zee German
mpkfa
- Член од
- 12 август 2009
- Мислења
- 6.443
- Поени од реакции
- 6.116
Добро ,незнаев како е случајот со човекот и се извинувам, но од другата страна моето мислење во првиот дел се однесува општо и на оние шти ти ги спомна најдолу,а тие линзурковци ги има многу од правење споредби и жалење за некој минат систем се до предходната партија која била на власт,освен што распределбава ти е релативно точна и се согласувам општо со твоето мислење и став по тоа прашање, мислам дека имаш голема грешка во првиот дел од постот. јас го знам корка лично и да, он има интернет дома, ама тоа дома му е надвор од македонија. го ебе животот и здравјето работејки во странство, живеејки во странство, затоа што во оваа дома во мк, немаше ни за леб а не за компјутер па уште и за интернет (фигуративно кажано)... од друга страна бидејки ти даде идеја и твоја е целта за да донираш средства, од утре изгаси го интернетот и парите за него давај ги во хуманитарни цели... донирај ги... моеш и компјутерот да го шитнеш, ке имаш екстра пари за донација...
а јас нема да го направам тоа, затоа што помошта на социјалните случаеви е должност на власта која ние ја гласаме и оформуваме на секои неколку години. па на крајот они ветуваат, они кажуваат, затоа и ги бираме нели? јас работам и заработувам за мене, моето семејство и благодетите во нашите животи... од парите што ги заработувам еден УБАВ МРСЕН ДЕЛ иде во даноци кои идат во буџетот на државата од кои истиот тој се помагаат социјалните случаеви и сиромаштијата. значи и директно и индиректно им помагам на истите...поголем грев е да не работиш ништо од мрза и несакање а да збориш за сиромаштијата како во овој случај...
и извенете за офтопикот.
на темата
Една паралела преку случајот на мојот татко,и случајот на еден мој познаник.
Тој останал без еден родител(таткото) на 16 годишна возраст а успеал успешно да се школува и да заврши правен факултет,да се вработи и да стигне до директор на сектор.
Првичното мое мислење беше дека системот му го овозможил тоа(и нешто што овај систем тешко може да го направи) но сум се лажел во двата случаи.Имено татко ми на 16 годинии почнал да работи за да може да се школува а и во најпрост случај да купи и сако за неговата матура. По завршувањето на факултетот ,по не баш кратко време време нашол работа како правник во фирма и без врски,туку преку труд стигнал до директор на одреден правен сектор.По сакатата приватизација за среќа рано заминал од фирмата и почнал да работи како адвокат.Што ми е зборот,моето мислење беше дека системот се тоа му го овозможил но не било баш така,татко ми да не вложел труд најверојатно сега би бил јас социјален случај.
И уште нешто околу сегашниов систем преку сличен пример, мој познаник за жал останува на 12 години без двата родители ,и се што му останува е неговиот постар брат и пензијата на своите покојни родители(како и станот од 50 квадрати кој го дели со братот).Човекот не го имам ниту еднаш слушнато да се жали за сиромаштијата и денешниот систем,напротив секоја шанса за работа која му се пружила се труди максимално да ја искористи,односно тој правилно се приспособил на ситуацијата(она што денес бара системот е работата а не мрзата ,излежавање и жалење).Без неговата максимална посветеност кон работата ,тој сигурно сега би бил еден од оние лица кои цело време се жалат кон што и да е.
Што доведува до заклучок дека без разлика кој систем(и која партија ) да е ,се зависи до индивидуата која може да го избери патот како да се бори со сиромаштијата и да живее еден нормален живот .
е сега што имаш баш големи привилегии ако си член на некоја партија која е на власт во тој момент e сосема друга приказна.