Воени авиони

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.109
Поени од реакции
9.467
Но како ова летало ќе се покаже во реални услови на војна?
одговорот на тоа прашање ќе биде језив. Имено за девастаторите се врзува еден од најкатастрофалните напади во историјата на поморската авијација ако не и најлош. 45 авиони полетале од два носачи со цел да ја торпедираат јапанската флота во почетните мигови на битката за Мидвеј. Патролните јапански Зеро и ПВО-то на бродовите уништиле 39 авиони при што само шест од нив се вратиле на појдовниот носач.

Како тоа да овој модерен торпедњак заврши така неславно а одамна застарениот, двокрилен и смешен Сордфиш да направи спектакуларна кариера?
Интересно да се примети дека авиоторпедата биле со помала должина од нивните бродски еквиваленти со цел да бидат полесни и подвижни од стандардните. Сепак имале исто боево полнење и висока брзина, но нивниот домет бил смешен така да торпедњакот за да има шанси за погодок морал да лета ниско се до некои 500-600 метра од целта што го правело лесна цел за ПВО.

Девастатор можел да носи едно торпедо до 1000кг а за одбрана имал двоен митралез Браунинг М.19.

Прегледај го приврзокот 433480

\
Модерен кога е направен но брзо застарел плус како што велиш времето на торпедни авиони веќе завршувало. Инаку процесот на воведување на замената т.е. Grumman TBF Avenger веќе била во тек.

Сордфишот имал среќа што бил употребуван во специфични ситуации како тотално изненедување на усидрената Италијанска флота или нападот на Бизмарк кој немал ловечка подршка.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530

Авенџер ми е меѓу најомилените авиони. Малку се знае за неговата универзалност. Проектиран склучиво како торпедоносец кој има торпедо внатре во трупот, овој авион се употребува и за пикирачки напади, извидување, спасителни операции, патрола, тука е и првиот Авакс т.е. прв радар на авион со сите аспекти а чак се употребува како КОИН авион и кариер онборд деливери.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.883
Поени од реакции
42.563
Настрана едрилициве, еве една машина што ја уништува гравитацијата. Скоро Сергеј Богдан беше кај кинезиве да им покаже што све може да направи Су-57.

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.099
Поени од реакции
9.528
Настрана едрилициве, еве една машина што ја уништува гравитацијата. Скоро Сергеј Богдан беше кај кинезиве да им покаже што све може да направи Су-57.

Пилотов е Баба Рога.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
Настрана едрилициве, еве една машина што ја уништува гравитацијата. Скоро Сергеј Богдан беше кај кинезиве да им покаже што све може да направи Су-57.

Русите сеуште се во заблуда дека улогата на пресретнувачите е во догфајт. Тоа одамна е умрено и шансата денес да има догфајт при судар на ловци од обете страни е минимален ако не и непостоечки.
Од друга страна на Сухој му врви очајнички споро, за 16 години успеале да склепаат една едина ескадрила ако се земат предвид и прототиповите. Со тоа темпо ќе им треба два века за да ги заменат Су-27 и МиГ-29.

Останува да се види како ќе се покаже тој Су-57 во реални борбени услови, вака за клипчиња на јутјуб не е проблем, проблем е коа ќе биде озрачен на 200км и ќе му направат лок-он на 160км и што после.
 
па и тој може да озрачи на 200 км и да прави лок он на 160 км.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
Во 1929 година полетал првиот прототип на ловечката верзија на фронтовскиот бомбардер Хокер Харт а тоа бил прекрасниот двокрилен пресретнувач Хокер Фјури. Овој авион ќе остане во вооружување до 1940 а во некои колонии по Африка и до 1941.
Еден од најубавите двокрилни авиони воопшто, врз негова база е створен и легендарниот Харикен со кој делат истоветна опашка и заден дел на трупот. Имено британското министерство за рат нарачало еднокрилна верзија на Фјури со увлачив стаен трап.
Покрај употребата на Фјури во Британско-ирачката војна во 1941, овој авион се врзува за Југославија која имала 5 ескадрили со последната верзија наречена Југослав Фјури со мотор РР Кестрел од 760 к.с. Вооружен со 4 митралези од 7,9мм, две ексадрили биле стационирани во базата Режановачка Коса, денес таа полетно-слетна патека се нарекува аеродром Аџи Тепе во Куманово.
На 6.4.1941 оваа база била нападната од две ескадрили Бф-110 за кои се сметало дека се доволно јаки да лесно излезат на крај со старите и спори (415 км/ч) Југослав Фјури. Тоа генерално и било така но сепак во нерамноправната борба против фашистичката наезда, овие ловци собориле 3 Бф-110 вклучувајќи и Таран и оштетиле десетина противнички машини.

fury-mk-i.jpg

Навистина страва складни линии, аеродинамички бисер!

Следува вториот Фјури на Хокер, последна генерација на клипни ловци со пропелер кој полетал прекасно за втора светска но затоа одиграл солидна улога во Кореја.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.109
Поени од реакции
9.467
Останува да се види како ќе се покаже тој Су-57 во реални борбени услови, вака за клипчиња на јутјуб не е проблем, проблем е коа ќе биде озрачен на 200км и ќе му направат лок-он на 160км и што после.
Има соборено 3 - 4 Украински авиони ако не се лажам.

Генерално ако двете страни имаат солиден стелт на крај пак на догфајт мора да се сведе.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
Има соборено 3 - 4 Украински авиони ако не се лажам.

Генерално ако двете страни имаат солиден стелт на крај пак на догфајт мора да се сведе.
Тоа е сеуште во доменот на шпекулациите, треба да помине време за да знаеме нешто повеќе. Тешко денес до догфајт со БВР проектили, во Ирак-Иран војната ирачаните мислеле дека авионите сами паѓаат од небо пошто иранците ги гаѓале со БВР ракети, барем додека имале резерви, воопшто не го виделе противникот ни визуелно ни на радар и одненадеж бум и даун. Догфајт е крајна опција доколку сите ракети промашат и дојде до борба со топови. Дури и АА ракети со краток дострел веќе се над 10-15км.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.109
Поени од реакции
9.467
Тоа е сеуште во доменот на шпекулациите, треба да помине време за да знаеме нешто повеќе. Тешко денес до догфајт со БВР проектили, во Ирак-Иран војната ирачаните мислеле дека авионите сами паѓаат од небо пошто иранците ги гаѓале со БВР ракети, барем додека имале резерви, воопшто не го виделе противникот ни визуелно ни на радар и одненадеж бум и даун. Догфајт е крајна опција доколку сите ракети промашат и дојде до борба со топови. Дури и АА ракети со краток дострел веќе се над 10-15км.
Ок стои тоа но ако може зошто да не?

Модерен ловец мора да може да иде у догфајт затоа што со приближно сличен противник (и двајцата имаат стелт) ќе нема избор освен да се доближи за да ги види противникот на радар (пошто стелт) и ете догфајт.

Мислам дека модерните војни каде едната страна има апсолутна надмоќ во сателити, авакси, радаи и дронови па лесно ја ништи другата која нема ништо освен стар слабо одржуван радар ја искриви перцепцијата. Сите модерни ловци се направени за догфајт и нивните пилоти тренираат догфајт, едноставно мора да бидат спремни и на тоа.

Иранците имале топ спремни пилоти на Ф-14 (кои ајатоласите не ги потепале или кои преживеале затвор) а Ирачаните се јебига Арапи.
 
Па да, во Ирак и Афганистан ровареа А-10 пошто имаа целосна надмоќ во воздух. Украина имаше две ескадрили Су-27 и две МиГ-29 од совјетско време. Добија и нешто помош ама тоа се смешни цифри споредено со Русија. И сепак руси немаат контрола над небото на Украина. Имаше муабети дека Су-57 бил псевдо-стелт и како тако подложен на рано откривање. Би било интересно ако има сукоби измеѓу Ф-16 и Су-57, тоа би покажало многу.
 
Мислам дека обновиа уште неколку десетини мигови и нешто сухои плус донирани. Најбитно е што Украинците имаат 24/7 подршка од НАТО сателити и авакси како и разузнавање.

Тие Ф-16 што ги добиа како донација се стари машини кои може да се користат само како платформи за лансирање ракети, нема што да бараат во воздушна борба, Украинските Су-27 се супериорни во тој поглед.
 
Тие Ф-16 се сите модернизирани повеќе пати, се додека нема директен судар со руски Су-27, МиГ-29 нема да знаеме, досега низ историја западната технологија секогаш била надмоќна над источната со исклучок на лично пешадиско оружје за кое истокот бил појак.
Украинските Су-27 биле произедени во средина на осумдесетти со скромна или никаква модернизација исто и миговите. Ф-16 кои ги добија се мање-више од исто време но со предност поради модернизацијата.
Сеуште е рано да се каже било што, Ф-16 сеуште немаат оформено една целосна ескадрила по формација, све се тоа парови или макс. два пара летала кои полетуваат во борба. Од голема помош се неколку СААБ 340 авакси кои ги добија Украинците кои имале можност за попречување на сигнали.
Тек по крајот на ратот, по деценија-две ќе има релевантно инфо исчистено од пропаганда како што имаме денес за Трета заливска или Фокланди. Све ова што доаѓа денес како инфо е пропаганда од обете страни.
 
НАТО аваксите кои летаат близу границите и сателитите се исто од огромна важност. Да 16-ките се модернизирани но далеку од потребното, да не заборавиме дека во симулирани борби Бугарските Миг-29 ки редовно имале 2:1 победи над Американските Ф-16 а со Миг-23 се држеле на 1:1.

Симулираните борби биле 1 на 1, 2 на 2 и 4 на 4.

Инаку што се однесува до пропаганда 100% се согласувам, ете дури сега искача дека дури и Арапите со Миг 23 имале успеси против Израелските фантоми. Секако Изралеците биле многу подобри но веќе не се врти приказната дека 80:0 бил скорот во нивна корист.
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
14
Поени од реакции
50

Иако анализава во видеово е пред 3 години, сепак има добри факти. Според самата нарачка до сукхои до 2027 треба да им испорачаат околу 70 су57 на руските сили. Според проценките сега ги имаат околу активни 20тина сериски произведени авиони и плус 10 прототипа. Сепак ова се мали бројки во однос на САД и Кина. Кина веќе има над 200 ј20 а еве во сериско производство им влегува и ј31. Сад веќе планира ф22 да ги пензионира додека ф35 е во сериско производство долго и се во големи бројки. Впечатливо е што некои европски земји во моментов имаат поголем број на авиони од 5тата генерација од Русија.

Од видеово на претставувањево на извозната варијанта су57Е во Кина е токму прототип верзијата, која беше коментирана многу негативно во некои портали за авијација во кои се потенцираше неквалитетната изработка за авион од 5 генерација. Сепак доста се корегираше во однос на тој прототип до сериските варијанти и е доведен до солидно ниво ама според сите проценки не е на нивото на стелт на ф22 и ф35 .

Во БВР борба победува оној кој прв ќе го локне другиот, односно оној кој има подобар стелт или со некои тактики како terrain radar masking, ќе се приближи повеќе до противникот за прв да го има на радар. 3Д векторингов и оваа маневрибилност на су 57 му одат во прилог и при избегнување на ракети во близина.
Меѓутоа би се сложил со констатацијатата дека каснат русите многу во оваа генерација. Највеќе поради самиот мал број на произведени парчиња.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom