Многу е роматичарски и нереален занесот дека во Грција ќе се смени нешто.
Значи, збориме за држава која беше вештачки создадена од Англија, Франција и Германија, која имаше туѓ крал, која до ден денес е должник на оние кои ја создадоа, и која пред да стане дел од ЕУ, беше шака јад и беда.
Таа и денес е најзадолжената земја во ЕУ, и без нејзина подршка е ништо.
Зарем Германија и Франција, кои и во своите земји ги "сечат" работничките права и привилегии, ќе дозволат Грција да стане левичарски и социјален рај?
Зарем тие ќе го финасираат нејзиниот бунт, и ќе помогнат тој да се реализира?
Не, туку ќе ги остават уште малку да подивеат и пак ќе ги вратат под конторла. Можеби ќе го донесат пасок, чисто ради да се рече дека нешто се сменило, но Грција ќе си остане истата марионета ко досега.