Абе 20 цм висина ја мислам оти е малце, пошо за година дена растат многу и ќе бегаат од аквариум.Погоре спомнав дека моите излегуваа од аквариум коа ќе ме видеа, пошто точно толку имаше висина аквариумот. Freedy,удри му 30 цм на аквариумот висина, и немај си галје. Украси што ќе ти се да купуваш, со трева и камења се реди аквариумот.
Филтер земи си најефтин пошто доволно е да кружи водата да не заматува, ќе бркаат филтрација биолошка тие камења што ќе ги оставиш во аквариум. Доволна ти е 300л/ч пумпа.
За риби, абе крап јагула пастрмка се скапи риби,иако една пастрмка просек е 50-60 денари,јас за 50 денари купував КИЛОГРАМ риби, кај нас нивички ги викаат, тоа се мали риби по 10 цм просек растат, како сардини се. Од нив има да се скинат од јадење, сецкај ги на ситни парчиња и давај му по 3-4 денот.Желката нема осет за ситост и колку и да и даваш ќе јади, и ќе се надуе и ќе ти цркни. Во природата ова ретко се случува со оглед на тоа што живеат сепак во јато повеќе желки, и кога една улови риба сите трчаат по неа да скинат парче месо, а и ловењето се случува еднаш на неколку дена, значи има разлика од природно хранење до рачно хранење, а пошто ти се миленици а не ги спремаш за колење, давај им нормално.
Само да напоменам една риба цела им ја давав на 8 желки, еден оброк беше од риба, а вториот беа сушени ракчиња, не дека имаат хранлива вредност, ама психолошки делува на желката колку-толку дека е најадена, пошто нели како што кажав немаат осет. Можеш да купиш од храните што беа спомнати горе сушени смоки и ракчиња, колку да има што да грицкаат кога не им даваш месна храна, а секој ден месна, не е добро за здравјето па практикувај еднаш риба и ракчиња сушени, еднаш риба и смоки, и третиот ден само смоки и ракчиња и по некој зеленчук,крастајца дај му,марула, и види на нет-друго-што-јадат од расатителна храна.
Вакви риби им купував, за 50 денари едно кило, ги има доста во едно кило и скоро 2 месеци се тера со таа храна.
Дождовни црви (претходно да се измијат многу добро и кај што се чуваат во пилевина да се стави морков варен и избегавај по многу да им даваш доволно е еднаш на дожд коа ќе излезат 2-3 големи да им фрлиш)
Скакулци фаќај им преку лето и други инсекти , пеперутки, комарци...
Избегавај гасеници и други бубачки, се пикаат на триста загадени места.
Ракчиња (Овие за 150 денари едно цело кило се купува и ги обожаваат)
Школки чистени, само исецкани мора да бидат:
По 1 година повеќе ќе сакаат растителна храна, давај им морков, крастајца, глуварче (чаури, пред да расцвета глуварчето) листови од него, марула...има еден тон работи прочитај на интернет. Некој им даваат и овошје, али ќе гледаш да има ниска вредност на шеќери, ако им даваш некое благо овошје, како што кажав, немаат енззими да го растворат шеќерот.
Еве ти идеи за аквариумот како би требало да изгледа:
Вака заоблен не ти треба, само проблем ќе си имаш:
Нареди го со камчиња, тревата што ја гледаш долу е само имитација, кај желка нема баш да успее, заради што оваа трева бара супстрат, светлина итн, туку земи си трски од некоја бара, помлади и засади ги во камчињата на дното, ќе влече нитрати од водата и ќе изгледа како што треба. И остров од камења ќе и направиш и простор да плива.
И повеќе
тука.