Воспитување на дете кога живееме во близина на баба и дедо

Член од
4 октомври 2019
Мислења
487
Поени од реакции
875
Najcesto problem e egoisticnoto mislenje na nekoj od roditelite... koga ke se rodi dete mislis deka si car si go fatil trajko za jajcata...
- imam dete super, drugite nemaat, jas ke si go gledam kako sakam, ne davam na svekrva da me zamara so nejxinite sranja....
I taka prvite nekolki meseca ke izdrzis posto imas nekla volja no koga deteto ke napravi 3 godini i kujnata e wc, dnevnata kujna, spalnata e zooloska, ke trqzis pola saat da mozes da ispusis cigara, iki ke sakas da izlezis na vozduh obvrska, no ti so tvojeto Ego si se kacil na alpite i so deteto si 24/7 bez izduven ventil...
Imas i primer kaj mene vo familija na brat mi deteto e so autizam, on nema nikakov kontakt so zena mu razveden , Moite roditeli se grizat 5 dena vo sedmica za deteto i ja prezemale najgolemata odgovornotst....
Zivotot e kratok mora da bides opedminded, neznaes sto ti nosi zivotot i koga moze starite da ti pritrebat...
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.706
Поени од реакции
10.107
Не се разбираме, бидејќи не сакам да живеам под ист покрив со син ми и неговата сопруга. Секој уште пред да има деца треба да размислува на тоа.
И зошто сте уверени дека оти ја сум го спечалила домот дека апсулутно тоа ме прави во право? Или пак ми дава авторитет да глумам ароганција поради тоа.
Бракови се растураат и од претерано мешање на родители во браковите.
Точно, се растураат и заради тоа. Никаде не реков дека сум за тоа некој да се поставува арогантно врз некој друг (родители, баби и слично). За живеење во заедница си бара голем процент на толеранција и кратење на сопствени задоволства, не е едноставно.

Мојот став се поклопува со тој на Лестер затоа што земаме ситуација дека старите се во ред, а младите сакаат преку лебот погача. Во тој случај клоците во газот и нека се снаоѓаат.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.455
Поени од реакции
28.682
Точно, се растураат и заради тоа. Никаде не реков дека сум за тоа некој да се поставува арогантно врз некој друг (родители, баби и слично). За живеење во заедница си бара голем процент на толеранција и кратење на сопствени задоволства, не е едноставно.

Мојот став се поклопува со тој на Лестер затоа што земаме ситуација дека старите се во ред, а младите сакаат преку лебот погача. Во тој случај клоците во газот и нека се снаоѓаат.
Се тоа супер. Ама и старите ќе сакаат еден ден некој да ги гледа. Па памет во глава и за нив.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.966
Поени од реакции
12.496
Океј, одбегнуваш да го дадеш очигледниот одговор.

Сигурно нема да ги оставиш на глава да ти се качат туку ќе истрпиш еднаш, два пати, три пати, ќе пробаш да разговараш со арно уште неколку пати и ако гледаш дека во домот кој си го спечалила треба староста да ја поминеш во пекол затоа што некој таму не успеал да си ја воспита ќерката или синот па дојдоа кај тебе и немаат трпение, не те почитуваат - ќе им ги удриш клоците.

Нека спечалат свое или нека одат под кирија па после пувки нека продаваат.

Тоа го посочи Лестер и сосема е во право.

Бракови се растураат заради непромисленост и 0 трпение на лица кои живеат во заедница.
Доколку се нема услови за поинаков вид на живеење тогаш треба толеранцијата да е на највисоко можно ниво (од сите страни).
Тука мислам дека е многу важно да се повлече линијата, што е линијата на "не те почитуваат и немаат трпение", бидејќи мислам дека двете страни не го перцепираат исто овој момент.
Земам најчест пример, тоа е младите живеат во посебен спрат од старите. Се водат како посебно домаќинство, си тераат посебни сметки, ручеци, итн.
Што во овој случај за тебе би било непочитување? Детето седи со старите скоро секој ден ( и ова е најчесто иницирано од старите, не од родителите ). Пошо ако не го пушташ да седи со нив тогаш им браниш, пак си лош. Нејсе, го пушташ доле.
Не му давај чипс. Му дава.
Не му давај кока кола. Му дава.
Не му давај за јадење, ќе јаде горе со нас. Му дава.
Не му пуштај тв поради тоа и тоа. Му пушта.
Неколку пати се дешава ова и веќе детето не го пуштаат долу. Ова е нетрпение или непочитување?Кој е во криво според тебе во ситуацијава?
Бабата и дедото треба да разберат дека нивните деца се родители, а не тие. И дека какви и насоки избрале нивните деца како родители, треба да ги почитуваат. Не може едната страна да почитува, а другата да прави шо сака пошо се постари, демек за постарите почит.


Сепак е во право. Биди здрава и жива, утре син ти да ти донесе снаа и истата снаа да живее под твој покрив што си го спечалила па да ти брани внучето да си го видиш или нешто друго да ти префрла - домот да ти го направи место за препукување или фаќање кусур.

Многу млади, машки и женски, повеќе немаат никаква почит кон своите родители камо кон туѓи. За трпение да не ни збораме.
Женско дете, туѓа куќа. Твоите не ти оставаат наследство пошо си женско, кај мажот си вечен гостин. ;)
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.706
Поени од реакции
10.107
Се тоа супер. Ама и старите ќе сакаат еден ден некој да ги гледа. Па памет во глава и за нив.
Ти, за еден ден да те гледаат, ќе оставиш години да те понижуваат?

Има старски домови крај краева. Не се живее повеќе со залогот аман ќерко не се сели во Швица оти нема кој да ме гледа на стари години. Па цел живот детето роб на неразбрани родители и обратно ова што го потенцира ти погоре цел живот родителот роб на неразбрани деца.


Тука мислам дека е многу важно да се повлече линијата, што е линијата на "не те почитуваат и немаат трпение", бидејќи мислам дека двете страни не го перцепираат исто овој момент.
Точно и таа линија се разговара, се седнува со нив и ќе им кажиш ова ми смета ова не ми смета, а и тие тебе. Возрасни луѓе разговараат претходно, а и откако нешто ќе искрсне.

Затоа и сите точки што ги наброја подолу се предмет на договор. Исто, не постои крајно непочитување на се' што е кажано од страна на родителите на тоа дете - пошто гледам кон тоа целиш.
Родителите поставуваат граници, бабите и дедовците малку ќе ги извиткаат тие граници ама дека целосно нема да ги почитуваат тоа не знам.
Примерот што го кажав со тетка ми и внукот беше баш таков. Се усогласија со снаата, имаше еден период на прилагодување од двете страни ама на крај детето беше гледано според желбите на родителите.

Женско дете, туѓа куќа. Твоите не ти оставаат наследство пошо си женско, кај мажот си вечен гостин. ;)
Како?
Утре да имаш имот и да имаш машко и женско ќе му речиш на ќерка ти: Ова е се' на брат ти, ти си женско замини си, кој те тркала?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.866
Поени од реакции
35.660
Малце фати накај турска серија и ти :pos:
Турците се мудри луѓе, не за џабе не владееле 5 векови ;)

Постов ти е, кажи ми дека не си родител без да ми кажеш дека не си родител. Може и јас летав вака со умот пред да имам дете, не знам. Убава идеја во теорија, во пракса скоро невозможна, од секој аспект.

Јас во мојот пост зборувам од привилегирана гледна точна, пошо јас и сопругот тука ( во Шведска ) иаме 480 дена породилно отсуство, речиси бесплатна градинка, и малтене неограничени денови за боловање при болест на мало дете. Кои работодавец не смее да ти ги одбие, точка. Впрочем, јас после 11 месеци породилно отсуство се вратив на работа, а породилното го превзеде сопругот, уште 6 месеци. Мене не ми треба никој моментално да ми го чува детето, сите примери што ги посочив се кога сме биле на посета во МК ( вкупно два пати ) и нормално дека ќе им го оставам за да го гледаат детето, сепак се баба и дедо, не сакам да им кратам од тоа задоволство.
За жал многу други земји ( вклучувајќи ја МК ) ја немаат оваа привилегија. После 9 месеци породилно детето треба или да тргне во градинка или да остане со баба и дедо. Ако тргне во градинка верувај дека е болно секоја недела. Нема работодаввец во МК кој го толерира тоа, ти потпишувам со две раце. Многу ( во најголем број жени, за жал ) или добиваат отказ или самите се откажуваат од работа.
Тие што се со баба-сервис, најчесто таа помош е иницирана од самите баба/дедо, никој не им тупнува дете туку така. И пак ќе речам, ако се одлучиш да му помогнеш на сопствено дете во можеби најпредизвикувачката улога, тоа не значи дека треба таа помош да е условена. Ти посакувам еден ден да станеш родител за да сфатиш колку безусловна е родителската љубов. Јас не можам да замислам да го условувам моето дете кога му треба помош, као ок те гледам се мачиш, растргнат си на сите страни со детето, не спиете, немате време да готвите јадење, немате време да се истуширате ( да, the joys of parenthood, некогаш немаш време да мочаш), ти нудам помош, ама под мои услови.

Јас повременото чување на внуците/давање имот на поклон не го гледам како милостина, сепак за мене родителите се едни од најблиските личности штопостојат, кои секогаш работат за доброто на своите деца, секогаш се тука за помош во тешки моменти ( тука важи и обратното ). Претешко е моментално за млад човек да го осигура станбеното прашање, не гледам нишо лошо доколку родителот сака и има можности да му помогне да има полесен почеток во самостојниот живот. Секако, да не се злоупотребува и да се има граница.

И многу голем дел од постов ти е его трип, сори. Не секој успеал како тебе, тоа не значи дека се неспособни. Звучиш како да имаш огромна количина омраза и горичина кон тие кои наследиле нешто од своите родители. Поради разно разни причини ( некогаш скроз несебични, дури и пожртвуваност за родителите ) многу луѓе и не се иселуваат. Некои не можат пошо се заглавени во лоши работни места ( не секој успеа да се качи на ИТ возот ), не значи дека се глупи или неспособни или дека ги цицаат родителите.
Небитно е во која држава се наоѓаш, ако си одлучил дека ќе создаваш фамилија, треба да си спремен да преземеш чекори кои се надвор од зона на комфор.
И не треба да заработуват којзнае колку, или да прават чуда, се е до решителноста и спремноста на луѓето. Не секогаш сме имале пари, баш напротив, но од прв момент сме живееле далеку од нашите, иако сме жртвувале и одмори и излегувања.

Работа се наоаѓа, и во Македонија помина времето кога беше страшно ако те избркаат од работа, небитно на професијата. Веќе се мачат да најдат кадар во секоја област, па не е изговор за тоа што некој се тутка со мама и тате, а сака приватност, па уште и сите да му се клањаат.

Очигледно тебе те одгледале и израснале истите луѓе од кои сега се плашиш дека ќе ти го оштетат детето, не гледам дека ти биднало нешто лошо, а нема да му биде ни на детето со тоа што еднаш ќе касне храна која не е по препорака. Ако почнеш да „гуглаш“ за сите можни несакани ефекти кои може да се случат, ќе ти биде страв да излезеш од дома и ќе живееш на прашок и суплементи (хинт, оди побарај видеа со зеленчук и овошје под микроскоп да видиш какви буби имаш таму).
Реалноста е дека таквите екстремни ситуации се статистичка грешка. Човекот во текот на еволуцијата немал ни 1% од условите што ги има сега, па пак преживувал, и тоа не толку одамна, пред само 70 години во Македонија се имаат пораѓано дома и од страна на рандом селски баби, а децата им спиеле на ржани рогозини, во иста соба со уште 10+ луѓе, немале чешми по дома и имале „полски вециња“. Малку пред тоа цел свет бил во страотни војни, немале ни да јадат и живееле во мизерија од хигиена, па пак се родиле деца, пак преживеале и не сме уништени како вид. Немој само да пребараш како било во среден век, по логиката од сега, не требаше никој да преживее.

Не викам дека се неспособни, туку разгалени и непринципиелни. Не треба да си којзнае колку успешен за да ги знаеш и почитуваш овие работи. Ако до толку ги мразат тие старите, треба да си соберат парталите и да се тргнат во свое, а не од една страна убаво е некој да помага во секој можен аспект, ама од друга и треба да ни игра како што ќе свириме.

Погрешна ти е процената, ниту имам љубомора, ниту ме интересира кој што добил, единствено не почитувам дволичност и лажно глумење на жртви. Животот и човечките односи се премногу едноставни, проблемот е што луѓето не се искрени поради Х причини и ситни бенефити, па после кукаат на страна.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.043
Поени од реакции
36.435
Како?
Утре да имаш имот и да имаш машко и женско ќе му речиш на ќерка ти: Ова е се' на брат ти, ти си женско замини си, кој те тркала?
Од Охрид е Емче така да на никој. Ќе го издава со легендарната "смештај дан требит?" :pos:
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.407
Поени од реакции
2.384
Најгрозно е кога мажот и жената живеат со старите, најубаво е сами, а ако не можат да си дозволат, тогаш не знам што да кажам, Бог нека им е на помош, овој феномен на живеење со свекор и свекрва го има само на Балканот, заостанато е до коска. Може да се посетуваат старите и детето, внучето, да се остава, да го причуваат на пар саати, но зависи колку се нападни и колку се мешаат, факт е дека 90% од разводите во мк се ради свекрва или свекор.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.100
Поени од реакции
21.748
факт е дека 90% од разводите во мк се ради свекрва или свекор.
Za brak se potrebni dvajca, za razvod samo komsijata. Tuka svekor svekrva ne e ni spomnato , kamo li deka se 90% pricina za razvod ;).
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.249
Поени од реакции
10.877
Во околина имам и вегани и вегетаријанци со деца, еве пример тие не им даваат месо на децата, сеа ако бабата и дедото не се согласуваат со овој начин на живеење, дали мислиш дека е ок скришно да им даваат месо?
Аииии само немој за вегетаријанство/веганизам кај деца наметнато од страна на родителите. Тоа никако не го поддржувам и апсолутно сум против експериментирање и наметнување таков lifestyle на детето уште од мали нозе. Ако ти како родител сакаш да живееш таков живот океј, ама немој да лечиш сопствени фрустрации преку детето. Кога ќе порасне само нека си одлучи дали ќе јаде месо или не.

И знаеш како би постапила во таква ситуација? Никако преку децата, туку директно и отворено преку родителите. Би ги седнала двајцата и би ги едуцирала преку power point презентација, со студии и факти и аргументи против вегетаријнство кај деца, кои се несакани ефекти и последици од тоа.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.133
Поени од реакции
15.973
Јас си ја обожавам баба ми, ме гледаше кога можеше и сум можела да муабетам за се и свашта со нејзе, уште на редовна база си правам муабет.
Ова е баба од мајка ми, чисто за инфо. Мајка ми цел живот си го гризе јазикот за да и пресече нешто, за еден куп ствари не се слагаат, ама цел век и ќути.
Од друга страна, на мајка ми апла и е криво што јас за ништо не и ќутам.

Јас ќе се нервирам за едни работи, мајка ми за други, но не за истите ствари, пошто не сме исти особи и немаме прифатено исти услови за живеење и функционирање.

Сите три си се сакаме, сега од подалеку, ама ни малце не треба да е човек слеп дека за се правиш некаква жртва во животот, дај ми, на ти муабетот, дури и со тие кои ти дале живот буквално. Е сега, ако имате пушовери цел живот што за ништо не бараат возврат, ни емоционално, ни никакво, тогаш бравос за вас, сигурна сум дека нема поарно.

Јас да се потсетам што јадев ко дете, има погорните две особи во затвор да одат од сегашните родители. Но, никогаш не сум била на диета, немам вишок, немам емоционални нарушувања со храна, јадам од се по малку, кога ми се јаде, и што ми се јаде. За бебиња нормално си има исхрана, која сите треба да се држат до неа, но за поголеми деца мене лично, побитно ми е колку јаде, неголи што јаде.

Се надевам после кажаново реализираните мамички во иднина ќе ми дозволат да им се приклучам во клубот.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Најчесто најгласни на ваквите теми се оние кои немаат деца или немаат чувано сопствено дете/дете на партнер и слично. Затоа теоретски муабетите ви се супер, во пракса знае да биде баајги иритирачки. :)

Јас за среќа имам совршена мајка во тој поглед, никогаш ништо не направи против моја волја или мој став за детето, а ја чуваше односно ми помагаше од првиот ден кога се роди. И ден денес баба и е свето нешто, иако е 10 години.
Што значи дека детството може да ти е совршено со баба/дедо и без да се погазуваат принципите, ставовите и стравовите на родителите. Не знам оти се ставате во исти ќош …
Сега се најдобри другарки во која повеќе сладолед може да изеде :D, ама не и даде сладолед пред јас да одобрам кога беше малечка. Така да, скроз мешате лонци и не ја сфаќате поентата на пример Емка што сакаше да ја долови.
Свекрва не сум имала никогаш, но знам дека на истиот принцип треба да функционира се дури и во заедничко живеење со “старите”.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.480
Јас израснав со баба ми и дедо ми една третина од животот и поубаво детство и поубави спомени од тој дел од животов немам. Баба и дедо се нешто свето, не им го одземајте тоа на децата за глупости, за суета, инает или љубомора.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.706
Поени од реакции
10.107
Најчесто најгласни на ваквите теми се оние кои немаат деца или немаат чувано сопствено дете/дете на партнер и слично. Затоа теоретски муабетите ви се супер, во пракса знае да биде баајги иритирачки. :)
1. Лестер нема деца.
2. Маја нема деца.
3. Акцесо нема деца.
4. Јас неам деца.
5. Џонтра нема деца.
6. итн... *(you get the point) ;)

Кој од овие конкретно кажа нешто погрешно на темава и нешто различно од тоа што ти го напиша дека децата е богатство и благодет да растат со своите баби и дедовци?

Ене ја другарка ми има дете, јас неам, тоа што не ја има ќерка и од дома извадено 2 години и шо не знај шо „боја“ има небото освен на ТВ или слика ако нема видено е друго двајсе ;)

Знаеш како викаат: „Пет минути слатко, цел живот татко“.
Не е тешко дете да направиш, напротив. Оди земи да те видам израсни го и воспитај го во здрава личност и притоа почитувај си ги родителите и своите и на партнерот кога се грижат за тоа дете, пошто ако правеа нешто погрешно сигурно и ти немаше да бидиш на овој свет. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom