Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.339
Поени од реакции
33.399
Темава е за дискусија на војната во Украина, исклучиво од воена перспектива и без офтопици.

Правила:
- се дискутираат само воени податоци, видеа, мапи, вести, и тоа исклучиво посочени со линкови и аргументирани
- забранет офтопик од било кој вид, за општи муабети користете ја општата тема за Украина

Се покануваат дискутантите да го пријавуваат секој прекршок како би добиле тема составена исклучиво од релевантни постови и која ќе може нормално да се следи без илјадници неважни постови дневно. Се покануваат модераторите да ги казнуваат прекршувачите на правилата со подолготрајни банови од дискусијата. Правилата може да бидат дополнети, зависно од проблемите кои не ги гледаме сега а кои извесно ќе ги има судејќи според високото ниво на активност на ботовите.


Примери за тоа какви постови и каква дискусија е предвидена, по рандом избор и редослед има и многу други кои вредат да се цитираат (ама не е можно сите да ги цитирам):
Украинскиот Генералштаб вели дека ДНР го зазеле источниот дел од Мариупол.

Прегледај го приврзокот 324862

Две видеа од десантот на Хостомел од првиот ден на војната.
Украина нема авијација, последниот Су-25 им го оборија завчера. Буквално само неколку дронови имаат во употреба. SOF групите од украинската армија околу Киев користат од оние дрончиња малечките за да набљудуваат теренот и да прават заседи. Иначе русите почнаа да користат ласерски наведувана артилерија.









The video of the helicopter landing operation of Russian forces released by the Russian side. The video likely shows operation to take control the Hostomel airfield near Kyiv:


A forward unit of Russian forces operates in Chernihiv region:


A strike on a BMP armoured vehicle of Kyiv’s forces:


A fresh video showing the work of Ka-52 attack helicopters:


 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.442
Поени од реакции
27.242
Во медиумите се појавија многу мапи, но не верувам дека некоја е точна.

Може да се каже дека манипулацијата со мапите е едноставна. Русите коа освојуваат простор, сигурно дека не оставаат трупи во секое населено селце и сигурно е дека не се води статичка воена операција освен на јустоисточниот дел, каде што се вкопани голем број на единици на Украинската Армија.

Дури ни Руските мапи можам да кажам дека не се точни во однос на контролирање на територијата, како што гледам тие се базираат на проекција на сила и можност за динамика на Руските трупи.

Финските мапи се доста прецизни иако каснат, но на пример сепак не го даваат вистинскиот аспект на освоена територија, па така на пример на југозападниот фронт, ја прикажуваат како освоена територија само линијата на движење на Руската армија. Ако се има во предвид дека до Криви Рих останаа уште само 2-3 опколени и полуопколени градчиња, со територијална одбрана која и нема можност за сериозна офанзива, може слободно да се каже од тактичка гледна точка, дека Украина не ја контролира таа територија, туку Русија.

Околу Киев и Харков. Очигледно е дека Русите не ни пробале да го завземат ниту Киев ниту Харков. Во Харков претежно се праќаат спотери, да наоѓаат воени цели и да ги уништуваат во што е можно поголем број, за да копнената оперција не биде многу скапа.

Интересна е интерпретацијата на „неуспехот“ на Русија да го завземе Киев во првите 48 часа. Тоа е тотална глупост. Знаејќи ги капацитетите на Украина, никој паметен не би го смислил ова. Не е дека ова што се случува во Украина е од вчера... Многу добро се знае каква Русофобија владеела во Украина и дека Украинските безбедносни сили (пошто се преплавени од азовци) се високо мотивирани да се борат против Русите. Таков еден директен напад на Киев, би бил бајаги контрапродуктивен. Цел наратив е пропаганда да се прогласи Русија за слаба и да им се даде лажна надеж на Украинците во ова што им се дешава. Нападот на Киевскиот воен аеродром Гомел или како и да се викаше, и влегувањето на Киевскиот фронт, не значи дека само по себе императив им било на Русите да го завземат Киев во првите 48 часа. Така се дисперзира одбараната и се врши притисок. На пример дури и оние „заглавени колони возила“ не значат ништо, туку најверојатно само замајување. Како што знам од последни информации, преку ноќ исчезнале... Како исчезнале така, ако биле заглавени..

Околу превласта во воздух. Пак ќе ја спомнам Југославија како пример. СРЈ, држава со многу помалку ресурси од Украина. Уништена од 10 годишни санкции од западот и граѓански војни, во кои прими над 500К бегалци од Босна, Хрватска и Косово. Со скромен број на флота не повеќе од 100 авиони, од кои повеќето субсонични, а они посериозните, несервисирани. ПВО во кое врвот им беше античкото С125 и автоматски топови Прага, успеа на САД во тие 78 дена да им сруши околу 50тина крстаречки ракети, 50тина дронови, 2 авиони од кои еден невидлив, 2 хеликоптери. Притоа САД не успеа да им зададе сериозен удар на војската на СРЈ, уништувајќи не повеќе од 10тина тенкови и 20тина авиони на војската на СРЈ и некој незначителен удар врз ПВО-то

Така да ако правиме споредба, можеме слободно да заклучиме и дека според критериумите што ни се наметнуваат ниту НАТО немале баш превласт на небото над СРЈ, разликата е во тоа, што СРЈ ја штеделе својата ПВО и авијација, криејќи се и играјќи паметно, без многу да се изложуваат и ризикуваат. Украинците не го прават тоа и очигледно имаат повеќе резултати од Србите, но и значително поголеми загуби. Башка Украина е бајаги поголема во Територија од СРЈ, можеби 10тина пати. А западниот дел на Украина сеуште не е ни чепнат. На дроновите не им требаат специјални и големи писти за да летнат. Некои се лансираат и од автомобили. Да пуштиш дрон да лета, не е ништо сигнификантно ниту пак некаков си показател дека Украина успешно се спротивставува на Русите.
 
Последно уредено:
Член од
5 октомври 2018
Мислења
63
Поени од реакции
39
Финските мапи се доста прецизни иако каснат, но на пример сепак не го даваат вистинскиот аспект на освоена територија, па така на пример на југозападниот фронт, ја прикажуваат како освоена територија само линијата на движење на Руската армија.
На оваа карта мислиш? Оваа е една од подобрите што ги имам видено и од почетокот на војната ја следам.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.442
Поени од реакции
27.242
На оваа карта мислиш? Оваа е една од подобрите што ги имам видено и од почетокот на војната ја следам.
Да на оваа мислам, ама почнаа да каснат и по 2 дена со некои информаиции. На пример и на запад и на исток од Киев моментално не им е апдејтирана. И пак како што кажав ја проектираат Руската територија само по патека на движење, не по реална состојба на контрола на терен.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.093
Поени од реакции
22.515
Кревање на знамето на ДНР во Волноваха.



Подновена мапа од руското МО.



Ова е мапата од вчера патем, чисто за споредба.

photo_2022-03-12_17-33-30.jpg
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.442
Поени од реакции
27.242
Еве уште едно видео од 24ти Февруари нападот к52 алигатор

 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.366
Поени од реакции
6.962
Интересно е видеото од заседата на рускиот конвој. Во последниве недела дена ретко и да има некоја заседа, бар не по групиве на Телеграм.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.405
Поени од реакции
5.117
Се слушаат силни експлозии во областа Буча, Ирпин, Гостомел и Ворзел во правец на Киев.

дејство на К-52

ЕКСКЛУЗИВНА СНИМКА, покажува како 200 руски Спецназ ја преземаат контролата врз аеродромот Гостомел пред околу 2 недели. Непознат дел за нас од оваа снимка е хеликоптерот Ка-52 кој го разликува аголот на напади и специфичното оружје. На крајот, можете да се слушне гласовниот асистент на хеликоптерот КА-52 како вели „напад од напред со осило“ во кој момент употребил електронски контра мерки. Прилично тешко да се соборат тие Ка-52
без милост за нацисти и пси на војната!
овој снимил апел за помош од Киев-читај слободарскиот и демократски свет

да прашам овие јавелиниве демократите ги праќат на УКраинците или на Русите, или од каде набавила Русија јавелини?
мала група ...., пци на војната

напади врз базата на нац-гарда во окупираниот Славјанск
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.366
Поени од реакции
6.962
За овој од Азов на некоја телеграм група прочитав демек предходно снимал видео како се фали дека не им дозволувале на цивилите да го напуштат Мариупол. Јас такво видео до сега не сум видел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom