Не знам како да почнам...
Емоциите ми се секој ден се посилни и посилни. Не знам, како да имаш некој магнет во себе. Секогаш кога ќе те погледнам срцево ми подрипнува побрзо, а кога ќе ги насочиш твоите слатки очички и твојот мил поглед накај мене, целата се хипнотизирам. Едноставно не можам да се концентрирам на ништо, само мисливе накај тебе ми лебдат, а јас сум постојано насмеана без причина, а најсмешно ми е кога ќе ме прашаш зашто се смеам или што е толку смешно.
Сите ми викаат да те викнам на кафе, па дури и во хороскоп ми пишува - слободните бикови треба да преземат ризик и да ја поканат личноста што им е во центарот на вниманието на пијалак... Уште да беше толку лесно. Додуша на некои луѓе им е лесно, тоа не им е проблем, ама јас не сум таква!
Мене ми е претешко, солзи ми се насобираат и при самата помисла дека се стегам, меѓутоа ако ме одбие знам дека нема да можам во очи да го погледнам. Зoшто никој не ме разбира? Знам дека сите се во право и без разлика што мозокот ми вика ајде викни го на кафе, ми се прави грутка и во срцево и во грлото и едноставно не можам да ги изговорам тие зборови.