Бев дете во СФРЈ,последна генерација од титови пионери,го паметам времето како бледи слики.
Но ќе зборувам на темава од два аспекта,како населението го доживуваше/а тој период и каква беше реалната економска слика на СФРЈ низ фактите кој останаа по неа.Велат човек како Тито се раѓа еднаш во илјада години,цврст,самоуверен,паметен,политичар,со невидена харизма.Да се здобиеш со таква страво почит треба да се покажеш и докажеш,а не како пингвинов денешен да скакаш лево десно.Социјализмот како уредување им даде идилична слика на граѓаните дека се е нивно.Се имаше,се трошеше,кризите лесно се препродуваа,се пееше и славеше.Целата популација обединета како една,се што е против на голи оток.Знаел дека една мала искра може да запали милион страсти на Балканот,затоа држел се под контрола.
Платата доволна за јадење,пиење и одмор,безбедноста на ниво што можеш во парк да спиеш а никој да не те допре.Задолжително одење на планина ако работиш во металургија,платени сместувања,станови на вработени по ниски цени...Целиот систем бил беспрекорно безбеден,стравот од грешка голем.И тогаш имало убиства,ама не се пласирале во јавност,луѓето живееле без додатни проблеми.Само фактот кој говори за чувствата на луѓето од сознанието за смртта на Тито е импресивен.Цела Југославија во солзи и болки,цела.Лик кој ќе биде запаметен како лидер без дилема.
Другата страна говори за живеење живот на „кредит“.Цела среќа за мајсторот кој подигал од секаде,а не плаќал никому,што наоѓал пазари за извоз без конкуренција,што давал државни пари за покривање на долгови.Три економски реформи од 45 до 90та,говорат дека немало пресметка во работењето,превработеност,трошоци без покритие,пласман без наплата,итн.Кога почина следбениците неможеа да се договорат кој повеќе да украде,која земја повеќе да се оштети,кој кого да го нападне. И нормално крах за десет години на цел систем,време без економска логика,време на лицемерие и кражба.
Кога ќе споредам со денес како живееме дефинитивно ќе се одлучам за минатото.Кога бев дете моите ми овозможија перфектно детство,денес ми е страв да создадам фамилија.Порано беа среќни,денес се стресни,порано веруваа во некого денес не веруваат во никого.Порано имале политичар денес имаме шатка.Имаме армија младина која е до тој степен испиена во мозокот што подобро ни е да ги отселиме некаде далеку да чуваат овци за 500 австралиски долари,од колку тука да ни го дишат воздухот.Наместо иднина ние имаме вечна компарација,кој како не заебал,пред наши очи ни вртат реклами со кој ни покажуваат дека сме најглупата нација на светот.Едните ни ги украдоа фабриките,другите ни создаваат илузија дека се е розово,а се бунат само комуњарите.Секој нормален човек почнува да верува дека е ненормален.