Зарем е толку тешко да разбереш дека повеќе не постои тоа НАС?
Умре......пред точно три месеци.
НАС е минато,а јас не сакам да живеам во минато.
И?Боли?Знам!Не ми беше и на мене сеедно кога јас си зборев,а и јас си се слушав.
Тогаш беше глув......Зошто сега јас да слушам?
Мислеше само за себе,а јас за двајцата.Сите шанси за да се поправиш ги прокоцка многу лесно.А не барав многу....само да размислуваш за двајцата.
До пред три месеци не знаев зошто.Ама сега веќе знам......сурова себичност и лаги.
Се она што го градевме во периодот "Нас",успеа да го срушиш многу брзо.
Дозволи да ме изгубиш,за да сфатиш дека премногу ти значам.......ама многу КАСНО го разбра тоа.Сега е премногу касно за СЕ...а најмногу за "Нас".
Последниве три месеци константно се разочарувам од тебе и твоето однесување.
Знај дека никој,освен ТИ,не е крив за "совршениот крај".Ама како и по обичај,тешко е да ја признаеш грешката,па подобро ќе набедиш некој друг.
Знаеше дека мразам лаги,а ги употребуваше,без да размислиш дека вистината секогаш излегува на виделина.
Се надевам свесен си што изгуби........знаејќи дека НИКОГАШ нема да ти се вратам.
Најискрено ќе ти препорачам да ме ЗАБОРАВИШ и да не се понижуваш веќе.
Јас мојот лист го свртев оддамна,време е и ти да продолжиш да живееш во сегашноста,а доколку во иднина ја пронајдеш вистинската за тебе,немој да се бориш за нејзината љубов,како што се "бореше за мојата",затоа што МЕНЕ МЕ ИЗГУБИ ЗАСЕКОГАШ.