Малце фати накај турска серија и ти
Турците се мудри луѓе, не за џабе не владееле 5 векови
Постов ти е, кажи ми дека не си родител без да ми кажеш дека не си родител. Може и јас летав вака со умот пред да имам дете, не знам. Убава идеја во теорија, во пракса скоро невозможна, од секој аспект.
Јас во мојот пост зборувам од привилегирана гледна точна, пошо јас и сопругот тука ( во Шведска ) иаме 480 дена породилно отсуство, речиси бесплатна градинка, и малтене неограничени денови за боловање при болест на мало дете. Кои работодавец не смее да ти ги одбие, точка. Впрочем, јас после 11 месеци породилно отсуство се вратив на работа, а породилното го превзеде сопругот, уште 6 месеци. Мене не ми треба никој моментално да ми го чува детето, сите примери што ги посочив се кога сме биле на посета во МК ( вкупно два пати ) и нормално дека ќе им го оставам за да го гледаат детето, сепак се баба и дедо, не сакам да им кратам од тоа задоволство.
За жал многу други земји ( вклучувајќи ја МК ) ја немаат оваа привилегија. После 9 месеци породилно детето треба или да тргне во градинка или да остане со баба и дедо. Ако тргне во градинка верувај дека е болно секоја недела. Нема работодаввец во МК кој го толерира тоа, ти потпишувам со две раце. Многу ( во најголем број жени, за жал ) или добиваат отказ или самите се откажуваат од работа.
Тие што се со баба-сервис, најчесто таа помош е иницирана од самите баба/дедо, никој не им тупнува дете туку така. И пак ќе речам, ако се одлучиш да му помогнеш на сопствено дете во можеби најпредизвикувачката улога, тоа не значи дека треба таа помош да е условена. Ти посакувам еден ден да станеш родител за да сфатиш колку безусловна е родителската љубов. Јас не можам да замислам да го условувам моето дете кога му треба помош, као ок те гледам се мачиш, растргнат си на сите страни со детето, не спиете, немате време да готвите јадење, немате време да се истуширате ( да, the joys of parenthood, некогаш немаш време да мочаш), ти нудам помош, ама под мои услови.
Јас повременото чување на внуците/давање имот на поклон не го гледам како милостина, сепак за мене родителите се едни од најблиските личности штопостојат, кои секогаш работат за доброто на своите деца, секогаш се тука за помош во тешки моменти ( тука важи и обратното ). Претешко е моментално за млад човек да го осигура станбеното прашање, не гледам нишо лошо доколку родителот сака и има можности да му помогне да има полесен почеток во самостојниот живот. Секако, да не се злоупотребува и да се има граница.
И многу голем дел од постов ти е его трип, сори. Не секој успеал како тебе, тоа не значи дека се неспособни. Звучиш како да имаш огромна количина омраза и горичина кон тие кои наследиле нешто од своите родители. Поради разно разни причини ( некогаш скроз несебични, дури и пожртвуваност за родителите ) многу луѓе и не се иселуваат. Некои не можат пошо се заглавени во лоши работни места ( не секој успеа да се качи на ИТ возот ), не значи дека се глупи или неспособни или дека ги цицаат родителите.
Небитно е во која држава се наоѓаш, ако си одлучил дека ќе создаваш фамилија, треба да си спремен да преземеш чекори кои се надвор од зона на комфор.
И не треба да заработуват којзнае колку, или да прават чуда, се е до решителноста и спремноста на луѓето. Не секогаш сме имале пари, баш напротив, но од прв момент сме живееле далеку од нашите, иако сме жртвувале и одмори и излегувања.
Работа се наоаѓа, и во Македонија помина времето кога беше страшно ако те избркаат од работа, небитно на професијата. Веќе се мачат да најдат кадар во секоја област, па не е изговор за тоа што некој се тутка со мама и тате, а сака приватност, па уште и сите да му се клањаат.
Очигледно тебе те одгледале и израснале истите луѓе од кои сега се плашиш дека ќе ти го оштетат детето, не гледам дека ти биднало нешто лошо, а нема да му биде ни на детето со тоа што еднаш ќе касне храна која не е по препорака. Ако почнеш да „гуглаш“ за сите можни несакани ефекти кои може да се случат, ќе ти биде страв да излезеш од дома и ќе живееш на прашок и суплементи (хинт, оди побарај видеа со зеленчук и овошје под микроскоп да видиш какви буби имаш таму).
Реалноста е дека таквите екстремни ситуации се статистичка грешка. Човекот во текот на еволуцијата немал ни 1% од условите што ги има сега, па пак преживувал, и тоа не толку одамна, пред само 70 години во Македонија се имаат пораѓано дома и од страна на рандом селски баби, а децата им спиеле на ржани рогозини, во иста соба со уште 10+ луѓе, немале чешми по дома и имале „полски вециња“. Малку пред тоа цел свет бил во страотни војни, немале ни да јадат и живееле во мизерија од хигиена, па пак се родиле деца, пак преживеале и не сме уништени како вид. Немој само да пребараш како било во среден век, по логиката од сега, не требаше никој да преживее.
Не викам дека се неспособни, туку разгалени и непринципиелни. Не треба да си којзнае колку успешен за да ги знаеш и почитуваш овие работи. Ако до толку ги мразат тие старите, треба да си соберат парталите и да се тргнат во свое, а не од една страна убаво е некој да помага во секој можен аспект, ама од друга и треба да ни игра како што ќе свириме.
Погрешна ти е процената, ниту имам љубомора, ниту ме интересира кој што добил, единствено не почитувам дволичност и лажно глумење на жртви. Животот и човечките односи се премногу едноставни, проблемот е што луѓето не се искрени поради Х причини и ситни бенефити, па после кукаат на страна.