Војната на патиштата

Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.377
И тие неколкумина што беа осудени после година-две им беа изречени ослободителни пресуди/намалување на казната. Сигурно сите се сеќаваат на Фросина која беше прегазена на пешачки премин на Партизанска пред Силбо, пред добри 7-8 години? Типот ја собра девојката со 100ка на зелено за пешаци, доби 4 години затвор и мислам дека беше пуштен порано поради добро поведение.
Сообраќајката кај Католичка кога автомобил вртејќи на полна линија собра пар на мотор и мажот почина, а девојката го изгуби бебето и остана со трајни последици, возачот беше осуден на условна казна. Олеснителна околност било што го признал делото и покажал каење. Оди покажи каење за неплатен данок да те видам.
А и не се само овие случаи со дивеење на патиштата. Пред неколку години родилка од Гевгелија почина заедно со нејзиното новородено бебе бидејќи анестезиологот дошол на смена ПИЈАН при што ја интубирал подолго од дозволеното. Казната? Една година затвор.

Во право си за менталитетот ( пред некоја година имаше Вибер група со 10к членови и се споделуваа информации каде има полиција за да се избегнуваат тие улици ), но што правиме со казните? Каков е овој судски систем кој практично и не казнува убиства?
Не ми е чудно што луѓе со врски се спасуваат после било што во државава, затоа и не ми беше чудно за кичеец пример. Сакав да ги потенцирам баш собраќајкиве. Дел од децава беа поимотни, веројатно имале и повеќе пари и врски од овој што ги удрил.
Ама судската пракса е таква, а и како што кажав менталитетот на луѓето е тој. Овој треба да лежи над 10 години за ова што го направил, ама кој ќе го осуди кога истово го праеле еден куп луѓе само имале среќа да не закачат некој? Ништо чудно и судијата да возел некогаш пијан со 100 на саат во градско подрачје.

Примери еден куп има задњи години, ниеден од нив не доби некоја казна што би премислиле некој копук да не го прави тоа. Овие што си ги набројала, плус вака одма што ми текињаат, тој со туарегот на католичка - малолетен згази дете на пешачки, потоа памтите во капиштец имаш еден што згази жена на ТРОТОАР и беше под дејство на дрога. Доби смешна казна, 3 години нешто така. Тоа ако не е убиство со умисла не знам што е. И знам и плус случаи што не се познати, каде имало смртни или тешки последици а возачите добивале условни казни.

Затоа викам што е потребно за да се смени законот, зашто очигледно сите се вадат на небрежност. Не е никаква небрежност ти да возиш пијан и со дупла брзина, треба со самото тоа да лежиш за ОБИД ако те фатат а не смешна казна од 350 евра.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395

Не знам дали проблемот е законот или судската пракса за вакви случаи да се изрекуваат минималните казни. Ако има некој правник на форумов нека каже. Можеби законот е во ред и предвидува и повисоки казни но толкувањата на судиите се погрешни ( подмитени ) ?

Не може Кичеец да избегне затвор поради наводни проблеми со срцето, иста состојба која пример би повлекувала дека не смее да вози и автомобил, да го вози истиот тој автомобил, да претица на полна, да усмрти човек и да добие 6 месеци затвор. Се ова додека е на условно од затвор. Тотална небулоза.
Што се случи со камерите? Едно време тргнаа да поставуваат камери по патиштата, зошо ја прекинаа таа пракса?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Не само камери туку аутомати за сликање и мерење брзина, и автоматизиран систем за праќање казни директно на домашна адреса на регистрираниот власник на колата... Само тоа во град, надвор на регионални патишта или на автопат, таму е невозможно да сѐ да покриеш со камери.

едит:
Проблемот е полицијата како да си ја работи работата, без корупција и без врски... Ама не, тие се зафатени за казнување возење 130 км/ч на автопат, или 60км/ч на булевар. Нема врска што идиоти возат пијани, со над 100км/ч, секојдневно поминуваат на длабоко црвено, претекнуваат како идиоти. Битно да направат зададена квота, да те казнат за нешто небитно ако тебе те задеси да те застанат... И останатото 99% од времето ништо да не работат.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.363
Поени од реакции
38.337

-Сакам да ја информирам јавноста дека во рамките на Работната група на Министерството за правда за изготвување нов Кривичниот законик вградуваме ново кривично „Безобзирно управување со моторно возило“ за што се пропишува затворска казна и до 3 години, а доколку има смртни последици казната најмалку 4 години затвор, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање.
еве нешто ново поврзано со дивјациве
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.377
Блажевски, во моментите кога случила несреќата, 7 јули, имал 1,52 промили алкохол во крвта и 2,42 промили во урина. Кај него биле констатирани и траги од наркотична дрога канабис сатива, а возилото „опел корса“ го управувал со брзина од 83 километри на час при што загубил контрола и удрил во Тодоровска-Павлоска која се движела на тротоар.

Еве ви извадог од случајот што го зборев. За се што имало тест-прекшил. Да го истестирале за кристал мет и тоа ќе нашле.
Овој човек, безразлика дали на тротоарот има некој треба да лежи затвор и во кола веќе да не се качи. А не 400 евра казна.
Ако овој закон што го предлага Маричиќ е таков, алал вера за вепарот.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Сташа е ќерка на газдата на Божиновски часовници а Исидора е ќерка на Миладинови од Струга сопствениците на Кимико. Така да, се некој побитни фигури од овај меанџијава ама тој ја искористи изгледа сиуацијата на родителите во паника шо побрзо да си го спасет чедото, плус блиски пријатели во МВР и на болница па ги изматкаа резултатите од алкоест. Згора на то Исидора беше скоро 6 месеци во кома и до пред 3 недели беше со цела фамилија Германија на лекување па и тие не беа тука да покренет поголема процедура за сообраќајкава. Тажно е шо овај Ангелоски и прилепчанецот пола час пред то дивееле во обратен правец ама биле пуштени од полиција после повик од родители.
Кој знајт како ќе беше да беше ситуацијата и локацијата обратна, во Битола да беше.Заради ова не е добро такво помагање ама ај, некако не се сеќаваме.Едно време во Југославија имало добар принцип, дел од полицијата ја пуштале на должност во друг град.И така ротирање на периоди.Да не фатат корен за криминали и корупции. А уште поголем проблем е судот.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.409
Поени од реакции
62.005
Сташа е ќерка на газдата на Божиновски часовници а Исидора е ќерка на Миладинови од Струга сопствениците на Кимико. Така да, се некој побитни фигури од овај меанџијава ама тој ја искористи изгледа сиуацијата на родителите во паника шо побрзо да си го спасет чедото, плус блиски пријатели во МВР и на болница па ги изматкаа резултатите од алкоест. Згора на то Исидора беше скоро 6 месеци во кома и до пред 3 недели беше со цела фамилија Германија на лекување па и тие не беа тука да покренет поголема процедура за сообраќајкава. Тажно е шо овај Ангелоски и прилепчанецот пола час пред то дивееле во обратен правец ама биле пуштени од полиција после повик од родители.
Нe би сакал да бидам devil's advocate, го следам скоро сите вакви сообраќајки, зашто во 2015-та учествував во нешто многу слично, и потоа имавме уште една слична сообраќајка пред година дена во поблиското семејство, нажалост со смртни последици.

Од сите случаи каде што имаше жртви, овој во Охрид најмногу доби медиумска помпа заради двајцата загинати дечки и повредените девојки, но гледам дека никој не спомнува дека се и тие директно виновни за сообраќајката, затоа што тие се вклучувале од споредна улица на која имало знак СТОП на кој не застанале, влегле во коловозна лената и директно му ги пресекле патот на дечкото што е сега обвинет, што и му се смета за олеснителна околност. Не се слагам со условната пресуда патем, гледам дека постои гнев кај многумина, затоа што имало претходно го знаеле дечкото дека беснее со колата и сметам дека треба да одлежи некоја година затвор заради тоа што возел 100-ка каде што е 60 ограничување.

Од друга страна, ме шокира 6 месеци пресудата за Кичеец, кој свесно, без било каква вина на загинатиот, зел да претекува на полна линија, што е едно од најголемите грешки и најглупо нешто што можеш да го направиш. За вакви сообраќајки, каде не постои никаква олеснителна околност за обвинетот, барем не во стилот на имам деца, нема кој да ги храни, или морам да се вратам во Егоист да работам како магационер а вози Г класа од минимум 150,000Е, треба да има некоја автоматска минимум казна од 5 години.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.377
Они може и застанале, не ми е логично возач да не застане при уклучување таму дури и да нема стоп знак. Меѓутоа колку е прегледно ако идел другиот со 120, и чива е кривицата тогаш? Ти мора некогаш да се уклучиш.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Некој да пушти Google street view од локацијата? Има доста лоши места таму за приклучување
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.377
Нема стрит вју таму. Ко што разбрав било кај излезот од Голден. Има 2 ленти таму, ништо чудно и да се тркале.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.228
Поени од реакции
45.340
Ако овој закон што го предлага Маричиќ е таков, алал вера за вепарот.
1637084832025.png

Законот си постои одамна. Тоа што секој судија си го толкува праоизволно е друг муабет.
Крмакот само тера пиар, слично како што тераа со тие нивните партиски куравели што ги налепија на грбот на тие од Јавна Соба.
Тие стари Сорос-работилница филмови на префрлање од шупље у празно и правење од ништо- нешто, се многу корисни во моментиве кога сака да се етаблира како кандидат за лидер на партијата.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.377
Ова се казни одкако ќе се случи делото. Она што јас мислев е да воведат казни превентивно - односно ако те фатат дека возиш ко стока, да лежиш затвор иако не си успеал да утепаш некој. Ако е тоа тоа што го предлага маричич океј, за ова твоево знам дека го има.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.228
Поени од реакции
45.340
Ова се казни одкако ќе се случи делото. Она што јас мислев е да воведат казни превентивно - односно ако те фатат дека возиш ко стока, да лежиш затвор иако не си успеал да утепаш некој. Ако е тоа тоа што го предлага маричич океј, за ова твоево знам дека го има.
1637086552308.png

Постои и тоа.
Свиња гадна
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.409
Поени од реакции
62.005
Они може и застанале, не ми е логично возач да не застане при уклучување таму дури и да нема стоп знак. Меѓутоа колку е прегледно ако идел другиот со 120, и чива е кривицата тогаш? Ти мора некогаш да се уклучиш.
Jaс на сличен начин удрив во моторче кое се движеше на главна улица, среќа, дечкото помина без тешки повреди. Кај мене знак стоп, јас на споредна уличка, застанав, погледнав лево, десно, и почнав да вртам лево зашто навечер на темна уличка се водиш во тоа дали има светла или не. Штом почнав да вртам во лево, слушнав само тап удар, и првиот инстинкт ми беше дека удрив велосипедист. Кога излегов од кола, браникот од колата беше во нивата до патот, комплетно откачен од колата. Дечкото ме удрил во табличката со предното тркало, и прелетал преку хаубата. Мислев дека 100% сум ја крив, кога самиот во паника од тоа што се случило, под умисла дека е самиот крив со оглед на штетата на мојата кола, кажа дека возел без светло.

Иако беше ноќ, неосветлена улица, дечкото на мотор без никакво светло, без регистрација, без А дозвола, без кацига, по увидот јас бев виновен, и ке ги сносев сите последици да не беше едниот од полицајците што дојдоа на увид познаник, и инсистираше на спогодбено да го потпишеме записникот, каде дечкото со моторот потпиша дека возел без светло, правејки се практично тешко воочлив дека се движи по главниот коловоз.

Добро викам на џандариве, неосветлена улица, колку време треба да стојам на знак Стоп пред да тргнам да се вклучувам, ако другиот вози 60, без светла, црна јакна, црн мотор? Кренаа раменици полицајците, и ми кажаа, твоја среќа што не си го усмртил, зашто кој знае дали и како би докажал дека возел без светло.

Тие што ме знаат од форумот и приватно, знаат дека сега и прозор на кола спуштам на такви улички, да слушнам да не иде некој. Ако знакот стоп е на твојата уличка, ептен е заебано. На тој на главниот пат, скоро се му се простува.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.377
@vidooq
Мислам дека кај тебе ќе било проблем да докажеш дека човекот возел без светло, ќе остане на твојот збор против негов а тоа е тоа што те ослободува тебе. Другите прекшоци како дозволата не влијаат на собраќајката.

Во овој случај со децава, брзината на колата може да се докаже, а истото влијае врз собраќајката бидејки им се скратува времето за да го видат. Ако е местото ко што мислам, таа улица е закривена и има две ленти. Ем што е прегледноста мала, ем тој со над 100ка чим возел во поспора лента можда искочил од зад возило.
Вака лаички си го размислувам како возач, не знам како е законот ама не ми делува дека згрешиле децава. Да се најдам во таа ситуација може истото ќе ме снајде ако иде некој со 100ка од таму.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom