до толку блиски за да ми кажеш како стојат работите а не да ме моткаш како мало девојче.За тебе, верувам дека немаше чуства воопшто, но тоа си е твое, јас го преболев затоа што веќе несакам да се замарам.Со среќа нека ти е, и честито:smir:.
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Првиот пат кога заминав, беше сабота. Зошто заминав знам премногу добро. Тоа беше пресилна љубов која не можеше да биде игнорирана. Седејќи во автобус си пеев:
[Chorus: Stephen Marley]
Hey baby don't you worry, even though the road is rocky
I'll be coming home to you again
And if you thought that I was lost, I have to bury my cross
Now I'm free from all these chains
Утрово вторнично ми е нервозно и празно. Пак ќе заминам. Овој пат прашувајќи се што сонуваш и дали си го пееше ова горе. Или пак:
It's been about a year now
Ain't seen or heard from you
I been missin' you crazy
How do you how do you sleep
I found the letter you wrote me
It still smells just like you
Damn those sweet memories
How do you, how do you sleep
How do you sleep?
Како спиеш сега м? Ме остави да те чекам утрово. :( Како да не е доволна уште едната година додадена на погорните стихови. Плус далечината која убива. Но, крајот и се ближи. И:
You know you rock my world and Love of my life You be boyin and Ill be girlin and Love of my life We dont stop until the break of dawn, ooh...
Уживај во твојот сон. Ќе ти се придружам за неколку саати.
Твоето Анонимче, Еланес.
:back:
 

Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
И повторно дојде крајот но овој пат нема враќање назад.
Помина година и два месеца од нас заедно. Прекрасно беше и фала за тоа што секогаш беше покрај мене. Знам дека никогаш нема да те заборавам и засекогаш ќе те сакам дали помалку или повеќе.
Прости ми за се што сум ти згрешила и што сум ти направила лошо. Прости ми ако сум те повредила на било кој начин.
Те молам не ме оставај никогаш сама...страв ми е...
Засекогаш твоја,
Теди.
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Знаеш, поезијата што ја пишав денеска, ме доведе да сфатам дека едноставно не можам без тебе. Секој ден се повеќе и повеќе те сакам... :back:

Бај д веј, 29ти Декември, 2008... 29ти Март, 2009... Soon, 29ти Април, 2009. :wub: Funny, how the number fits. :pipi:
 

Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Не можам некогаш да ти го сфатам целото однесување спрема мене и спрема околината. Па човече не држи се во тебе, на крајот на мене се истури, полека.
Прв пат попуштив, знам, знам, знам ја претерав.
И знајш шо?? Тие работи шо си одбрал да ги прајш за мене, сам си ги одбрал, јас не те натерав, и зато не ги пререквај.
А то јас шо го напрајв за тебе и шо пререков после, бев приморана. Да. Не се чуди. Знајш дека одредена личност трпам ради тебе, ама кажи ми тебе ради кој да те трпам, при такви несоодветни испади???
Ме носиш во крајности и сериозна бев. Знајш дека бев.
И те сакам, ненорамално многу, ненормално премногу. Ама бе сонце има граница на толеранција некогаш. Да рсчистиме, друг пат не ме носи до такви ситуации и нема да мораш да ми ги трпиш „испадите“
И на крај, оти бе јас да ја трпам та личност, а ти да не ми ги трпиш испадите??
Се нервирам. И кој не би се нервирал.
Премногу е ова за мене, не знам дали ќе издржам следен пат, не знам ни дали ќе има следен пат...
 
M

marsovka

Гостин
проклетство мораше ли толку малку да останеш знам дека имаш обврски ама толку нешта сакам да ти кажам ,толку работи а секогаш кога ќе те видам останувам без зборови ,цела вечер око не склопив размислувајќи што ќе ти кажам ....и само еден поглед на тебе пак јазикот ми се вплетка ,се ми сипари од мозокот ,сите фрази сите шеги сите заебанции сета мудрост и знаење,почнав да се однесувам како идиот глупа шмизла

иако знам дека ти е сеедно дали ќе ем видиш или не ама мене не ми е
сакав да ти кажам се,можда кога пак ќе бидеш пијан ќе ти кажам па после нема да се сеќаваш ...ќе се правиме и двајцата наудрени
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom