Да се надоврзам на мојот претходен пост. Гледам дека никој до сега не ја споменал германската класика, очигледно и јас сум ја заборавил, па да го вметнеме и овој филм во онаа листа на воени филмови иако повеќе е драма, али сепак има WWII тематика.
Das Boot
Филмов е одлично изработен, изобилува со патриотизам, херојство, упорност и нити еден процент губење на надеж, режисерот (Wolfgang Petersen кој патем ги има режирано Troy, Air Force One, A Perfect Storm) вметна една вистинска драма и тензија во филмот, што дава реална и јасна слика како би било доколку ти би се наоѓал во таков хаос. Ликовите се претставени како храбри и во исто време уплашени до степен на лудило, млади војници кои мораат да носат тешки одлуки и во ниту дел од секундата да изгубат надеж (< нешто што највеќе ми се допадна во филмов).
Филмов трае долго (јас го гледав extended :/), треба цела вечност за да започне некоја акција, но кога започнува акцијата и надмудрувањето, едноставно не може да ти биде досаден филмот, јас очекував малку повеќе акција, но не сум незадоволен, филмов ги исполни моите очекувања, пред се ме изненади режијата, начинот на кој е вметната тензија и напнатост во филмов, како и она херојство на германските војници.