Абе многу ја нападнавте, чекајте да се доискаже со втор пост, мислам првиот не и се баш убаво напишани работите односно не кажува во што е проблемот.
И јас осеќам дека има нешто за што се нема изјаснето доволно.
Инаку по темава, јас и нормално жена ми изгледавме (мислам уште али сега е полесно, поголеми се) две деца сами, без никаква помош, низ кој нервози сум поминал, фрустрации и не знам што, ми страв да се сетам.
Еднаш, поглемиот син имаше околу 4 години, помалиот не ни година, жена ми на сред ноќ доби некој напад, камен на бубрег, и тоа во ниедно време касно во ноќта, нема каде да ги оставам децата, постариов го будам и му викам ајде иди со нас, помалиов едвај се буди нема појма што се случува, го кревам преку рамо и полека со жена ми слегвиме по скали, одеднаш некој нерв ме закачи вкичма, мислам само мислата дека детево го имам на рамо, ме одрржа да не се струполам по скали. Тешко чуство, пукам од нервоза, фрустрации до без крај, животот не си го сакав.
Уште една ситуација, исто поврзана со тој ебан камен на бубрег, јас бев далеку од дома, некој сат и пол возење, исто касно во ноќта, жена ми се јавува и пак истото, болки до небеса, сама со децава, тогаш помалиот немаше ни 5 месеци, и викам на жена ми, немам што да правам, далеку сум, ќе викнам амбуланта, од таму ми се јавува некоја глупача и ме прашува, миљион прашања, и објаснувам, абе не сум дома, далеку сум, инаку не те чекав тебе, дај пушти некој таму. Уште што не ја отерав у пм, а немоќен да направиш било што.