- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.954
- Поени од реакции
- 6.435
Арсенал ВГ-36
Веројатно најдобриот пресретнувач на светот во моментот на првиот прототип во 1938 и почетокот на сериско производство во раните денови на 1940.
Малку познатата француска фирма Арсенал се пријавила на конкурсот за замена на веќе застарените Девоатен Д-510, Лоар Л-46 и Моран-Солние МС-225, и како поддршка на новите МС-406 кои на некој начин би биле француски Харикен.
На конкурсот бил избран Девоатен Д-520 како францускиот Спитфајер но покрај тоа следела и резервна нарачка на стотици Арсенал ВГ-36 кој иако бил најдобар проект од сите, поради цената бил на второ место позади Д-520.
За тоа време страшна машина со топ од 20мм со 100 гранати меѓу цилиндрите на линискиот мотор Испано-Суица 12-Z со 1200 коња кој го терал ловецот до необично брзи 630 км/ч. Едини ловец кој имал компаративна брзина во тоа време бил советскиот МиГ-3.
Освен топот тука биле и 6 митралези од стандарден пушка калибар 7,5мм и 3600 куршуми.
Во вртлогот на мајските настани во 1940 од 164 авиони во завршна фаза на склопување во фабриките на Арсенал, само околу 25 биле примени во француската авијација при што била оформена една едина ескадрила на југот на Франција. И така наместо со Луфтвафе, ВГ-36 се борел со Реџа Аеронаутика. Во хаосот на падот и поразот биле загубени и фотомитралеските снимки за потврда на воздушни победи па така останале само анегдотални докази како она на пилотот Маршан кој во еден лет соборил три Фиат Фалко и 2 БР-20 Чикоња.
Дури да биле сите 164 спремни и bon de guerre во моментот на инвазијата, не верувам дека нешто посебно би го промениле текот на војната. А неа ја добивале унифицирани системи а не поединечни супериорни проекти со висока цена. Нарачките за 700 авиони останале фантазија. Интересно но Германците дозволувале производња на летала за режимот во Виши па така биле оформени три ескадрили со овој авион пред сето тоа да престане со целосната окупација од Дек.1942.
На сликата се приметува необично складната аеродинамична линија на овој опскурен пресретнувач.