Според мене мислам дека ќе се обидат да ги извлечат на оворено поле, кај Николаев има само еден мост ќе треба да дадат премногу жртви за да преминат од другата страна.
Предноста кај украинците е што можат да се кријат кај стамбените обијекти, а русите се на оворено што ги прави лесен плен, според мене ќе се повлечат некој 20 километри и ќе чекаат да се среди кај Донбас за да тргнат кон Запорожје и да го блокираат од запад.
Мостот одамна го дигнаа во воздух, мислам четвртиот или петиот ден. Се што е потребно за да се блокира Николаев е да се пресече тој патот на север што води и ќе биде градот блокиран.
Јас очекувам дека за едно недела и пол, две некаде ќе почне со драстични промени на ситуацијата. Украинците немаат функционален систем за дистрибуција на гориво веќе колку 20 дена, а Русите цело време им ги бомбардираат логистичките центри. Со завршувањето на Мариупол и прераспределувањето и реорганизирање на силите од таму, кој не се воопшто мали очекувам дека ќе почнат со притисок на целиот фронт од Керсон до Запорожје и доста брзо ќе ги претворат Украинците во стационарни сили поради недостаток на гориво.
Чим почнат првите поголеми предавања тоа многу брзо ќе се претвори во лавина зошто моралот ќе им пропадне, кој сега за сега се одржува само заради западната пропаганда.
Одеса и Запорожје се утврдени у пичку матер. Освен регуларна војска и двата града имаат по 10 илјади пријавени доброволци.
Одеса нема да ја напаѓаат зошто има огромно културно и историско значење за Русите а и има огромен % на жители кои се сметаат за Руси и заради тоа нема да сакаат да ја разрушат. А исто така целиот град лежи на тунели и катакомби и каков било директен напад би бил крв до колена. Сигурен сум дека ќе постават само опсада и ќе ги чекаат да се предадат па макар и да се последниот град кој ќе се предаде.
Запоржје од друга страна го има Запорожје Сич и очекувам дека таа фабрика ќе сакаат да ја заземат читава.
Мое предвидување е дека сите преостанати поголеми градови на истокот и југот ќе ги ставаат само под опсада и ќе чекаат да почне синџирот на предавања. Прашање на време е само уште колку ќе издржи моралот а чим тргне првата топка снег брзо ќе се направи лавина.