Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.827
Поени од реакции
4.532
еве јас се нафаќам да работам. 4 месеци ќе волонтирам а после за плата, само некоја гаранција да дај не на клоци да ме крени по 4 месеци. Договорено? Да имаше работа немаше 300 000 луѓе тутун да садат. Ама сигурно и ние тутунопроизводителите сме мрзи па си подработуваме малку преку лето, ништо колку за релаксација, утринска гимнастика, па после нон стоп пичиме wow
местото е веќе одамна зафатено а ако има ново ќе те информирам (ова озбилно)

јас не реков дека денес е розово, јас не реков ни дека е подобро денес, ама е пореално и тврдо, кој сака и има воља ќе успее,
нејќам да испадне да се фалам и да се прскам колку сум успеал само ќе споредам, јас работев во 4 сендвичари (вкупно 3 години, додека бев средно) едно фотостудио (4 месеци), сега веќе година и 4 месеци работам во фирма како информатичар за мизерна (информатичарска) плата, служев воен рок од 3 месеци, изучив факултет, а имам 22 години
а мојов пријател има 23, едвај го заврши факултетот (јас му спремав дипломска), пропуштил повеќе понуди за работа зошто му биле робски и сега се кара секој ден со мајка му за 50 денари за цигари
редно време е сами да си се погрижиме за смрдеата во нашиот двор, не за друго оти е наш, редно време е да престанеме друг да кривиме за нашите неуспеси, редно време е некој да си ја признае грешката и да работи напорно да ја поправи, оти никој друг нема да му ја поправи, оти никој друг немада му помогне, оти нема да дојде назад маршалот да ни ги плати долговите
премногу сме зафатени со наоѓање изговори и криви дрини па ја пропуштаме големата слика што е пред нас, а страшна слика имаме
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Бре ама се напумпала темата.

Here are my two cents...


Знаете зошто сите беа задоволни во СФРЈ? Не беше тоа дека се имаше многу пари, не дека луѓето живееја полуксузно, туку дека сите живееа ИСТО! Значи секоја домаќинска фамилија можеше да си обезбеди Zastava 101, па ТВ, телефонски приклучок, бесплатно образование и да прошета по тогаш големата Југославија, а тие по на југ во Македонија, еден одмор до Грција (која во тоа време беше ѓупска држава).

Не одеа луѓето по улици и на секој чекор да гледаат некој/а 10 пати подобро ситуирана од нив. Не фрчеа луксузни џипови, скапи шопинзи на екзулизивни места итн. Ретки беа такви случаи, речиси и да ги немаше. Некое заскитано старо богатство + парајлија и ќе добиеше таква комбинација.

Цените се држеа на вештачко ниво, да речеме земаш 200 марки плата, ама и станот е 4000 марки (општествен). Па со 20 плати ќе купиш стан. Исто како сега да земаш 3000 евра плата а станот 60 000 евра.


Знаете што е проблем во Македонија? Сите вие што се препуцавате вечно за социјализмот/капитализмот и од секогаш ви било чудно зошто толку луѓе сакаат да се врати социјализмот назад?

Македонија е единствената земја на Балканот што не сакаше да се откаже од социјализмот! Тоа беше еуфорија во која сите влегоа (гледаме сите тоа го сакаат). Да можевте да им објаснете на тие луѓе во 1991 година што е уствари капитализмот и какво општество ќе ги чека, гарантирам дека 95% од нив ќе го избереа социјализмот како државно уредување. 5% се оние хард кор ВМРО-вци и интелектуалци кои знаеја како да ја злоупотребат приватизацијата (читај директори).

Мојот личен став и поддршката на СФРЈ е во поинаква смисла. Социјализмот како таков на крајот беше застарен модел и реално нефункционален. Шведскиот и канадскиот модел беа совршени за нашето општество. Но, кој ме прашува мене?! Сите се паметни и ги гледате како се фураат по форумите и политичките митинзи од типот на „уа комуњари“.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Еве и јас да се надоврзам на оваа тема:

Кога веќе се прави споредба треба да се земат во обзир следниве работи,

-Прво сме биле сојуз на држави,каде сите се грижат едни со други,
-Второ имало субвенции и кредити за сите,
-Правото на вработување и солидарност било гарантирано,
-Имало државни факултети со мала партиципација,
-Југославија имала производство како една Германија (автомобили.метали,дрвена индустрија,земјоделство,сточарство,храна итн..)
-бесплатно здравство

Најголемиот кикс е во тоа што се појавил и вратил на сцена национализмот и капиталзмот во најсурова форма и народот трошел повеќе отколку заработувал а тоа луѓе го нема ни во Шведска ,

Наеднаш се менува критериумот на животот :

-од право на работа и социјална помош до немање работа или несигурна работа,
-од право на трошење по потреба до минимално трошење,
-од право на синдикат до немање синдикат,
-појава на мито и корупција ,
-преголем увоз отколку извоз

и еден куп на проблеми значи во тогашна југославија имало помалку проблеми или биле ставени под тепих а потоа се вратиле во уште поагресивна форма.
 
Член од
7 јануари 2011
Мислења
57
Поени од реакции
10
Е добро сега за критика на СФРЈ некои од вас велат дека тогаш никој ни што не работел, сите краделе, живееле на кредит, а други велат дека се отепувале од работа, сите биле работничка класа, ќутеле и трпеле. Тие што одеа тогаш на печалба ги донесоа овде парите, и овде земаат пензија-се вратија. Тие сега што заминуваат, не им паѓа ни на крај памет да се вратат. И јас напоменав во претходните постови дека системот бил недемократски, идеолошки, имал мноу недостатоци. Да немало демократија. Но која корист ја имаме денес од квазидемократијава? Денес имаме 30 % невработени. Светски рекорд! Ама јееееее среќни сме оти можиме слободно да кукаме за тоа. Темава е во економија и бизнис и ја разгледувам СФРЈ , пред се од тие аспекти. Но немајќи за што друго, вие критичарите се фаќате ко слеп за стап за голи оток, затвори, недемократичност... Тогаш младите имале амбиции. Какви амбиции имаат сега? Да заминат во странство!
http://mof.org.mk/index.php?id=164&sodr=vest оваа вест ја заборавивте или не сакате да ја видите
Знаеш во што е апсурдот на ваквата споредба, што во секое време има недостатоци и предности. Песните „возот браќа тргнува право за Германија“, „Проклета да е Австралија“ и уште колку сигурно не се појавија случајно. Во нив е опеана болка но, тогашната демагогија дека заминуваат за да се вратат им ја одржуваше визијата за татковина.
Сегашните истражувања и медиумските објави прво се дискутабилни. Второ апетитот на македонскиот младинец пораснал за знаење и напредок, а фактот за висок степен на невработеност зборува дека постои проблем. Нискиот стандард исто така зборува дека економскиот проблем е присутен, Владата постојано го признава тој факт и бара решенија. Нови вработувања не очекуваат на аеродромите до крајот на годината, веројатно во јавната администрација, во градежништвото, бидејќи се одобри заем за Македонија за капитални инфраструктурни вложувања. Претприемништвото и земјоделието ни се сеуште зона на сумракот од лична неподготвеност на поединци. Ние немаме семејни традиции за претприемништво, а физичката работа баш од тоа СФРЈ време остана како канцерогена метастаза да се провлекува.

Она што ми е целта и став е дека СФРЈ не беше модел на уживање, СФРЈ беше модел на хипноза за среќа, заедништво и напредок, зад чиј параван се криеја политички апетити и манипулации.
Во комунистичките системи од тоа време не само во СФРЈ туку и во СССР, како и најзаприметливо во Албанија во времето на Енвер Хоџа таа ПОЛИТИЧКА ХИПНОЗА создаваше верба во една затворена идеалистичка матрица, базирана на стравопочит кон системот.
Тоа беше време на заблуда и заведување на перцепцијата на широките маси во наметната идеологија. Ниската класа се ослободи од робство, и воедно и од капиталистичкиот систем. Тоа значеше еквилибриум на широките народни маси, но ги поклопи нов угнетувач- технократијата и бирократијата на комунистичкиот систем.
Можеби се прашувате како стигнале овие информации до мене?
Во моја близина имав луѓе на кои убаво им наплати комунистичкиот систем за нешто што не се ни случило.

Се случија превирања, лажен стандард, девалвации, сите имаа и сите немаа, образовниот систем доживеа ренесанса, секој можеше да студира, да биде стипендиран, паднаа табуата , се случи и сексуалната револуција во Америка, па се рефлектираше на партизански начин и кај нас. И почна безредието.
Токму тоа безредие е вистинскиот македонски проблем.
Генерациите од повоениот период масовно го прифатија ослободувачкиот систем- социјаизмот и станаа атеисти, таквите ги воспитуваа и подигаа семејствата. Семејствата станаа моментлна институција за мажите, но и за жените- се беше забрането и дозволено- нема Господ. Разводите секојдневие, неколку распарчени семејства од еден маж, од една жена, и се така како циклон до денес. Испарија визиите за вредностите и базата на едно општество.
По таа генерација стигна генерацијата на нашите родители. Семејните врски без некој национален модел. Матријархатот се наметнува како модел за подигање на деца. Овој начин на размислување не е категорично апсолутен. Се провлекуваа низа други рефлексии врз чија база имаме можност да градиме поцврсти општествени релации влечејќи ги последиците од повоениот период и од периодот на перестројката.

Знам дека она „подобро се живееше “ се мисли на парите и можноста да се заштеди- но, самите потреби и животот тогаш беа многу помали. А се живееше на кредит. И сега да земате кредити и да ви го дадат станот од комшијата бидејќи тој има два- три ќе биде исто, но, ќе има и режим, кој тешко дека на овој наш лежерен начин на живот би имао кој да го поднесе.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.827
Поени од реакции
4.532
значи занемарете ја политиката (зошто е забранета) и прескокнете на делот 1:17 типот многу убаво кажува што направи (комунизмот на) СФРЈ
ако се оцени постов како политички, бришете не се мислете
 
Член од
7 јануари 2011
Мислења
57
Поени од реакции
10
Се е кажано, темата е исцрпена солидно со видео клипот.
Времето на транзиција на Македонија тече, на нас е како ќе ги спроведеме прво сопствените реформи, а потоа како ќе се имплементираат реформите во македонскиот општествен, политички и образовен систем.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
:cuc: После оваа реченица све е кажано.. клуч за темава..готово,гаси светло спуштај ролени :cuc:
јас стварно многу добро разбирам зашто вие “напалените“ вмроовци почитувате вакви изјави... ве свакам стварно и јасно ми е како ден... ама не сте вие криви, крив е некој друг... за жал вие сте тие што го јадете...
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.827
Поени од реакции
4.532
јас стварно многу добро разбирам зашто вие “напалените“ вмроовци почитувате вакви изјави... ве свакам стварно и јасно ми е како ден... ама не сте вие криви, крив е некој друг... за жал вие сте тие што го јадете...
разбирливо е да се дели на комунисти и вмровци со оглед дека се споредуваат два различни системи, ама незнам зошто толку се величи сдс заедно со комунизмот кога сите знаеме колку беше мизерно 90-98 и 2002-2006, да не бидам погрешно сватен, не ги бранам ВМРО само ги изоставувам во коментаров за да прашам каде е смислата на сето ова што го спомнав погоре
и ќе ве молам вас пристрасните форумџии да ми објасните, ама по пп, зш се надевам дека модераторот ќе ги избрише и моето и твоето мислење, ако не, тогаш не се држи до правилата и обврските
 
S

Shellshock nam67

Гостин
разбирливо е да се дели на комунисти и вмровци со оглед дека се споредуваат два различни системи, ама незнам зошто толку се величи сдс заедно со комунизмот кога сите знаеме колку беше мизерно 90-98 и 2002-2006, да не бидам погрешно сватен, не ги бранам ВМРО само ги изоставувам во коментаров за да прашам каде е смислата на сето ова што го спомнав погоре
и ќе ве молам вас пристрасните форумџии да ми објасните, ама по пп, зш се надевам дека модераторот ќе ги избрише и моето и твоето мислење, ако не, тогаш не се држи до правилата и обврските
Сега пак најидеално време е на секој чекор се правата споменици преодбата роди ренесанса народот е задоволен тутунари земјоделци лекари сите групи се опфатени во општествотот абе друже реално гледај ги фактите на терен а не со наочари на Пастирот
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.827
Поени од реакции
4.532
како што и помислив, секогаш ќе има пациенти
Сега пак најидеално време е на секој чекор се правата споменици преодбата роди ренесанса народот е задоволен тутунари земјоделци лекари сите групи се опфатени во општествотот абе друже реално гледај ги фактите на терен а не со наочари на Пастирот
пријателе јас не отворив политичка дискусија јас едноставно прашав
... незнам зошто толку се величи сдс заедно со комунизмот кога сите знаеме колку беше мизерно 90-98 и 2002-2006, да не бидам погрешно сватен, не ги бранам ВМРО само ги изоставувам во коментаров за да прашам каде е смислата на сето ова што го спомнав погоре...
јас не спомнав дека сега е сјајно, не кажав дека имам пастир, ако ти имаш тоа си е твој волнен проблем
ќе ги молам членовите кои не се способни да ми дадат одговор надвор од дневнополитички препирања да не даваат одговор воопшто зошто ојдовме офтопик
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Жално кога има се уште ограничени лугје да не речам идиоти во медицинска практика кои се уште живеат според уверувањата кои им ги наметнуваат другите за идеалната состоја и утопијата на некои кои себе си си се нарекува Пастир ако нека ве собира во стадо да ви го пери мозокот , твојата дискусија се сведува на само едно нешто критика на еден систем кој за разлика од сегашниот ни од далеку не можеш да го споредуваш а ниту си компетентен да зборуваш на таа тема.
самиот народ vox populi праша го ќе ти каже во кое време подобро се живеело,
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.827
Поени од реакции
4.532
ти не си добар, тебе ти фали нешто, ти или не ме читаш воопшто или прескокнуваш редови, не мислам јас да се препирам со тебе дали е бц или нг поарен, преку таквото од нив и од фанатици ко тебе
јас го критикувам системот кој беше распространет на повеќе од две третини во светот и во рок од 60 години се сведе на Кина, С.Кореа и нешто ситно, а рачунај Кина во тој поглед бааги се смени, пазарот во Кина е многу полиберален, значи целиот тој систем смрди, без разлика кој во каков филм бил во него, ако таквиот систем беше добар - ќе опстанеше
 
S

Shellshock nam67

Гостин
ти не си добар, тебе ти фали нешто, ти или не ме читаш воопшто или прескокнуваш редови, не мислам јас да се препирам со тебе дали е бц или нг поарен, преку таквото од нив и од фанатици ко тебе
јас го критикувам системот кој беше распространет на повеќе од две третини во светот и во рок од 60 години се сведе на Кина, С.Кореа и нешто ситно, а рачунај Кина во тој поглед бааги се смени, пазарот во Кина е многу полиберален, значи целиот тој систем смрди, без разлика кој во каков филм бил во него, ако таквиот систем беше добар - ќе опстанеше
Токму затоа што беше лош Кина ти е едина земја од бившите коминистички земји која не ја фати рецесијата идеален систем не постоел и нема да постои ама барем колку толку народот беше еднаков настрана од политичариве од двете опции денес како систем не беше лош и не е лош единствено бидејќи беше закана Америка го уништи еве пример нека ти биде Куба се уште има бесплатно здраство за домашните и за странци па дури и американци одат на лекување таму обично мана на овој систем е што целокупната власт се концентрира околу еден лидер што се покажа како фатално умира човекот умира системот
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
јас стварно многу добро разбирам зашто вие “напалените“ вмроовци почитувате вакви изјави... ве свакам стварно и јасно ми е како ден... ама не сте вие криви, крив е некој друг... за жал вие сте тие што го јадете...
Што ти е јасно..ништо не ти е јасно.. и не ме квалифицирај више вмровец, не ти личи постар човек си , за да играш детски игри
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Убаво им ја спомна Клинтон легендарната југословенска изрека Учи синко за да не работиш... :tapp:

Богатите земји (како Јапонија на пример) го учеа својот народ, работете ние сме сиромашна земја и треба многу да работиме за да имаме, додека Југословените беа учени како Југославија е богата земја и се си има и нема потреба од многу работење.
Сега и јас ова од кажување на постари, дека не сум фатил многу години од таа држава но од денешна гледна точка е јасно дека нешто не штимало или не се живеело баш толку добро за да се распадне толку крваво.

Така, така, во моментот е добро познатата македонска изрека: Џабе работи, џабе не седи... Просечна плата 9000, скоро и да стига за да се платат сметките или тоа се некаде околу 6-7 пати влегување во колонијална продавница и излегување со една кеса во којашто кога ќе си одиш дома гледаш дека всушност не си купил ништо.
Точно, во СФРЈ не чинеше, ама сега е многу полошо...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom