- Член од
- 12 февруари 2014
- Мислења
- 7.933
- Поени од реакции
- 25.375
Сме имале среќа.1. Лестер нема деца.
2. Маја нема деца.
3. Акцесо нема деца.
4. Јас неам деца.
5. Џонтра нема деца.
6. итн... *(you get the point)
Кој од овие конкретно кажа нешто погрешно на темава и нешто различно од тоа што ти го напиша дека децата е богатство и благодет да растат со своите баби и дедовци?
Ене ја другарка ми има дете, јас неам, тоа што не ја има ќерка и од дома извадено 2 години и шо не знај шо „боја“ има небото освен на ТВ или слика ако нема видено е друго двајсе
Знаеш како викаат: „Пет минути слатко, цел живот татко“.
Не е тешко дете да направиш, напротив. Оди земи да те видам израсни го и воспитај го во здрава личност и притоа почитувај си ги родителите и своите и на партнерот кога се грижат за тоа дете, пошто ако правеа нешто погрешно сигурно и ти немаше да бидиш на овој свет.
Новите генерации најчесто се добро потковани со сите ризици на кои се изложени бебињата и малите деца. Старите ги немаат овие познавања, затоа што во нивно време овие информации биле недостапни или непознати. Затоа е многу битен моментот на почитување на граници што го спомнаа неколку мајки тука, а реално ретко кој од постарите генерации го има ова во предвид. Кај нив владее егото многу често и доаѓаат со муабети од типот „јас три деца израснав, ти ќе ми кажуваш“, а немаат информации за тоа кои храни може да доведат до загушување и недајбоже смрт, на пример, или дека во креветчето на бебето не смее да има никакви ќебенца, играчки и сл. Кога станува збор за здравјето и животот на моето дете, ќе си го ставиш егото на страна и нема да приговараш, туку ќе почитуваш ако ти кажам дека нешто ме загрижува.
Со ова нерви истанчив.
Покрај ова, јас сум бескрајно благодарна на фамилијата на маж ми затоа што се тепаат кој да го чува син ми кога работиме и баш поради ова знам да прогледам низ прсти за некои работи, на пример апсурдни нешта како давање благо на мали деца кои не знаат ни да го побараат со зборови.
Сепак сметам дека е битно децата да растат и со поширока фамилија, тоа беше и една од причините зошто се преселив преку океан.