Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Бев дете во СФРЈ,последна генерација од титови пионери,го паметам времето како бледи слики........................................
Се чудам како имаш трпение да објаснуваш нешто за кое помладите немаат ни најмала претстава....

.... нивната претстава се состои од три збора.... сталин, сибир и голи оток....:toe:

.... тоа за овците во Австралија.... и за тоа во рок од три дена ќе добијат отказ... јбг... :toe::pos:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Нивната претстава не е нивна тоа е многу лошо.10 години слушаме само уаа комуњари,они мислат дека бц наркоманот бил тито :)
 
.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Не сум живеел ниту пак сум роден во време на СФРЈ тоа што го знам како било е од дедо ми премногу ми има раскажувано за неговата Југославија што неможе да ја преболи :).
Ова се разумни факти зошто било подобро...Државата се грижела за обичниот работник, за пензионерите, за тогашните социјални случаи... тогаш можело и стан да добиеш од станбен фонд сега тоа е научна фантастика :):). Здравството било подобро, имало бесплатни лекови сеа и тоа се плаќа, се чека со месеци за лекови, индустријата можеби била не модерна ама барем ПОСТОЕЛА, сега тоа е само фантазија и тоа што го имаше останато го уништија. Сега е време на профит по секоја цена ете тоа донесе капитализмот. Можда и тоа што го зборат комунистите за комунизмот и не е права вистина дека било рај и бла бла , ама она што го збореа комунистите за капитализмот е сурова вистина. Надвладуваат парите и моќта, корупцијата и криминалот. Ко што кажа Леандра имало социјална сигурност, ама немало слобода на говорот немало демократија, сега има демократија ама нема ништо друго.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
^ Нема ни демократија,влегуваме во диктатура.Секој што е против мора да е комуњар!
Значи пласираат идила,без позадина,а од друга страна воведуваат диктатура.Пластично:Тито--среќно и имотно население-немање право на глас.Гвујо---несреќно население--реклами и знамевејци(ружи,брда и долини)---кој писне марихуана во двор и јавно жигосување.
Значи се обидуваат да направат имитација од еден систем,само без пари,со сиромаштија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.329
Бев дете во СФРЈ,последна генерација од титови пионери,го паметам времето како бледи слики.
Ти недостасува делот за после смртта на Тито. лесна му земја, тој ги зае. сите -и диктатори и кралеви, но после неговата смрт се изнесоа големи пари надвор, се испечатија уште поголеми па затоа и често се споредувавме со аргентинската инфлација (нашата беше колку се сеќавам неколкуилјадна). Дневно на секој час ги менуваа цените во Славија, Центро и Земпромет, па за да заштедиш ќе чекаш од рано наутро, од 5 сабајле...а пошто си била тоа време дете ќе ти текне дека млеко немаше, дека чоколадо и еурокрем не беа секојдневна глетка, а ако имаше човек среќа, ќе џвакаше мастика како кусур од пазарењето (тврда како охридски ѓеврек). Мислам дека не е спомнато ни возењето пар-непар, возењето со бонови и давањето плата исто со бонови (заузврат добивавме полурасипана роба од центро) во 80-тите. Добар условно ако може да се каже, према сега рецимо...но прашање е сега зашто не е добар, зашто сме најдолу...кога истите кои според наводно повеќето граѓани успешно владееле во СФРЈ, истите лица му е. мајката на стопанството и станаа кралеви на подземјето. Апсурдно е, нели.
Значи било како, едини добар период за населението беше негде од крај на 60-тите до смртта на Другарот. Десетина години солидно живеење. Се друго беше или стегање ремен, колективизација и национализација или криза во снабдување и огромни инфлации.
Вие најверојатно го имате запаметено почетниот период на А. МАрковиќ кога донесе роба, кога ги качи платите (и ги собра парите од граѓаните)...но тогаш почна акцијата за т.н. технолошки вишок, политички превирања во Сојузната влада... тоа беше времето на почетокот на убиството на Југославија.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
............. индустријата можеби била не модерна ама барем ПОСТОЕЛА............
Земја која произведуваше: Автомобили, камиони, авиони, хеликоптери, тенкови, разни видови оружле, бродови, електронски уреди, ласерски апарати (да... по совршеност одма после САД) ЦНЦ-машини, хидраулични и пневматски елементи (Кладивар и Прва петолетка....лично во рака имам држено елемент кој се вградувал во британскиот Торнадо)..итн... земја која ги изгради Винча, Гердап, Кршко.....

....не можеш да речеш дека немала модерна индустрија...:toe:

...а... што имаме денес од сето тоа... не само кај нас, туку и по бившите членки на таа федерација...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ти недостасува делот за после смртта на Тито. лесна му земја, тој ги зае. сите -и диктатори и кралеви, но после неговата смрт се изнесоа големи пари надвор, се испечатија уште поголеми па затоа и често се споредувавме со аргентинската инфлација (нашата беше колку се сеќавам неколкуилјадна). Дневно на секој час ги менуваа цените во Славија, Центро и Земпромет, па за да заштедиш ќе чекаш од рано наутро, од 5 сабајле...а пошто си била тоа време дете ќе ти текне дека млеко немаше, дека чоколадо и еурокрем не беа секојдневна глетка, а ако имаше човек среќа, ќе џвакаше мастика како кусур од пазарењето. Мислам дека не е спомнато ни возењето пар-непар, возењето со бонови и давањето плата исто со бонови (заузврат добивавме полурасипана роба од центро) во 80-тите.
Значи било како, едини добар период за населението беше негде од крај на 60-тите до смртта на Другарот. Десетина години солидно живеење. Се друго беше или стегање ремен, колективизација и национализација или криза во снабдување и огромни инфлации.
Вие најверојатно го имате запаметено почетниот период на А. МАрковиќ кога донесе роба, кога ги качи платите (и ги собра парите од граѓаните)...но тогаш почна акцијата за т.н. технолошки вишок, политички превирања во Сојузната влада... тоа беше времето на почетокот на убиството на Југославија.
Периодов за кој зборуваш е 80те и 90те,мајка ми чекала ред за млеко од 4 наутро,бидејќи имало недостаток.Татко ми прашок за перење купувал од Србија :) Но и двајцата работеле,па скокот на цените се пресликувал и во платите.Така можат да се пофалат дека земале милион динари плата :)) Освен за мастики,имало и за одмори на наше море.Со други зборови,грешка во планското производство.
Анте Марковиќ е посебна приказна,особено што јадевме банани без пари.Мислиш дека он беше носител на распад на Југославија или екипата што стоеше над него? (сакам да читам од постарите како го опишуваат овој период)
 
F

FilipMacedon

Гостин
Бев дете во СФРЈ,последна генерација од титови пионери,го паметам времето како бледи слики.
Но ќе зборувам на темава од два аспекта,како населението го доживуваше/а тој период и каква беше реалната економска слика на СФРЈ низ фактите кој останаа по неа.Велат човек како Тито се раѓа еднаш во илјада години,цврст,самоуверен,паметен,политичар,со невидена харизма.Да се здобиеш со таква страво почит треба да се покажеш и докажеш,а не како пингвинов денешен да скакаш лево десно.Социјализмот како уредување им даде идилична слика на граѓаните дека се е нивно.Се имаше,се трошеше,кризите лесно се препродуваа,се пееше и славеше.Целата популација обединета како една,се што е против на голи оток.Знаел дека една мала искра може да запали милион страсти на Балканот,затоа држел се под контрола.
Платата доволна за јадење,пиење и одмор,безбедноста на ниво што можеш во парк да спиеш а никој да не те допре.Задолжително одење на планина ако работиш во металургија,платени сместувања,станови на вработени по ниски цени...Целиот систем бил беспрекорно безбеден,стравот од грешка голем.И тогаш имало убиства,ама не се пласирале во јавност,луѓето живееле без додатни проблеми.Само фактот кој говори за чувствата на луѓето од сознанието за смртта на Тито е импресивен.Цела Југославија во солзи и болки,цела.Лик кој ќе биде запаметен како лидер без дилема.
Другата страна говори за живеење живот на „кредит“.Цела среќа за мајсторот кој подигал од секаде,а не плаќал никому,што наоѓал пазари за извоз без конкуренција,што давал државни пари за покривање на долгови.Три економски реформи од 45 до 90та,говорат дека немало пресметка во работењето,превработеност,трошоци без покритие,пласман без наплата,итн.Кога почина следбениците неможеа да се договорат кој повеќе да украде,која земја повеќе да се оштети,кој кого да го нападне. И нормално крах за десет години на цел систем,време без економска логика,време на лицемерие и кражба.
Кога ќе споредам со денес како живееме дефинитивно ќе се одлучам за минатото.Кога бев дете моите ми овозможија перфектно детство,денес ми е страв да создадам фамилија.Порано беа среќни,денес се стресни,порано веруваа во некого денес не веруваат во никого.Порано имале политичар денес имаме шатка.Имаме армија младина која е до тој степен испиена во мозокот што подобро ни е да ги отселиме некаде далеку да чуваат овци за 500 австралиски долари,од колку тука да ни го дишат воздухот.Наместо иднина ние имаме вечна компарација,кој како не заебал,пред наши очи ни вртат реклами со кој ни покажуваат дека сме најглупата нација на светот.Едните ни ги украдоа фабриките,другите ни создаваат илузија дека се е розово,а се бунат само комуњарите.Секој нормален човек почнува да верува дека е ненормален.
Да не беше толку истакната војната во Југославија ниту ке имаше Тито,ниту легенда од него,ниту ке имаше и комунизам на балканот...слично како што и Хитлер успеа да направи со изгладнетата Германија...на гладен народ страв и леб и се омилени комбинации...на денешни најадени дебили тешко се докажува стравопочит и а уште помалку било каква почит .... затоа ти се појавуваат феномени како Велија и Штерјо кој ке собира потписи од народот за да го извадат од затајувачкиот данок...(како демек тоа го прави за нас,граѓаните)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Анте Марковиќ е посебна приказна,особено што јадевме банани без пари.Мислиш дека он беше носител на распад на Југославија или екипата што стоеше над него? (сакам да читам од постарите како го опишуваат овој период)
Тој е веќе сто пати елаборирана приказна, криви т.е надворешни влијанија за распадот на СФРЈ пред се се ефектот на рушењето на Берлинскиот ѕид, соборувањето на Чаушеску, појавата на она мулето Горбачов и сл.... од внатрешни причини .... како последица на воведувањето на плурализмот до високи позиции се дочепаа тешки национал-шовинисти, пред се Милошевиќ и Туѓман....останато е само очекуван развој на настаните.... вештачки предизвикај неликвидност, никој на никого не плаќа, народот осиромашува, сиромашен човек се повеќе се интересира за политика, националистите го тој осиромашен човек трујат со информации дека се некој друг му е крив за положбата, лево-десно по некој инсцениран испад, инцидент на меѓунационална основа ...и стигнавме кај што стигнавме...
 
.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Земја која произведуваше: Автомобили, камиони, авиони, хеликоптери, тенкови, разни видови оружле, бродови, електронски уреди, ласерски апарати (да... по совршеност одма после САД) ЦНЦ-машини, хидраулични и пневматски елементи (Кладивар и Прва петолетка....лично во рака имам држено елемент кој се вградувал во британскиот Торнадо)..итн... земја која ги изгради Винча, Гердап, Кршко.....

....не можеш да речеш дека немала модерна индустрија...:toe:

...а... што имаме денес од сето тоа... не само кај нас, туку и по бившите членки на таа федерација...
Зборев во споредба со сега има не модерна технологија затоа и пропаднаа многу фирми. Ете пример зошто Горење беше на дното, затоа што не инвестираа во технологија сите мислеа Југославија вечна ќе биде ќе имаат пазар, ама не е се пропадна.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зборев во споредба со сега има не модерна технологија затоа и пропаднаа многу фирми. Ете пример зошто Горење беше на дното, затоа што не инвестираа во технологија сите мислеа Југославија вечна ќе биде ќе имаат пазар, ама не е се пропадна.
Слушај ја оваа:Горење пропадна оти шпоретите не се расипуваа над 30 години,немаше потреба од ново :))
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.329
Се качуваа и плати секако, но сега нели сме против печатење пари без покритие (пошто тие на СФРЈ биле без покритие па сега го плаќаме и келнерот и музиката :) ) инаку може и сега да живееме на чесен збор, но до кога? Тоа не доведува до еден не голем период кога можело да се живее релативно нормално (со каква таква роба низ продавниците и не голема инфлација доволна платата лесно да ги покрие кредитите за недвижнини), 70-тите. Се сеќавам кога влегоа железарци во собрание за да им ги качат платите...имаше штрајкови за пораст на плати па со секој штрајк им ги качуваа по негде 30%. Но зависи, во други фирми можда било подобро или полошо.
Не ги споменавме во таа макроекономска политика на СРМ и позајмиците и помошта од сојузниот буџет. Словенија, Хрватска и Србија (и до негде Босна) плаќаа, а ние останатите живеевме од помош. За возврат цело производство ни стагнираше, замјоделските кредити беа давани во Славонија и Војводина, а македонскиот селанец беше натеран да се отсели во градовите. Чудна политика се водеше према Македонија во тој сојуз. Дури и при распадот, големи пари беа извлечени од Македонија преку банките и фирмите на другите републики. Другиот дел ни го изеде законот на Марковиќ. Зашто тогаш не реагираа нашите функционери, членови на СКМ во републичките и сојузните органи, нашите банки, нашата Народна Банка? Не ми е познато, само можам да претпоставам.

--- надополнето ---

Да не беше толку истакната војната во Југославија ниту ке имаше Тито,ниту легенда од него,ниту ке имаше и комунизам на балканот...слично како што и Хитлер успеа да направи со изгладнетата Германија...на гладен народ страв и леб и се омилени комбинации...на денешни најадени дебили тешко се докажува стравопочит и а уште помалку било каква почит .... затоа ти се појавуваат феномени како Велија и Штерјо кој ке собира потписи од народот за да го извадат од затајувачкиот данок...(како демек тоа го прави за нас,граѓаните)
Ама сега не му успева на ниту еден, а народот према сите показатели (и сивилото) не е баш наситен. Сега нашите трчаат по ходници, надевајќи се дека некој бриселски функционер ќе ги погледне. Тито беше навистина (покрај светските геополитички интереси кои владееја) несекојдневен и невообичаен човек.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Темава стигна до 14 страна и 208 поста сосе мојов, а верувам ќе тера и натаму. Токму тоа е и проблемот. Додека правиме компарации, очигледно не сме свесни кај живееме, сонот за минатото не вреди веќе ништо.
 
.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Слушај ја оваа:Горење пропадна оти шпоретите не се расипуваа над 30 години,немаше потреба од ново :))
Хехехехехе добро е ова ама и има вистина на залиха им останаа мн стари модели, па ги форсираа да ги продадат а не можеа да се мерат со новите :pos:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Иднината не ја гледаме затоа се вртиме кон минатото.Незнам и што би гледале:Тепачка пред општина,два вида на тутунари,два табора професори на факултет,два тима на протест пред Стоматолошки и врв на се Ти си а1.Кое лудило човече,ова е ненормално опкружување.Мислам сегашноста ако може некако да се избрише би била најсреќна и да ме пуштат некаде без Македонска политика.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom