Водни желки

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
Многу сум загрижена за мојата желка. Ден два не јадеше, мислев дека и е се во ред (пошо нели понекогаш спијат), меѓутоа денес кога и ја менував водата забележав нешто чудно... Проблемот е во очите, се труди да ги отвори ама како перде има... ВЕ молам за помош!!! Што треба да и направам или да купам, жал ми е, сигурно е и гладна зашто не јаде веќе цел ден, или не може да си го најде јадењето... :place:
 
L

Lu

Гостин

На водните желки често им се случува да фатат инфекција на очите и да неможат да ги отворат.
Треба да купиш специјални капки за очи за да и се отворат очите на желката.
Ако си од Скопје, би ти препорачала да одиш кај Војо во Зоовивариум, он има ептем големо знаење за желки (и останати видови на рептили) и ќе ти каже какви капки да му ставаш.

Инаку не се секирај за тоа што не ти јаде желката.
Кога ќе падне температурата, желките паѓаат во „зимски сон“ (читај: Хибернираат) цела зима и можат да издржат без храна и до 6 месеци.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Лесно или тешко е да се одржува желка?
 
L

Lu

Гостин
Лесно или тешко е да се одржува желка?
Па генерално не е многу тешко да се чуват водните желчиња.
Многу е важно пред да се земе желчето, треба да се има барем општо познавање за водните желки.

Многу е погрешно водното желче да се чува во оние малечки пластични садчиња со палмичка во средина што се продаваат во пет шоповите.
Таквите мали пластични садчиња се претесни за желчињата, тоа е исто како човек да затвориш во 1х1 метар соба.

Водните желки треба да се чуваат во аквариуми со минимум 5 цм (во висина) вода за да можат комотно да пливаат и да се движат, и исто така е потребна сува површина (најчесто се користи камен) за да можат да се одморат и да се исушат.

Еве вака како на сликата би требало отприлика да изгледа живеалиштето на водната желка ... значи основното е да има доволна количина на вода за да може комотно да плива и камен за да се качи на сува површина.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
^ И колку пари е да се купи вакво малечко желче?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Па зависи од големината.
Оние малите што се продават во пет шоповите коштаат околу 250 / 300 денари.
Па не е скапо. Би чувал јас но треба повеќе внимание да им посветувам. Имав риби и ги продадов неможев да ги чувам, немав време. :( Сакам да чувам животно, онака просто за занимација, али ете не ми дозволува времето.
 
Па за водно желче нетреба да имаш којзнае колку време слободно за да го чуваш ...
Не е желчето како на пример куче што си бара внимание и грижа ... со желчето е многу поедноставно.

Треба само да го храниш и кога ќе се испрља водата да ја смениш ...
 
Член од
25 јануари 2012
Мислења
12
Поени од реакции
3
Од прилика, колку е еден таков стаклен сад за желки да се купи? Не зборам за огромен, туку нормален, колку толку комоција да си има. И дали има по овие продавнициве за животинчиња?
 
L

Lu

Гостин
Од прилика, колку е еден таков стаклен сад за желки да се купи? Не зборам за огромен, туку нормален, колку толку комоција да си има. И дали има по овие продавнициве за животинчиња?
Да, во скоро секој Пет шоп се продаваат аквариуми.
Исто така можеш да си порачаш на стаклар да ти направи аквариум со димензии кои што ти одговараат.
А цената зависи од големината на аквариумот.
За мало желче како за почеток, доволно е некое аквариумче од 30 литри со димензии 40 цм Должина и 25 цм Ширина, вакво аквариумче во Пет шоповите кошта околу 350 денари.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178

Не знам од кај ти е информацијата, ама јас кога купував желче, земав со аквариум еден пластичен, мал, никаков, и беше 500 денари. А немаше врска со 30 литри и димензииве ти што ги наведе.
 
L

Lu

Гостин
Не знам од кај ти е информацијата, ама јас кога купував желче, земав со аквариум еден пластичен, мал, никаков, и беше 500 денари. А немаше врска со 30 литри и димензииве ти што ги наведе.
Зависи од кој Пет шоп си го зела, некои имаат повисоки, а некои пониски цени.
Јас пред 6 - 7 месеци зедов 26 литарско аквариумче за 300 денари од Амазон.
 
Член од
25 јануари 2012
Мислења
12
Поени од реакции
3
Ако е од тие пластичните со палмичка на средина, 500 денари е премногу ... за 250 ги има таквите.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Да, со палмичка. Ама има поголеми и помали. Од поголемите земав јас. Ама не сега, тоа беше пред 2 години може. Можно е да се смениле цените до сега тогаш...
 
L

Lu

Гостин
Да, со палмичка. Ама има поголеми и помали. Од поголемите земав јас. Ама не сега, тоа беше пред 2 години може. Можно е да се смениле цените до сега тогаш...
Да, тие пластичните садови со палмичка во средина се поскапи, а аквариумчињата се поевтини.
А и многу покомотно ќе се осеќа желчето во 25 / 30 литарско аквариумче отколку во такво пластично садче со палмичка во средина.

Јас би забранила да се продаваат такви пластични садови бидејќи тие се направени само за профит.
Таквите пластични садови се мачилиште за желчињата.
Секое желче има потреба од пливање и потребно е да има доволна количина на вода за да може желчето комотно да плива.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom