Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Хехехехехе добро е ова ама и има вистина на залиха им останаа мн стари модели, па ги форсираа да ги продадат а не можеа да се мерат со новите :pos:

Малку ќе одам офтопик....

.... новите модели на Горење се тешко срање.. (ова не го пишувам како обичен корисник на нивните производи...)

...мал детал... за оние кој разбираат.... кој акмак ставил клинест ремен на рамна ременица...:vozbud:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Хехехехехе добро е ова ама и има вистина на залиха им останаа мн стари модели, па ги форсираа да ги продадат а не можеа да се мерат со новите :pos:
И мене кога ми го кажаа ми падна смешно,но сфатив дека е вистина :) Сега се е што купувам трае 2 години,таман помине гаранцијата се расипува.Будали овие од Горење,луѓе има уште што ги користат машините од нив :)
 
.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781

Така де тоа на Лурз кажи му го он запнал со чоколадите и мастиките, овој т.е квалитетот кој го имало тогаш на било кое поле не е споредува со денешниот. А гледам дедо ми и мајка ми и татко ми куси останаќе за еуро крем и чоколади. Се жалат од тоа време тие кои што немале ништо, а партиски добиле сега
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Лурз тогаш бил младич,бркал џенцки и трошел милиони :)
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
За празните рафтови...ептен е во право пропагаторот. Посебно за периодот на 80-тите години.
За црквите...колку што знам и сум слушал, не се рушени, ама имало некои пренаменувани во магацини, школи... во периодот од 1945 докај средина на 50-ти...
Додека имаше леб и игри, се беше ОК со СФРЈ. Потоа...стана што стана.
Била...се развила колку-толку, го достигнала својот врв во 70-тите, па тргнала колата надолу, и ја снема. Толку, одиме напред!
Ги разбирам постарите генерации кога тагуваат за социјалната сигурност и се она што оди со тоа, ама цехот го плаќаме ние. Американците убаво рекле No free lunch!
Toa за економскиот и социјален дел...
Од друга страна, СФРЈ беше базирана на култ на личност (Тито), култ на братство единство, Боро и Рамиз, 7 секретара СКОЈ-а и сл.
Неможеш баш слободно да лаеш, оти отиде курбан. Социјализам со мааалце капиталистички примеси, кој на крајот се покажа како неуспешен. Како социјализмот воопшто.
Што се однесува до мене, сепак бирам да гледам во иднина и да уживам во слободниот избор.
струмички... празни рафтови не се секавам дека имало, но ги имало во соседна бугарија ако се секаваш, кажи кој цркви тоа се пренаменети во магацини, или школи????и денес го имаш братво и единство ,но не боро и рамиз, туку гвујо и али.....а што се однесува до слободата за лаење ја немаш ниту денес, за разлика од тоа што место на боравак ти е шутка наместо сончевиот голи оток, а денешната демократија ти е еднаква на едноумието, како ке каже гвујоки и никако другачије, тоа тие исто така култна личност зарем не............
да не пропуштам ,никој не сака гага ручек, но секој потајно сака социјална сигурност и слободно да се движи во околината во која живее.
но што се однесува до мене и јас сум за слободни избори, и тоа уште утре, и мене ми е битно како и секому иднината, како своја така и на блиските мои,но со сегашнава гарнитура не гледам никаква светла иднина, зарем не е така аааа струмички.........
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.329
Така де тоа на Лурз кажи му го он запнал со чоколадите и мастиките, овој т.е квалитетот кој го имало тогаш на било кое поле не е споредува со денешниот. А гледам дедо ми и мајка ми и татко ми куси останаќе за еуро крем и чоколади. Се жалат од тоа време тие кои што немале ништо, а партиски добиле сега
А што имаше дали знаеш?
самиот пост од прават страна си кажува.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?56525-%D0%92%D0%BE-%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%A1%D0%A4%D0%A0%D0%88-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%BE-%D1%81%D0%B5-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%B5%D1%88%D0%B5...-%D0%9C%D0%B8%D1%82-%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%B2%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0&p=4038519&viewfull=1#post4038519

Него во 1982 година го наследува неодамна починатата Милка Планинц, во чие време, на рестрикциите за бензин се надоврзаа и рестрикциите за струја, кога во период од по неколку часа дневно беше исклучувано напојувањето. Од тоа време датира и кризата во снабдувањето со масло за јадење, како и недостигот на традиционалното кафе, по што профитираа шверцерите на напивката и производителите на рачни мелници за кафе, бидејќи шверцуваното од Грција или од Италија не беше мелено, туку се продаваше во зрна.
Во почетокот на декември 1980 година во Македонија завладува студ, па во Скопје се измерени минус 11 Целзиусови степени, а дури тогаш било констатирано дека „јаглен и дрва за греење нема ни за лек“. „Макпетрол“ најавил нормализација за јануари 1981 година, но само во снабдувањето со јаглен. Дека ништо подобро не било ни во другите републики, покажува 8 декември 1980 година кога поради преоптовареност колабира системот за електрично снабдување на целата земја, освен во Црна Гора и во БиХ. Тоа подразбира дека околу 17 милиони луѓе останале цел ден без струја.
За разлика од другите делови на Југославија, Македонија во тоа време имала проблем и со празните рафтови за млеко, па пред Новата 1981 година е најавена „стабилизација во снабдувањето“ со овој производ. Инаку, тогаш млекото се разнесуваше околу 4-5 часот наутро, а пензионерите веќе околу 6 часот создаваа ред пред продавниците. Постоеше период во кој можеа да се купат најмногу два литра млеко, а подобро поминуваа тие што имаа познати меѓу продавачите, кои пред отворање на продавницата им ставаа настрана уште по некој литар.
Дека кризата веќе ја нагризуваше СФРЈ сведочи и одлуката за воведување пар-непар во возењето автомобили. Тоа значеше дека заради потребата од штедење девизи, секој вторник во неделата не можеа да се возат автомобилите чија регистерска табличка завршува со парен број, а секој четврток забраната важеше за непарните броеви. При носењето на одлуката, тогашната влада, односно СИС не направил исклучок, па по реакција на автошколите во ноември 1980 година е донесена одлука според која пар-непар забраната не важи за нив, бидејќи автомобилите им биле „основно средство за работа“, нешто како машините за фабриките.

--- надополнето ---

Лурз тогаш бил младич,бркал џенцки и трошел милиони :)
Ммм, да. Тогаш напротив одев по фабрики и стоваришта и работев штогоде за да извадам за летен одмор и некоја кошула. Но се имало време и за џенцки и за студирање и за работање :)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
А што имаше дали знаеш?

--- надополнето ---

Ммм, да. Тогаш напротив одев по фабрики и стоваришта и работев штогоде за да извадам за летен одмор и некоја кошула. Но се имало време и за џенцки и за студирање и за работање :)
Нели ништо не работеше, на кредити живеевме...од кај па сега....имало и повремена работа по фабриките ..за џепарец...

...шала на страна..... скоро сите преку летото подработувавме по малку..... не зошто немаа дома да ни дадат за на одмор........ туку за екстра да го дополниме новчаникот...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ееее оди сега на цитроните кажи им што годе да работат за да можат да си купат мастика од свои пари.Сега нозете на машината за сушење алишта и чекаме да падне од небо работата.
Тогаш планско производство,денес...денес....ни план ни производство :))
 
Нема шанса..... повеќе арч ќе направиме носејки ги и земајки ги од работа...:vozbud:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Темава стигна до 14 страна и 208 поста сосе мојов, а верувам ќе тера и натаму. Токму тоа е и проблемот. Додека правиме компарации, очигледно не сме свесни кај живееме, сонот за минатото не вреди веќе ништо.
Па тоа е и некој показател, пристојна сегашност не буди соништа за минатото како што е масовно случај со рајава...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.329
Нели ништо не работеше, на кредити живеевме...од кај па сега....имало и повремена работа по фабриките ..за џепарец...

...шала на страна..... скоро сите преку летото подработувавме по малку..... не зошто немаа дома да ни дадат за на одмор........ туку за екстра да го дополниме новчаникот...
Точно, за да може да се купи и отплати стан на пример...за денешни услови чудно од плата да се отплаќа кредит за стан или кола, но тогаш ради инфлацијата се можеше (и ради големиот обем на изградба кој ги намалуваше и цените).

Кога ќе подразмислам, ептен е тешко за споредба. Може само да ги фалам или да ги кудам периодите, но реално...што знам. И така не се враќа више тоа време :)
 
.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
А што имаше дали знаеш?

Имало нормално здравство, имало здрави луѓе, имало лекови за сите, немало мито денес од мито неможеш на лекар да идеш, дедо ми како викаше тогаш едно кафе беше доволно сега неколку илјади не се доволни, земале кредити и тогаш се граделе куќи, се купувале и санови , ама и полесно се вракале кредитите без астрономски камати и со поволни услови на ДОМАШНИ банки, а не се од кај која залута само банки се отвараат луѓето до гуша заглавени верувам и ти си во кредити...кој не е има таков?

Имало и тогаш и корупции и мито и афери бла бла, ама далеку од ова што се случува денес. Имаше луѓе кои зивееле добро илало луѓе кои страдале југокомунистицката власт кои се бореле за подобро утре ете се изборија за ова денес. Капитализам до срж. чоколада и мастики колку сакаш, инфлација нема дури се одрќива на завидно ниво една од најниските во светот, ама затоа цвета безработица затоа социјални случаи за извоз затоа вака сите сме среќни и задоволни...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
струмички... празни рафтови не се секавам дека имало, но ги имало во соседна бугарија ако се секаваш, кажи кој цркви тоа се пренаменети во магацини, или школи????и денес го имаш братво и единство ,но не боро и рамиз, туку гвујо и али.....а што се однесува до слободата за лаење ја немаш ниту денес, за разлика од тоа што место на боравак ти е шутка наместо сончевиот голи оток, а денешната демократија ти е еднаква на едноумието, како ке каже гвујоки и никако другачије, тоа тие исто така култна личност зарем не............
да не пропуштам ,никој не сака гага ручек, но секој потајно сака социјална сигурност и слободно да се движи во околината во која живее.
но што се однесува до мене и јас сум за слободни избори, и тоа уште утре, и мене ми е битно како и секому иднината, како своја така и на блиските мои,но со сегашнава гарнитура не гледам никаква светла иднина, зарем не е така аааа струмички.........
Хахахаха....
Ај да те потсетам малце бе земјак...на пр. самопослугата на Југопромет, најдолу во стоковната...некаде во 80-тите, посебно на крај на 80-ти... или драгсторо сегашен ТТ маркет...Савело до пред некој месец што беше...или зиковските самопослуги....па и сите други... та само Југопромет и ЗИК-о беа...
Ама, не сакаш да се сеќаваш најверојатно, од само на тебе познати причини :)
Цркви џамии и манастири по струмичко нема пренаменувани, ама... по Југославија имало... има еден југословенски филм се вика Време чуда. Гледај го!
Е, а денеска можеш да лаеш колку сакаш, како сакаш и по кој сакаш, како шо ти лаеш по Грујо, па гледам сеуште пишуваш, не ти е заѕвонила полиција на врата... а фала Богу, на 4 години има избори, па имаш каква-таква шанса со гласање да помогнеш да се сменат работите.
Денес имаме пример а две паралелни едноумија. Едно комуњарско и едно ВМРОвско. И убаво е што има борба.
А де кажи ми пример за опозиција за времето на СФРЈ, а посебно во време на рестрикции за струја, возење пар-непар...или пропагандата викаше СТАБИЛИЗАЦИЈА????
У денешно време влади паѓат за такви киксови како на Милка Планинц...
А гледам дека упорно се обидуваш да дадеш политичка конотација... а тука нешто економија е во прашање, со примеси на некои аналитички навраќања на бившиот систем.
Светла иднина јас не гледам за Македонија, а посебно не ако утре-другиден ја водат рудименти од СКМ, како и транзициски богаташи кои се политички мртви.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.329
Имало нормално здравство, имало здрави луѓе, имало лекови за сите
неспорно, тоа го напишав уште поодамна. И образование бесплатно и безбедност.
Но луѓе, доколку се вратите на шпорет на дрва на кој ем ќе готвите ем ќе се греете, ако дома невестата замеси пита, ако одвреме навреме наместо бојлер се користи вода греана во тенџере, ако наместо стек се свари глава во чорба, ако наместо Бициани се пазари на тезгите и во Шутка-комерц, ако се јаде дома наместо во седмица и вегера, ако се исфрлат сите техникалии освен телевизорот, ако се носат чевли и облека од постарите браќа и братучеди, ако наместо возило се користи исклучиво ЈСП и можда велосипед, ако ...дали не мислите дека ќе остане некој денар повеќе? Повеќето обични граѓани така живееја (осим оние кои можеа да си приуштат и повеќе). Не дека од тоа се заработува за стан, но ќе останат повеќе пари сигурно. А безработицата сега...е лоша приказна за која не би зборел ради забраната за политика. Но факт е дека повеќето ја чувствуваме...сите сме повеќе помалку заложници на една дваесгодишна будалаштина и еквлибрирање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom