Е добро сега за критика на СФРЈ некои од вас велат дека тогаш никој ни што не работел, сите краделе, живееле на кредит, а други велат дека се отепувале од работа, сите биле работничка класа, ќутеле и трпеле. Тие што одеа тогаш на печалба ги донесоа овде парите, и овде земаат пензија-се вратија. Тие сега што заминуваат, не им паѓа ни на крај памет да се вратат. И јас напоменав во претходните постови дека системот бил недемократски, идеолошки, имал мноу недостатоци. Да немало демократија. Но која корист ја имаме денес од квазидемократијава? Денес имаме 30 % невработени. Светски рекорд! Ама јееееее среќни сме оти можиме слободно да кукаме за тоа. Темава е во економија и бизнис и ја разгледувам СФРЈ , пред се од тие аспекти. Но немајќи за што друго, вие критичарите се фаќате ко слеп за стап за голи оток, затвори, недемократичност... Тогаш младите имале амбиции. Какви амбиции имаат сега? Да заминат во странство!
http://mof.org.mk/index.php?id=164&sodr=vest оваа вест ја заборавивте или не сакате да ја видите
Знаеш во што е апсурдот на ваквата споредба, што во секое време има недостатоци и предности. Песните „возот браќа тргнува право за Германија“, „Проклета да е Австралија“ и уште колку сигурно не се појавија случајно. Во нив е опеана болка но, тогашната демагогија дека заминуваат за да се вратат им ја одржуваше визијата за татковина.
Сегашните истражувања и медиумските објави прво се дискутабилни. Второ апетитот на македонскиот младинец пораснал за знаење и напредок, а фактот за висок степен на невработеност зборува дека постои проблем. Нискиот стандард исто така зборува дека економскиот проблем е присутен, Владата постојано го признава тој факт и бара решенија. Нови вработувања не очекуваат на аеродромите до крајот на годината, веројатно во јавната администрација, во градежништвото, бидејќи се одобри заем за Македонија за капитални инфраструктурни вложувања. Претприемништвото и земјоделието ни се сеуште зона на сумракот од лична неподготвеност на поединци. Ние немаме семејни традиции за претприемништво, а физичката работа баш од тоа СФРЈ време остана како канцерогена метастаза да се провлекува.
Она што ми е целта и став е дека СФРЈ не беше модел на уживање, СФРЈ беше модел на хипноза за среќа, заедништво и напредок, зад чиј параван се криеја политички апетити и манипулации.
Во комунистичките системи од тоа време не само во СФРЈ туку и во СССР, како и најзаприметливо во Албанија во времето на Енвер Хоџа таа ПОЛИТИЧКА ХИПНОЗА создаваше верба во една затворена идеалистичка матрица, базирана на стравопочит кон системот.
Тоа беше време на заблуда и заведување на перцепцијата на широките маси во наметната идеологија. Ниската класа се ослободи од робство, и воедно и од капиталистичкиот систем. Тоа значеше еквилибриум на широките народни маси, но ги поклопи нов угнетувач- технократијата и бирократијата на комунистичкиот систем.
Можеби се прашувате како стигнале овие информации до мене?
Во моја близина имав луѓе на кои убаво им наплати комунистичкиот систем за нешто што не се ни случило.
Се случија превирања, лажен стандард, девалвации, сите имаа и сите немаа, образовниот систем доживеа ренесанса, секој можеше да студира, да биде стипендиран, паднаа табуата , се случи и сексуалната револуција во Америка, па се рефлектираше на партизански начин и кај нас. И почна безредието.
Токму тоа безредие е вистинскиот македонски проблем.
Генерациите од повоениот период масовно го прифатија ослободувачкиот систем- социјаизмот и станаа атеисти, таквите ги воспитуваа и подигаа семејствата. Семејствата станаа моментлна институција за мажите, но и за жените- се беше забрането и дозволено- нема Господ. Разводите секојдневие, неколку распарчени семејства од еден маж, од една жена, и се така како циклон до денес. Испарија визиите за вредностите и базата на едно општество.
По таа генерација стигна генерацијата на нашите родители. Семејните врски без некој национален модел. Матријархатот се наметнува како модел за подигање на деца. Овој начин на размислување не е категорично апсолутен. Се провлекуваа низа други рефлексии врз чија база имаме можност да градиме поцврсти општествени релации влечејќи ги последиците од повоениот период и од периодот на перестројката.
Знам дека она „подобро се живееше “ се мисли на парите и можноста да се заштеди- но, самите потреби и животот тогаш беа многу помали. А се живееше на кредит. И сега да земате кредити и да ви го дадат станот од комшијата бидејќи тој има два- три ќе биде исто, но, ќе има и режим, кој тешко дека на овој наш лежерен начин на живот би имао кој да го поднесе.