Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.879
Поени од реакции
4.582
Токму затоа што беше лош Кина ти е едина земја од бившите коминистички земји која не ја фати рецесијата идеален систем не постоел и нема да постои ама барем колку толку народот беше еднаков настрана од политичариве од двете опции денес како систем не беше лош и не е лош единствено бидејќи беше закана Америка го уништи еве пример нека ти биде Куба се уште има бесплатно здраство за домашните и за странци па дури и американци одат на лекување таму обично мана на овој систем е што целокупната власт се концентрира околу еден лидер што се покажа како фатално умира човекот умира системот
тогашната економија на СФРЈ и сегашната економија на Кина се две комплетно различни концепции, заедничко е само можеби името, моментално Кина има социјалистичка пазарна економија и од повеќе видни луѓе е прогласена за феномен, економијата на СФРЈ беше балон - поинтересен е кога е надуен ама кога тогаш или ќе издиши или ќе пукне
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Така, така, во моментот е добро познатата македонска изрека: Џабе работи, џабе не седи... Просечна плата 9000, скоро и да стига за да се платат сметките или тоа се некаде околу 6-7 пати влегување во колонијална продавница и излегување со една кеса во којашто кога ќе си одиш дома гледаш дека всушност не си купил ништо.
Точно, во СФРЈ не чинеше, ама сега е многу полошо...
Во СФРЈ немаше ништо по тоа продавниците освен смоки, рибја паштета, конзерви сардина, краш чоколадо и уште 2-3 артикли па и да сакаш не можеш да потрошиш повеќе, барем на продавниците се сеќавам колку беа празни. И да, 100 пати е подобра изреката во денешно време и би функционирало многу добро да не креирал тој претходен систем џаболебари кои нејќат ни да помислат да работат за 9000 а имаат само основно школо завршено. Ама ве разбирам и вас, уште страв во коски да не ве прислушкува некој од зад некој ќош па да не ве накодоши негде ако зборите лошо за системот... е тоа е овчки менталитет сите исто да мислат.

И да се надополнам тој систем забрануваше религии... добро де само Христијанска, додека муслиманите си се котеа како зајци за сега да имаме џамии на секој ќош и уште еден благодет од никогаш прежалениот како и да се нарекува сфрј систем. :tapp:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Што ти е јасно..ништо не ти е јасно.. и не ме квалифицирај више вмровец, не ти личи постар човек си , за да играш детски игри
си чул за изреката: ако не си со мене, тогаш против мене си? во мк нај убаво лугето ја научија и ја практикуваат оваа изрека... јас зборев за некое време во кое убаво се живееше а ти не го извади од уста комунизмот и колку лошо било тогаш.... а тоа се факти кои се неоспорни дека со такви изјави денес настапуваат само ново печените вмроовци...

п.с. од кај знаеш дека сум постар човек? знаеш колку години имам?
 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
Од то што сум слушал зш немам видено као е позитивно е то што тогаш имало пласман за секој земјоделски производ, зш нели ние сме земјоделска држава,знам луѓе што од земјоделие тогаш куќи, градеа, зголемуваа површини, а денес гледаме што се дешава.Тогаш на одмор оделе ко на мало ние на одмор одеме, со математики у глава, бојле здравство, а не сега операција успешна пациентот мртов, образование имало здраво не као сега, бело теле бела крава бело млеко нам ни дава,ај спортот ке го оставам на мира ради то ми е и нај криво што не сум живеел у то време. Лошо е то што не се дозволувало да се оде во цркви,поштуваат обичаи, лесно се одело на одмор на голи оток и за некој банална работа, или си јадел котек ко магаре ако се избришеш кал од кондура со титовка.Значи имало и добро и лошо.Али било поминало то е мене ми е по битно као сега живеам, па за то би пишал многу поике и би бил компетентен да пишувам.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Во СФРЈ немаше ништо по тоа продавниците освен смоки, рибја паштета, конзерви сардина, краш чоколадо и уште 2-3 артикли па и да сакаш не можеш да потрошиш повеќе, барем на продавниците се сеќавам колку беа празни. И да, 100 пати е подобра изреката во денешно време и би функционирало многу добро да не креирал тој претходен систем џаболебари кои нејќат ни да помислат да работат за 9000 а имаат само основно школо завршено. Ама ве разбирам и вас, уште страв во коски да не ве прислушкува некој од зад некој ќош па да не ве накодоши негде ако зборите лошо за системот... е тоа е овчки менталитет сите исто да мислат.

И да се надополнам тој систем забрануваше религии... добро де само Христијанска, додека муслиманите си се котеа како зајци за сега да имаме џамии на секој ќош и уште еден благодет од никогаш прежалениот како и да се нарекува сфрј систем. :tapp:
Мислам дека и самиот не знаеш што кажа во последниот пост :tapp: Не те разбирам, поарно или подобро беше што се забрануваа религии :toe: И друго, сигурно според тебе ако во продавница нема Милка чоколада или Нестле таа продавница е празна... па со такви продукти во денешно време една кеса кошта 2500 денари т.е. со една плата 3-4 пати да влезиш во продавница. И за платата од 9000 си грешка, кај нас толку се зема ако имаш факултет(под услов да најдиш таква работа затоа што во сите огласи се бара работници со ссс), со основно се зема над 12000, се е наопаку...услов за успех е да си неписмен, силеџија, криминалец. Со поштена работа максимум во животот можи да успееш да си купиш Скутер или (во најдобар случај) Пунто.
А има многу да се зборува за животот тогаш. Јас бев дете и фатив малку од тоа. Само паметам дека сите беа насмеани, среќни, имаа некакви планови во животот, имаше дружба помеѓу луѓето. Никогаш немав видено некој да нурка по контејнерите и да зема фрлена храна. Колата се паркираше на паркинг со отворена врата и клучевите во неа без ниту малку страв...
А за болдираното ќе те оставам малку да размислиш самиот што кажа...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
си чул за изреката: ако не си со мене, тогаш против мене си? во мк нај убаво лугето ја научија и ја практикуваат оваа изрека... јас зборев за некое време во кое убаво се живееше а ти не го извади од уста комунизмот и колку лошо било тогаш.... а тоа се факти кои се неоспорни дека со такви изјави денес настапуваат само ново печените вмроовци...

п.с. од кај знаеш дека сум постар човек? знаеш колку години имам?
И сега ако не сум со тебе,т.е. ако не го сакам комунизмот, ќе се етикетираме..ти ваков-таков-онаков ? Темава си ја отворил за дискусии и нормално е да има за и против.. И јас не ги сакам тие кои се за СФРЈ , па не кажав дека се од сдсм или комуњари..И не го сакам комунизмот и што сега, бугарофил сум..? или шпиун на ЦИА..?

Не кажав дека си стар,туку постар.. Пошто сум читал у постови каде што споменуваш дека имаш деца , и ваљда не си тинејџер :)
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
@lexmark
Не сакав и онака да пишувам на темава бидејќи за мене тоа е завршена приказна и од таа страна сум среќен. Ме нервира само што сеуште не влечат надолу политичари производ на таа вештачка држава и никако да се ослободиме и да се оправиме од зулумите кои ни ги донесе. Но има надеж, уште малку ќе изумрат старите кои тажат по тој пропаднат систем и се ќе биде добро. Цркви беа рушени да и без разлика што не сум верник, не сакам да живеам во земја каде што му е забрането на човек да верува во што сака и да има сопствено политичко или било какво мислење (иронично најгласните противници на Грујо денес врескаат како има диктатура и тажат по таа Југославија каде што владееше апсолутно едноумие како што милуваат да кажат тие господа од "елитата"... крв да серат).
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.920
Поени од реакции
50.666
Ако менито на Македонецот до тоа време, се состоело од леб и маст, во текот на тие 50 години покрај основицата добиле и малце мевце.
Нормално, раководството и функционеритe на тој систем на еднаквост џапале и нешто блачко после јадењето, ама додека постоела тоа вишок мевце, никој не се бунел.

Популарни узречици што може да го доловат тоа време со приликите, и по нив да го сфатиме тој период се “клати врата земај плата’’, “државата е крава музара’’ и мојата лично омилена “учи да не работиш’’.

Фатена апанзас од комоцијата на која навикнала, после тоа генерацијата што излезе од тој систем и еба мамата на самостојнава држава, а ние како нивни наследници сме на добар пат скроз да ја дотепаме.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Мислам дека и самиот не знаеш што кажа во последниот пост :tapp: Не те разбирам, поарно или подобро беше што се забрануваа религии :toe: И друго, сигурно според тебе ако во продавница нема Милка чоколада или Нестле таа продавница е празна... па со такви продукти во денешно време една кеса кошта 2500 денари т.е. со една плата 3-4 пати да влезиш во продавница. И за платата од 9000 си грешка, кај нас толку се зема ако имаш факултет(под услов да најдиш таква работа затоа што во сите огласи се бара работници со ссс), со основно се зема над 12000, се е наопаку...услов за успех е да си неписмен, силеџија, криминалец. Со поштена работа максимум во животот можи да успееш да си купиш Скутер или (во најдобар случај) Пунто.
А има многу да се зборува за животот тогаш. Јас бев дете и фатив малку од тоа. Само паметам дека сите беа насмеани, среќни, имаа некакви планови во животот, имаше дружба помеѓу луѓето. Никогаш немав видено некој да нурка по контејнерите и да зема фрлена храна. Колата се паркираше на паркинг со отворена врата и клучевите во неа без ниту малку страв...
А за болдираното ќе те оставам малку да размислиш самиот што кажа...
браво за постов брат , никогаш нема да го имаме тој спокој и благососотјба која ја имавме во комунизмот денес секојдневно се краде силува убива во комунизмот за убиство имаше смртна казна па ела некој нека се осуди да убие некого
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Мислам дека и самиот не знаеш што кажа во последниот пост :tapp: Не те разбирам, поарно или подобро беше што се забрануваа религии :toe: И друго, сигурно според тебе ако во продавница нема Милка чоколада или Нестле таа продавница е празна... па со такви продукти во денешно време една кеса кошта 2500 денари т.е. со една плата 3-4 пати да влезиш во продавница. И за платата од 9000 си грешка, кај нас толку се зема ако имаш факултет(под услов да најдиш таква работа затоа што во сите огласи се бара работници со ссс), со основно се зема над 12000, се е наопаку...услов за успех е да си неписмен, силеџија, криминалец. Со поштена работа максимум во животот можи да успееш да си купиш Скутер или (во најдобар случај) Пунто.
А има многу да се зборува за животот тогаш. Јас бев дете и фатив малку од тоа. Само паметам дека сите беа насмеани, среќни, имаа некакви планови во животот, имаше дружба помеѓу луѓето. Никогаш немав видено некој да нурка по контејнерите и да зема фрлена храна. Колата се паркираше на паркинг со отворена врата и клучевите во неа без ниту малку страв...
А за болдираното ќе те оставам малку да размислиш самиот што кажа...
се согласувам скоро со се во твојов пост, освен во делот за наопаку плаќањето....според мене, не е наопаку... ако си со основно тогаш си аргат и имаш тешка физичка работа. трудот треба да се плати... што е потешко, да маваш со чекан или да креваш пенкало... иако и не ебаш така, сега некој ке ме демантира дека кој за што учел... да така е, ама на запад не е така... да речеме во нов зеланд, при градење на куќи, кабло монтерот, водоводџијата, паркетарот, зидарот, гипсарот, кроварите-кров (drein leaner посебна струка е тоа)... секој од нив зима поголема плата од проектантот на куќата, ндазорникот, или шефот во фирмата... додуша кај нив секој буквално може да бира што сака да работи, па така овие одбрале да работат нешто што помалку се плаќа ама од пенкало и молив потешко не креваат на работно место...

толку многу примери и објаснувања со аргументи имам на оваа тема, ама ај да не идема премногу офф топик. ако сака модераторот нека отвори нова тема со постовиве за ова прашање, со наслов ПАЗАР НА ТРУДОТ...
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

Комплицирано е тоа, ептен многу комплицирано.....во моментов во ангвинов, жабокречинава наречена македонија владее една безидејна сељачаана, пикната у секоја пора на друштвото....кич, простаклук и НЕОБРАЗУВАНОСТ на секој чекор. Џабе е да се праи муабет...кога еден Бојо без око да му трепне си напишал два доктората на својот "универзитет" за музење пари и лажни дипломи, Фиат продава наука , а последниот инжињер, доктор итн. КОЈ ЗНАЕ , кај и да е ќе исчезне ..дал преку океан...дал у "ОКЕАН".....нема место за вакви муабети...:)
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
@lexmark
Не сакав и онака да пишувам на темава бидејќи за мене тоа е завршена приказна и од таа страна сум среќен. Ме нервира само што сеуште не влечат надолу политичари производ на таа вештачка држава и никако да се ослободиме и да се оправиме од зулумите кои ни ги донесе. Но има надеж, уште малку ќе изумрат старите кои тажат по тој пропаднат систем и се ќе биде добро. Цркви беа рушени да и без разлика што не сум верник, не сакам да живеам во земја каде што му е забрането на човек да верува во што сака и да има сопствено политичко или било какво мислење (иронично најгласните противници на Грујо денес врескаат како има диктатура и тажат по таа Југославија каде што владееше апсолутно едноумие како што милуваат да кажат тие господа од "елитата"... крв да серат).
те читам и се чудам ... дали воопшто имаш слика од времето за кое дискутираш???Во СФРЈ немаше ништо по тоа продавниците освен смоки, рибја паштета, конзерви сардина, краш чоколадо и уште 2-3 артикли па и да сакаш не можеш да потрошиш повеќе, барем на продавниците се сеќавам колку беа празни.или Цркви беа рушени да и без разлика што не сум верник, и кажи во кој период од екс Југославија го имаш живеено за оценката што ја имаш прикажано во твоето пишување, а пак јас би ти одговорил кратко и јасно дека во екс Југославија се живеело многу подобро од денес и тоа во многу свери на животот, за кој во предходните постови од дискутантите на оваа тема ти имат многу сочно посочено... ТИТО ВРАТИСЕ СЕ ТИ Е ПРОСТЕНО!!!!!!!!!
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
За празните рафтови...ептен е во право пропагаторот. Посебно за периодот на 80-тите години.
За црквите...колку што знам и сум слушал, не се рушени, ама имало некои пренаменувани во магацини, школи... во периодот од 1945 докај средина на 50-ти...
Додека имаше леб и игри, се беше ОК со СФРЈ. Потоа...стана што стана.
Била...се развила колку-толку, го достигнала својот врв во 70-тите, па тргнала колата надолу, и ја снема. Толку, одиме напред!
Ги разбирам постарите генерации кога тагуваат за социјалната сигурност и се она што оди со тоа, ама цехот го плаќаме ние. Американците убаво рекле No free lunch!
Toa за економскиот и социјален дел...
Од друга страна, СФРЈ беше базирана на култ на личност (Тито), култ на братство единство, Боро и Рамиз, 7 секретара СКОЈ-а и сл.
Неможеш баш слободно да лаеш, оти отиде курбан. Социјализам со мааалце капиталистички примеси, кој на крајот се покажа како неуспешен. Како социјализмот воопшто.
Што се однесува до мене, сепак бирам да гледам во иднина и да уживам во слободниот избор.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Standardot bese visok sea nemalo mobilni i kompjuteri pa nemase toa vreme, inaku imase sve, drugo za ateizmot, nikomu ne mu bese zabraneto da si go krsti deteto vo crkva, na primer jas sum krsten 1970 g, toa sto vrteskite samite nejkele da se krstat toa ne im dava pravo da velat deka nekoj im zabranuval, eve jas sum krsten, moj drugar 1985 si ucese sredno bogoslovsko, nikoj ne zabranuvase, samo da ne se mea religija vo politika posto tamu ne i e mesto. Sigurnosta na rabotnoto mesto, redovnite plati, standardot se fakti koi ne mozat da se pobijat. Pasosot vazel za cel svet, plus mozese palis kola i ides u Pariz. Tatko mi od selo dosol u Skopje si kupil stan vo elitna naselba so epten minimalna kamata na 40 g otplakanje, si diplomiral se besplatno, sega ne moze stvarno vrednite da studiraat tuku samo tie sto imaat pari ke dobivaat diplomi.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Бев дете во СФРЈ,последна генерација од титови пионери,го паметам времето како бледи слики.
Но ќе зборувам на темава од два аспекта,како населението го доживуваше/а тој период и каква беше реалната економска слика на СФРЈ низ фактите кој останаа по неа.Велат човек како Тито се раѓа еднаш во илјада години,цврст,самоуверен,паметен,политичар,со невидена харизма.Да се здобиеш со таква страво почит треба да се покажеш и докажеш,а не како пингвинов денешен да скакаш лево десно.Социјализмот како уредување им даде идилична слика на граѓаните дека се е нивно.Се имаше,се трошеше,кризите лесно се препродуваа,се пееше и славеше.Целата популација обединета како една,се што е против на голи оток.Знаел дека една мала искра може да запали милион страсти на Балканот,затоа држел се под контрола.
Платата доволна за јадење,пиење и одмор,безбедноста на ниво што можеш во парк да спиеш а никој да не те допре.Задолжително одење на планина ако работиш во металургија,платени сместувања,станови на вработени по ниски цени...Целиот систем бил беспрекорно безбеден,стравот од грешка голем.И тогаш имало убиства,ама не се пласирале во јавност,луѓето живееле без додатни проблеми.Само фактот кој говори за чувствата на луѓето од сознанието за смртта на Тито е импресивен.Цела Југославија во солзи и болки,цела.Лик кој ќе биде запаметен како лидер без дилема.
Другата страна говори за живеење живот на „кредит“.Цела среќа за мајсторот кој подигал од секаде,а не плаќал никому,што наоѓал пазари за извоз без конкуренција,што давал државни пари за покривање на долгови.Три економски реформи од 45 до 90та,говорат дека немало пресметка во работењето,превработеност,трошоци без покритие,пласман без наплата,итн.Кога почина следбениците неможеа да се договорат кој повеќе да украде,која земја повеќе да се оштети,кој кого да го нападне. И нормално крах за десет години на цел систем,време без економска логика,време на лицемерие и кражба.
Кога ќе споредам со денес како живееме дефинитивно ќе се одлучам за минатото.Кога бев дете моите ми овозможија перфектно детство,денес ми е страв да создадам фамилија.Порано беа среќни,денес се стресни,порано веруваа во некого денес не веруваат во никого.Порано имале политичар денес имаме шатка.Имаме армија младина која е до тој степен испиена во мозокот што подобро ни е да ги отселиме некаде далеку да чуваат овци за 500 австралиски долари,од колку тука да ни го дишат воздухот.Наместо иднина ние имаме вечна компарација,кој како не заебал,пред наши очи ни вртат реклами со кој ни покажуваат дека сме најглупата нација на светот.Едните ни ги украдоа фабриките,другите ни создаваат илузија дека се е розово,а се бунат само комуњарите.Секој нормален човек почнува да верува дека е ненормален.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom