Линк
Иако во јавноста се крена доста галама за случајот со кичеец, еве уште еден пример како нашиот закон/систем промовира и понатака невини луѓе да гинат поради туѓи грешки. 4 години условна казна за убивање 2ца и тешко повредување уште 3ца луѓе. Дечково што возел пиел вода цела вечер, за да биде безбеден он и другарите ама за жал тоа не те штити од вакво копито.
Веројатно ќе дигне мала галама и ќе се заборави, меѓутоа што е потребно за да смени кривичниот законик и да се донесат построги казни за вакви работи? Да згазат некое дете на пратеник, министер?
И не само законот, туку да се погледнеме/те меѓу себе бидејки факт е дека пола од луѓето што ги знам имаат возено пијани или пребрзо во град, само имале ксмет да не предизвикаат ваква несреќа. Има низа вакваи случаи, да не ги набројувам и ќе има се повеќе како последица не-казнување и на тежок сељачизам кај популацијата, популација која уште се пали колку му дигнала увезената канта од германија.