Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 5.000
- Поени од реакции
- 12.584
Апсолутно, човекот преживувал во секакви услови.Небитно е во која држава се наоѓаш, ако си одлучил дека ќе создаваш фамилија, треба да си спремен да преземеш чекори кои се надвор од зона на комфор.
И не треба да заработуват којзнае колку, или да прават чуда, се е до решителноста и спремноста на луѓето. Не секогаш сме имале пари, баш напротив, но од прв момент сме живееле далеку од нашите, иако сме жртвувале и одмори и излегувања.
Работа се наоаѓа, и во Македонија помина времето кога беше страшно ако те избркаат од работа, небитно на професијата. Веќе се мачат да најдат кадар во секоја област, па не е изговор за тоа што некој се тутка со мама и тате, а сака приватност, па уште и сите да му се клањаат.
Очигледно тебе те одгледале и израснале истите луѓе од кои сега се плашиш дека ќе ти го оштетат детето, не гледам дека ти биднало нешто лошо, а нема да му биде ни на детето со тоа што еднаш ќе касне храна која не е по препорака. Ако почнеш да „гуглаш“ за сите можни несакани ефекти кои може да се случат, ќе ти биде страв да излезеш од дома и ќе живееш на прашок и суплементи (хинт, оди побарај видеа со зеленчук и овошје под микроскоп да видиш какви буби имаш таму).
Реалноста е дека таквите екстремни ситуации се статистичка грешка. Човекот во текот на еволуцијата немал ни 1% од условите што ги има сега, па пак преживувал, и тоа не толку одамна, пред само 70 години во Македонија се имаат пораѓано дома и од страна на рандом селски баби, а децата им спиеле на ржани рогозини, во иста соба со уште 10+ луѓе, немале чешми по дома и имале „полски вециња“. Малку пред тоа цел свет бил во страотни војни, немале ни да јадат и живееле во мизерија од хигиена, па пак се родиле деца, пак преживеале и не сме уништени како вид. Немој само да пребараш како било во среден век, по логиката од сега, не требаше никој да преживее.
Не викам дека се неспособни, туку разгалени и непринципиелни. Не треба да си којзнае колку успешен за да ги знаеш и почитуваш овие работи. Ако до толку ги мразат тие старите, треба да си соберат парталите и да се тргнат во свое, а не од една страна убаво е некој да помага во секој можен аспект, ама од друга и треба да ни игра како што ќе свириме.
Погрешна ти е процената, ниту имам љубомора, ниту ме интересира кој што добил, единствено не почитувам дволичност и лажно глумење на жртви. Животот и човечките односи се премногу едноставни, проблемот е што луѓето не се искрени поради Х причини и ситни бенефити, па после кукаат на страна.
Зошто ти се пресели во Аус? Зарем во МК не можеше да преживееш? Или сакаше подобар квалитет на живот?
Каков телефон користиш? Nokia 3310 или смарт?
Ако развиеш некаква болест, сакаш да те лекуваат по протоколи од пред 50 години или со нови?
Во човечката природа е да сака подобро. И секој родител го сака најдоброто за своето дете, и нормално дека ќе следи нови препораки од релевантни здравствени институции, а не совети од баба и дедо кои гледале дете пред 30 години и од тоаш до денес немаат никаква допирна точка со тематиката.
Мене муабетот не ми беше за повремено давање храна која родителот не ја одобрува, туку за константно преминување граници и на некој начин превоспитување на детето. И останувам на мислењето дека таа помош што се нуди не треба да се условува, пошо е во најдобар интерес на детето.
И не ја сфаќам опсесивноста со давање чоколада и газирани пијалоци на деца, ниту па можам да разберам зошо на темава упорно се збори дека ваквата исхрана е дел од некој здрав баланс.
Најбрзо растечки рак меѓу младата популација е рак на дебело црево. До толку што многу земји и ги намалуваат возрасните граници за скрининг од 60 на 40 години, и многу доктори советуваат самоиницијативна проверка во 30тите. Никој не знае кој е причинител, но сите се согласни дека исхраната игра најголема улога. Па кој сака може да прочита повеќе, како цревната флора во најраните години влијае долгорочно. А и не мора, може да остави се во рамките на статистички грешки.
Јас верувам дека нашите родители не израснале со најдобри намери на ум, но знаењето и достапноста до информации во тоа време беше скоро непостоечка. Јас се сеќавам кога одевме по родендени ко деца секоаш имаше кока кола како пијалак, и демек за да не настинеме, за да не е толку газирана кока колата, родителите ставаа лажичка-две шеќер во чашите
Јас еве израснав на езеро, летно време по цели денови на плажа, не паметам ниту моите родители, ниту некој други родители да се замараа со мачкање со креми со заштитен фактор. Горевме, но тоа се сметаше ко чекор поблиску до потемен тен.
Денес кога скоро сите знаеме колку е штетно сонцето и таа директна изложеност, зошто да не се заштитиме?
Ама јас иам примери во околина кои се вегетаријанци поради религиозни причини. Генерации уназад израснале како вегетаријанци, сеа и децата ги растат исто. Не гледам да им фали нешо, ни физички ни ментално. Башка малото е 2 недели разлика со моето, а во сите milestones е понапредно, струја е. Кои се тие студии кои се против вегетаријанство? Те прашувам искрено, пошо тука ставот е дека нема негативни последици, баш напротив. Башка во сите градинки на дневно мени има две опции, една е со месо/риба, друга е вегетаријанска.Аииии само немој за вегетаријанство/веганизам кај деца наметнато од страна на родителите. Тоа никако не го поддржувам и апсолутно сум против експериментирање и наметнување таков lifestyle на детето уште од мали нозе. Ако ти како родител сакаш да живееш таков живот океј, ама немој да лечиш сопствени фрустрации преку детето. Кога ќе порасне само нека си одлучи дали ќе јаде месо или не.
И знаеш како би постапила во таква ситуација? Никако преку децата, туку директно и отворено преку родителите. Би ги седнала двајцата и би ги едуцирала преку power point презентација, со студии и факти и аргументи против вегетаријнство кај деца, кои се несакани ефекти и последици од тоа.
И не гледам зошо овој начин на живот е "лечење фрустрации на родителот", а пример пренесување религиозни верувања се смета ко традиција.
Поентата што Агда се обидува да ти ја долови е дека немаш објективно мислење, колку и да мислиш дека имашИсто е ова со тоа "тие што немате деца на темава најгласни сте".
Значи, се согласувам. Егото на страна, и почитување на туѓо мислење.
Ова не е реплика за тебе, туку за забелешката од погоре.
Што е поентата на тоа "вие не разбирате, немате деца" ? Немаме деца и немаме право на објективно мислење? Да, многу работи се учат со искуство, ама затоа и мислењата и ставовите не се секогаш константни туку се подложни на варијации. Искуството како такво секогаш ќе ви биде огромен плус, ама џабе ти е искуство ако не прифаќаш критика, сугестија, помош, поддршка, и мислиш дека си само ти најдобар во тоа што го правиш.
Немањето деца, не значи дека не може правилно да ги резонираме нештата и да расудуваме. Па сите имаме браќа и сестри со деца, пријатели, другарки, другари, роднини. Тука си правиме муабет на една општа тема. Инаку има и такви кои имаат деца а многу често не знаат што да прават и што ги снашло (не зборам за никој конкретен лик од темава, туку за реални примери од мојот живот кои секојдневно ги гледам).
Без разлика што немам деца, сметам дека имам доволно искуство со бебиња, доенчиња, мали деца, па и тинејџери и си земам за право да кажам што е правилно, а што погрешно (посебно од медицински аспект, кога е во прашање психофизичкото здравје на децата). Секако вие може да се согласите со моето мислење или не, може да го прифатите или не, ама пак ќе кажам тука сме да си правиме муабет, да водиме конструктивни дебати, преку кои може да се преиспитаме себе и своите ставови и да научиме нешто ново, зошто да не.
Се што е умерено е океј, се што е претерано не е океј. Баланс мора да има.
Исто ко ваљда тебе што те нервира кога имаш пациент кој се прави доктор преку гугл, а ти имаш практично искуство и години учење теорија во позадина.
Кога ќе станеш родител, ќе видиш колку од размислувањата ќе ти бидат базирани на инстинкт, а не на ум. Кога ќе те фаќа паника пошо доаѓа вечер и се приближува witching hour, знаеш дека те чека 3 часа плачење на детето, а ти си беспомошен буквално. Е кога ќе го поминеш тоа, секој ден со месеци, кога ќе ја прележиш првата сериозна настинка и видиш колку брзо може да им ескалира состојбата ( од прво закашлување до прием на итна поради гушење во 3 часа ), или колку една скокната дремка може да ти го заебе денот, и многу ситуации кои ни на крај памет не ти доаѓаат кога од твоја гледна точка размислуваш што значи и опфаќа грижата за дете, ќе те видам дали ќе зборуваш за здрави баланси, или дали Лестер ќе остави било која следна ситуација која може да ја контролира да оди во делот на статистичка грешка, па да си ја чука главата цел живот.
Идните мамички и татковци нека ја намалат иронијата на темава Да не биде нисам знајала. Се што ќе кажете, јас нема вака, јас нема така, јас ќе правам вака, а не така, ама се ќе ви се мавне од глава. Прашајте паталец, а не гаталец