Ако решат Кинезите да биде...
Од интерес на Американците е да достават онолку технологија и парчиња опрема доволни да ги одвратат Кинезите од агресија, но не и премногу за да ги натераат на агресија.
Оттука Тајван барем засега не добива Ф-35ки, но ги доби прилично напредните 4.5 генерација Ф-15ки, кои се многу добри авиони. Не колку Ф-35тката, но блиску.
Повеќето од нас имаме нешто кон постарата технологија и често мислиме дека немало нешто подобро од тоа што ни останало во меморијата, но можно е Ф-35ката да биде еден од најдобрите авиони некогаш направен.
Во секој поглед е еден од најбезбедните воени авиони на светот. Медиумите пишуваат се и сешто за кликови, просечниот читач не знае ни процент од позадината на проблемот или за тоа што се пишува, па кај јавноста често пати доаѓа до сосем погрешно мислења за одредени работи.
Се надевам дека нема да дојде до војна, иако Кинезите се прилично сигурни во нивните намери.
Авијацијата би играла клучна улога во евентуална војна, бидејќи Кинезите ќе мораат да најдат начин да ги приземјат Тајванските авиони во обид да истоварат што е можно повеќе војска на бреговите на Тајван.
Тајван има авијација за почит (за толку мала територија) и солидна ПВО која можеби е најблиска до она што го има Русија и Израел.
Постигнување на воздушна супериорност и потиснување на противничката ПВО е олеснување х10 или х100 во обид на освојување на одредена територија, особено остров, но се сомневам во Кинеските способности да постигнат супериорност и SEAD. Можеби преку бројност.
Веројатно и тие го знаат тоа и веројатно ќе одат на други начини како би можеле да го освојат островот.