Воени авиони

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Да ги заокружиме холанџаните, тука е Фокер Д-21, нискокрилец со фиксен стајни трап, релативно спор за 1939-40 но со извонредно маневрирање. Финска примила неколку готови авиони од Холандија и лиценца за фабриката Валмет при што на тој начин се стекнале со околу 100 ловци од овој тип. За време на Зимската војна ова бил единствен колку толку модерен ловец со кој располагале. Две ескадрили Д-21 на свој грб го пречекале нападот на 3800 советски авиони!
Граден да биде крајно борбено отпорен на оштетувања, лесен за одржување и да полетува од секакви ливади и патишта, ова чудо со 6*7,9мм и британски мотор од 870 к.с. во фински раце се покажало како врвен авион, често опремен со скии за полетување од замрзнати езера. Пилотите на Д-21 забележале сериозен број на воздушни победи.
Во холандски и дански раце овој ловец нешто и не се покажал вс. Луфтвафе.

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Продолжуваме со помалку познати и непознати авиони од ww2 а тоа е романскиот пресретнувач IAR-80 (Industria Aeronautica Romana). ИАР била сериозна фирма со неколку извонредни проекти а врвот бил достигнат со бомбардерот ИАР-79 и ловецот ИАР-80/81/82.
Во авијацијата постои еден момент а тоа е располагањето со соодветна погонска група за одреден авион. Во Романија во тоа време на располагање како најјак мотор бил лиценцниот француски Испано-Суица К-14 од околу 1040 к.с.
Околу тој мотор бил проектиран и домашниот пресретнувач ИАР-80. Низ искуството од претходните проекти и производството по лиценца на полскиот ловец П-24, ИАР го проектира, полетува и започнува сериско производство во нецели година и пол што за скромната романска индустрија било голем успех.
Првичните верзии имале 4*7,92мм, подоцна 6*7,92мм и конечно 2*20 Ерликон топови и пар 7,92мм митралези.
Во недостаток на Штуки и неспремноста на Рајхот да достави такви авиони во поголем број, ИАР-80 добива нова улога на пикирачки бомбардер. Тоа не било случајно туку било приметено дека овој ловец имал одлични својства при понирање за време на воздушните борби на источниот фронт. Оттука следела одлука да сите нови ловци од овој тип имаат носач за 250кг бомба под трупот, слично како кај Штуката.

Многу романски асови летале повремено на овој авион. Принцот Кантакузин, водечкиот романски ас со 69 воздушни победи е еден од нив.
Произведени биле околу 460 фрејмови од нарачки за барем 500 а производња запира при крај на 43 поради немање делови и општиот јаз меѓу можностите и потребите на романската авијација.

Овој ловец се прославува при америчките напади на Плоешти кога на ИАР-80 паѓа задачата да ги лови пратечките тешки ловци П-38 Лајтнинг. Иако со 540 км/ч е осетно побавен од П-38, на пониски висини и близу до земја таа разлика се намалува до таа мера што ИАР-80 разбива неколку амерички ескадрили!
Повремено се напаѓаат и Б-24 Либераторите кои сеат смрт низ Романија.

Интересно ова е првиот ловец во светот со т.н. Капка-кокпит, тренд кој ќе стане општоприсутен при крајот на војната со П-47, П-51, доцни Спитфаери, Темпест и Тајфун, Јак-9 итн.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Југословенскиот ловец Рогожарски ИК-3. За време на првиот полет 1938 овој авион бил еден од најдобрите на светот по сите параметри. Интересно е тоа што мали и сиромашни земји и економии во тоа време можеле да направат врвни летала.
Но прототип е едно а сериско производство друго. Француските мотори биле достапни во крајно ограничен број пошто Франција со сите сили гледала да ги замени своите застарени авиони со ново поколение.
Па така до нападот на оската на 6.4.1941 имало само една ескадрила со ИК-3 базирана во Земун.
Овој ловец со легендарниот мотортоп од 20мм ХС-404 имал и пар митралези од 7,9мм. Носел 100 гранати и 1000 куршуми. Брзината била околу 530 км/ч со што во 1941 веќе застарувал. Немањето можност за набавка на погонска група после падот на Франција го одложило сериското производство па така во Април 1941 имало 25 скоро готови фрејмови и 60-тина во разни фази на склопување. Идејата била да се набави британскиот Ролс Ројс Мерлин Мк.1 од 1060 к.с.

При нападот на Белград и почетокот на војната во екс-екс-Југа, ИК-3 оствариле најмалку 10 воздушни победи борејќи се против Бф-109Е и разни бомбардери.
Премалку на број за да имаат некое влијание, овие ловци остануваат како куриозитет на некое минато време кога јадни земји можеле да создадат врвни системи!

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Според некои најлошиот ловец во војната, америчкиот Брустер Ф2А Бафало. Познат и како летечкото буре за овој авион се врзува почетокот на битката за Мидвеј кога пар ескадрили на Маринците вооружени со него биле буквално масакрирани од страна на јапанските морнарички Зеро.
Не многу подобро се покажале и холандските во Источна Индија (Индонезија) во судар со Зеро, Ки-27 и А5Н Клод.
Австралиските бизони се бореле во Малаја но ги загубиле повеќето авиони пред падот на Сингапур.

Но, има едно големо но. А тоа е употребата на 44 бизони во Финската авијација. На северниот фронт, овој скромен ловец се покажал феноменално остварувајќи околу 500 воздушни победи со загуба на 19 летала во борбени услови! Релативно силно вооружен со 4*12,7 мм митралези Ма Дјус со 2400 куршуми и брзина од околу 550 км/ч, имајќи одличен долет овој авион во борбите со И-16 и И-153 немал сериозен проблем. Подоцна против ЛаГГ-3. Миг-3 и Јак-1 сеуште се држел феноменално.

Па така имаме една контроверзна машина, која според америте била дно, а според финците страшен ловец.

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.621
Поени од реакции
42.151
Сите ловци амерички до ф-14 се катастрофа. Една цефка како Миг-21 ги има шамарано над Виетнам. Не знам како ја створиле ф-14, но тој авион отворил една нова димензија во дизајн и карактеристики што до ден денес се присатни.
 
А Мустанг, Корсер, Хелкет и Тандерболт од WW2? Сејбр во Кореја?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Боинг П-26 Пишутер

Еден од најбизарните ловци од WW2, првиот амерички еднокрилен ловец П-26. Датирал од 1932 но поради својот квалитет и издржливост останува во вооружување до почеток на 1942 кога конечно е заменет со П-40 Томахок.
Две ескадрили се наоѓаат во раце на Филипинското воено воздухопловство а две го чуваат Панамскиот канал. И токму филипинските летала ќе се сретнат со јапанската наезда на 7.12.1941.
Наоѓајќи се на патот на стотици и стотици модерни јапански авиони кои надираат над Филипини, америте и домашните пуштаат све што може да лета во употреба. Така и крајно застарените П-26, први со митралези од тежок калибар во светот (12,7мм и 900 куршуми) полетуваат и со скоро 400км/ч се обидуваат да стигнат некој од натоварените противнички бомбадери Г3М и Ки-21. Нивната пратња од А6М Зеро се препречува пред храбрите филиписнки пилоти кои крајно неочекувано успеваат да соборат неколку јапански авиони меѓу кои и најмалку два Зеро!
Сепак колку и да се издржливи овие летечки прасиња не успеваат да направат нешто повеќе од моментална препрека на јапанското цунами.
Денес сеуште постојат неколку П-26 во летна состојба!

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.380
Според некои најлошиот ловец во војната, америчкиот Брустер Ф2А Бафало. Познат и како летечкото буре за овој авион се врзува почетокот на битката за Мидвеј кога пар ескадрили на Маринците вооружени со него биле буквално масакрирани од страна на јапанските морнарички Зеро.
Не многу подобро се покажале и холандските во Источна Индија (Индонезија) во судар со Зеро, Ки-27 и А5Н Клод.
Австралиските бизони се бореле во Малаја но ги загубиле повеќето авиони пред падот на Сингапур.

Но, има едно големо но. А тоа е употребата на 44 бизони во Финската авијација. На северниот фронт, овој скромен ловец се покажал феноменално остварувајќи околу 500 воздушни победи со загуба на 19 летала во борбени услови! Релативно силно вооружен со 4*12,7 мм митралези Ма Дјус со 2400 куршуми и брзина од околу 550 км/ч, имајќи одличен долет овој авион во борбите со И-16 и И-153 немал сериозен проблем. Подоцна против ЛаГГ-3. Миг-3 и Јак-1 сеуште се држел феноменално.

Па така имаме една контроверзна машина, која според америте била дно, а според финците страшен ловец.

Многу го сакав во играта Ил-2 Штурмовик.

Финските модели имале една голема предност над другите што немале опрема за слетување на носач на авиони (кука, механизам за извлекување, чамец на дување со опрема за преживување и слично) со што биле многу полесни и поманеврабилни.

Многу помогнала и климата бидејќи на Пацификот и Малаја лесно прегревале моторите. На северот го немале тој проблем, напротив.

Некои од Холандските пилоти пред конечниот слом во Малаја почначе да летаат со пола гориво (бидејќи конечно Британците пратиле радар со што можеле да бираат време на полетување) и така ги подобриле летачките карактеристики но било предоцна.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
ЈуРом Нови Авион.

Југославија при крај на осудесетти полека но сигурно го прифаќа фактот дека има потреба за менување на главнината на пресретачката авијација која се базира на стариот МиГ-21. Како привремена мерка се набавува една едина ескадрила МиГ-29 а јуришната авијација е осетно подобрена откако старите и спори Јастреби се заменети со домашниот Орао, авион кој необично наликувал на Јагуар, но со пар слабички Ролс-Ролс Вајпер мотори што го правело скроз инфериорен на споменатиот Јагуар.

Целокупната југословенска авијациска индустрија се планира да биде ангажирана во правењето на ловец од четврта генерација со кодно име Нови Авион. Ова летало прилично наликува на францускиот Рафал кој бил очигледна инспирација.
Со него делат и исти мотор, Снекма, но кај Рафал имаме два а кај Нови Авион само еден.
Планот бил за производња на најмалку 1000 фрејмови, 240 за домашна употреба и остало за извоз. Ниската цена и релативно полесно одржавање би биле адути со кои Нови Авион би се наметнал како замена на авионите од втора генерација како МиГ-21, Ф-100 па и јуришни Су-7/17 или А-4 Скајхок.

Во прокетот било планирано и евентуално придружување на романски ИАР со кои веќе се соработувало во седумдесеттите. Планираниот романски пресретач ИАР-95 бил напуштен како проект поради финансиски причини па така се појавила мисла за нова соработка.
Целта била да се има 10 ескадрили пресретачи и 10 ескадрили ударни авиони.

Но како што знаеме, распадот на Југославија и крахот на фирмата СОКО во Мостар заедно со придружните индустрии значел и крај за овој необично амбициозен проект.

Брзината би требало да биде околу Мах 1,8, долет со максимално опрететување од 4500кг околу 700км, опремен со хед-ап дисплеј кој бил скоро готов во 1991 и француски радар за пресретање.
 
Една од причините за доцнење на проектот (освен пари) била што долго време никој не сакал да продаде лиценца за происводство на мотори (еден од покомплицираните делови на авионот) а од истата причина Орао има 2 релативно слаби мотори налесто 1 асален.

Шведска има проблем при продажба на Грипените затоа што дел од моторот е со Американска технологија и секоја продажба мора да ја одобри Конгресот.
 
Погонската група е алфа и омега но во светот можат да се избројат на прсти земјите кои имаат технологија за такво нешто, една Кина со децении зависела од Совјетска технологија, дури последниве 10-тина години развивале нешто налик на сопствена погонска група.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
PZL P-24

Овој полски ловец се појавува во 1933 и има потенцијал да ја доведе полската ловечка авијација на прво место на светот бидејќи би била единствена опремена исклучиво со целометални пресретнувачи!
Еднокрилен висококрилец со ѕвезда мотор, едносед со целосна метална обвивка, затворена кабина, наоружан со два топа од 20мм и пар митралези, бидувајќи необично силно опремен, овој авион во 1934 го соборува светскиот рекорд во брзина за ловци со 434 км/ч.

Но за време на германскиот напад во септември 1939 во Полската авијација имало само неколку прототипови на П-24 кои набрзина биле вклучени во оперативни ескадрили.
Како што се вели војниците добиваат војни а политичарите ги губат па така полското цивилно раководство решило да не одвојува средства за набавка на 6 ескадрили П-24 туку заедно со лиценцниот Ном-Рон мотор од 970 к.с. да биде правен исклучиво за извоз!

Па така извозните П-24 ќе се најдат во екот на војната.
Романските две ексадрили заедно со постариот П-11 имале задача да ескортираат средни бомбардери ИАР-79 и ПЗЛ П-37 Лос. Освен тоа овие летала патролирале низ црноморската акваторија соборувајќи извесен број советски СБ-2 и ДБ-3. Во сударите со И-16 Ишјак овој ловец се покажува како супериорен во се освен во брзина.

Грчките све ескадрили кои биле језгро на грчката авијација се покажале сосема добро при италијанскиот напад во 1940 кога пресретнувале СМ-79 и СМ-81, Ро-37 и ЦР-32/42.

Па дури и турските ВВС полетувале многу пати за да натераат залутани британски и амерички бомбардери да бидат принудени да слетаат. Но тоа ретко се случувало, едноставно сојузничките бомбардери користејќи ја предноста во брзина лесно му бегале на турските П-24.
Бугарија имала 82 П-24 а заинтересирана била и Југославија но во тоа време полетува ИК-2, југословенски домашен ловец опремен со топ кој бидува сличен на П-24 но со линиски мотор наместо ѕвезда.
И така овој авион служел исклучиво на Балканот што е навистина куриозитет, покажувајќи солиден потенцијал кој со појак мотор од некои 1200 к.с. би можел да трае барем до 1943.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
ИАР-79

За време на шпанската граѓанска војна многу земји се соочиле со новата реалност каде што старите претежно двокрилни тактички бомбардери се покажале многу слабо соочени со најновите захтеви на една модерна војна.
Имајќи предвид тие искуства, многу земји започнуваат со нагла модернизација на своите оружени сили. Југославија имајќи преку 650 стари тактички бомбардери Бре-19 и Пот-25 започнува со лиценца за До-17. Романија во тоа време се интересира за британските Бленхајм и италијанските Спарвиеро. Но производните линии за Бленхајм се толку оптеретени што тешко се доаѓа до позначителтен број авиони. Истото важи и за италијанскиот бомбардер. Трета опција останува развивање на сопствено летало кое ќе биде основа на тактичката авијација со можност за евентуални подлабоки пробиви на противничка територија.
И така во 1938 полетува ИАР-79, среден бомбардер двомоторец кој носел 2000кг бомби и имал 4 митралези од 12,7мм за сопствена одбрана (еден во нос, еден на грб, по еден од обете страни нешто како кај америчките Б-17/Б-24). Производството врвело споро се додека Сталин не врши инвазија врз Романија во 1940 и ги одзема Буковина и Бесарабија.
Во тие моменти немањето на соодветни летала се покажало на драматичен начин.
Оттогаш производството се базира околу моќните германски редни Јункерс ЈуМо-211 со 1440 к.с. кои на авионот му даваат одлични карактеристики. Геманците решаваат да дадат лиценца а за возврат добиваат илјадници барели сирова нафта.
Овој бомбардер учествувал од првиот ден на Барбароса 1941, па се до 1945 и она по кое бил познат е издржливоста. Советските ловци кои имале стандард пешадиски калибар од 7,62мм (И-15,И-153,И-16 и остали) тешко можеле да го соборат овој авион кој бил веројатно прв источноевропски бомбардер со соодветен оклоп за заштита на виталните делови.

На сликава е прототипот од 1938 кој полетал со романските лиценцни К-14 звезда мотори од 1040 к.с.
Според некои извори биле произведени најмалку 75 примероци, според други пак 128.

Во интербелумот имало многу мали земји кои создавале свои ловци и извидувачки летала. Но освен Полска и Холандија скоро и да немало помала земја која правела свои бомбардери. Причината е во комплицираноста на повеќемоторните авиони и производствените капацитети заедно со достапноста на соодветни мотори.
Југославија имала два обиди во Змај Р-1 и Оркан кои требало целосно да ја реновираат тактичката авијација но до нападот на Оската имале произведено само по неколку прототипови кои паднале во раце на окупаторот.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.380
Југословенскиот ловец Рогожарски ИК-3. За време на првиот полет 1938 овој авион бил еден од најдобрите на светот по сите параметри. Интересно е тоа што мали и сиромашни земји и економии во тоа време можеле да направат врвни летала.
Но прототип е едно а сериско производство друго. Француските мотори биле достапни во крајно ограничен број пошто Франција со сите сили гледала да ги замени своите застарени авиони со ново поколение.
Па така до нападот на оската на 6.4.1941 имало само една ескадрила со ИК-3 базирана во Земун.
Овој ловец со легендарниот мотортоп од 20мм ХС-404 имал и пар митралези од 7,9мм. Носел 100 гранати и 1000 куршуми. Брзината била околу 530 км/ч со што во 1941 веќе застарувал. Немањето можност за набавка на погонска група после падот на Франција го одложило сериското производство па така во Април 1941 имало 25 скоро готови фрејмови и 60-тина во разни фази на склопување. Идејата била да се набави британскиот Ролс Ројс Мерлин Мк.1 од 1060 к.с.

При нападот на Белград и почетокот на војната во екс-екс-Југа, ИК-3 оствариле најмалку 10 воздушни победи борејќи се против Бф-109Е и разни бомбардери.
Премалку на број за да имаат некое влијание, овие ловци остануваат како куриозитет на некое минато време кога јадни земји можеле да создадат врвни системи!

Инаку пилотите на Ик-3 имале една работа што била на нивна страна а тоа е што Југославија тогаш располагала со Германските ловци Месершмит БФ-109 и пред војната често вежбале едни против други во симулирани борби. Ова им помогнали на пилотите на Ик-3 да ги увидат предностите и мааните на Германските ловци и смислиле тактика што им овозможила подобро да се справат со побрзите непријатели.

Знаењето стекнато при дизајнирањето на овој авион по војната е употребено во производство на Југословенскиот ловец Икарус С-49.
 
Постои анегдота од еден од ретките противнапади на кралската војска и авијација кај село Страцин кога извесен број Дорние До-17 средни бомбардери, локално модифицирани да носат еден ХС-404 топ во носот заедно со 1200кг бомби, нападнале голема германска колона која надоаѓала од Бугарија.
Пратња (еден од шака налети кои имале воопшто пратња) била осмица Бф-109 Емил кои биле исти со германските а и ронделата била со крст на неа, па така многу германски војници се измамиле мислејќи дека над нив се авиони на Луфтвафе. Секој бомбардер носел по 24 противпешадиски бомби од 50кг и по 200 гранати од 20мм. Наредниот ден се обиделе повторно но овој пат налетале на бран германски Емили и Фрицови заедно со појачан Флак и доживеале катаклизма.

С-49 имал и наследник со исто име но со додавка Ц, сосема нова целометална конструкција, нешто на ниво на Бф-109Г но со подобра авионика, ќе напишам нешто и околу нив, интересни проекти, застарени од сам старт но тогаш и онака била специфична ситуација со Сталин и раскидот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom