Водни желки

Fackasta

Ама друже .. ЗАШТО ?!
Член од
2 мај 2009
Мислења
120
Поени од реакции
13
Ја стаив у чај од камилица, така ми кажаа овие од шопот, и сеа е као утепана, ама очите и се подобри.. :(
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Ај помош: сакам на децата за нова година да им купам желка! ама не знам НИШТО, тотално НИШТО за чување желки. Може на кратко некој да ми прераскаже што се треба за да имаш дома желка и жива да ти остане? :) (освен да ја купиш нели :icon_lol:)
 
NIght_Elf

High Priestess
Член од
15 јуни 2007
Мислења
479
Поени од реакции
13
Може да земеш од оние аквариумчиња мали пластични со палмичка и да ја раниш желката со ракчиња таа и така ке преживи. Но такво чување на желки според мене е cruelty.
Ако навистина сакаш убаво да ја чуваш желката, тогаш ке треба да земеш поголем стаклен аквариум со платформа на која ке можат желките да излезат да се сончаат, ке треба да има филтер и грејач во аквариумот и светилка. а за хранта не се дововолни само ракчиња туку ке треба да и даваш малку и бело месо, може и шунка и малку зеленчук. Во водата ке мора да раствораш Витамин Д(се купува во аптека во вид на капки) и Калциум исто така поради нејзиниот оклоп. Секоја прилика кога времето ке биде убаво топло и кога ке има сонце обавезно желката надвор да се изнесува.
Потешко е од како што изгледа. Има едне форум посебно за чување желки, мене ми беше многу корисен - http://www.turtletimes.com/forums/
П.С. да се чува подалеку од дофат на мачки ( од искуство знам) :pos2:
 
Lost Angel

Машко сум, конечно.
Член од
28 јуни 2007
Мислења
417
Поени од реакции
21
Значи, менување на вода секој втор ден, така?

Храна два пати дневно, јас купив смоки некоиси и ракчиња само не сум и дала од ракчињата, вчера го купив желчето, вчера два пати гризна од смоката и ништо поише, сабајлево пак еднаш гризна од смоката и сеа плива смоката недојадена.

Е сеа, млаката вода што и ја стаив вчера денес е студена, да ја сменам или? Се секирам многу, ко мајка да сум у пм, прво милениче ми е, и сакам све да му е по мерак.

Иначе е мнооооогу хиперактивна... :smir:
 
NIght_Elf

High Priestess
Член од
15 јуни 2007
Мислења
479
Поени од реакции
13
Првите 2-3 дена желчето нема да јаде, а ако е по исплашено може и повеќе време. А после ке си почне се нормлано.
Е сега за смоките, мојата желка воопшто не ги јадеше, а ракчињата ептен ги сакаше, подобро давај им од ракчињата.
Ако имаш мало пластично аквариумче тогаш секој ден треба водата да им ја менуваш. А ако имаш голем аквариум тогаш би требало и грејач да имаш. на вакви убави денови како денеска што беше, може и надвор да се изнесе желката да се сонча. :)
 
Lost Angel

Машко сум, конечно.
Член од
28 јуни 2007
Мислења
417
Поени од реакции
21
Фала многу за информацииве, уште нешто би сакала да прашам, имам поголемо аквариумче во форма на гравче и каде да најдам грејач за тоа? Таа од пет шопот ми кажа- не треба иде лето бла бла, ама водата е ладна не е млака :S

И денес го стаив на биро кај што имаше сонце и збесна :D може и на балкон да го носам? (мислам што се подразбира под- изнесување надвор :) )
:smir:
 
NIght_Elf

High Priestess
Член од
15 јуни 2007
Мислења
479
Поени од реакции
13
Ако аквариумчето е од оние со палмичка и плитка вода, не треба грејач.
Менувај ја водата секој ден и кога денот е сончев стави го на балкон, во двор, било каде само сонце да го фаќа бидејки сега не е јако сонцето. Во лето кога ке биде ептен јако ке го ставиш надвор ама во сенка нека биде.
За внатре купи една обична лампа и стави ја да свети во аквариумот, и така ке може да се одржува температурата
 
Член од
6 мај 2010
Мислења
209
Поени од реакции
41
еден повик од мене до сите што чуваат желки,во никој случај да не ги чувате во тие малите аквариуми со палма што се,напрајте си убав стаклен аквариум за да има желката каде да плива и неа и треба простор,ај замислете како е вас да ве затворат во соба метар на метар па да ве видам,ракчиња не треба да му се даваат,има специјални смоки за желки со сите потребни протеини и витамини.и да напоменам дека желките во стаклен аквариум не само што живеат подобро туку и за вас глетката е ептен добра исто одмараат како да гледате аквариум со риби.
 
ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Само што најдов обично желче во дворот, ептен е мало..3цм :D да имав двор со трева или повеќе растенија ќе ја оставев да си живее, но ја најдов на цименто и жал ми беше и ја земав дома, ме интересира со што да ја хранам и што се им е потребно на обичните желки?
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.066
Желките не се баш зборлести, но коа ќе проговорат тоа е обично врзано за секс ...хаххаха

V

Vollstandig

Гостин
Да не отворам нова тема, имам неколку прашања во врска за желките:

Денеска купив желка, и ми ја дадоа во пластичен аквариум со дрво (оние пластични дрвца) ја стаив во вода, стаив неколку ракчиња и смоки, али оваа од место не мрда. Очите не и се отворени иначе е долга околу 4-5 цм односно многу е мала и само ќути.
Е сеа никоаш не сум чувал желка, па ако можи некој да објасни подетално како да ја чувам, вода на колку време се менува, најпоќе за температурата ме интересира, па после то ако не чини во таков сад во каков да ја чувам и сл?
 
L

Lu

Нормално дека во таков пластичен сад нема да мрда (и нема ни простор за мрдање).
Тоа е исто како и тебе да те стават во 2 квадрати соба ќе мрдаш , ќе имаш место за мрдање ? Секако дека не.
Таквите пластични садови се тортура за желките и повеќе во таквиот сад би се мачеле отколку што би живееле.
А нормално не очекувај продавачот да ти каже дека таквите садови се лоши и крајно непогодни за чување на желка, нормално тие се продавачи и како ќе ги продаваат тие пластични садови со палмичка ако не ги фалат.

Него дај да преминеме на главното.
Ти веќе си купил таков сад со дрвце и си купил бидејќи не си знаел дека тоа е катастрофа живеалиште, и затоа е форумов тие што повеќе знаат да кажат и помогнат на оние што незнаат.
Подхитно да направиш аквариум.
За почеток доволни би биле димензиите Должина 40 цм Висина 25/30 цм Ширина 20/25 цм.
Во аквариумот ќе ставиш камен за да може да се качи на сува површина, и гледај каменот да биде повисок за да можеш аквариумот да го напуниш повеќе со вода за да може комотно да плива.
Водата треба да биде отстоена минимум 24 часа, не турај вода директно од чешма.
Водата ќе ја менуваш кога ќе се испрља (замати)
Температурата на водата треба да биде околу 27-28 степени (во зима за да се постигне оваа температура треба да се користи грејач)
Исто така стави и една сијалица над аквариумот за да желчето кога ќе искочи на каменот на суво ќе треба да има одредена температура а температурата ќе ја постигнеш со сијалицата.
И полека со тоа ракчињата не претерувај да не ја прејадеш, смоките не се добри, давај само од ракчињата.
Исто така освен ракчињата можеш да даваш и варено пилешко месо, бидејќи желките сакаат месо а и има витамини и добро е месото за желките само да не се претерува, 1 до 2 пати неделно може да јаде варено месо.
 
V

Vollstandig

Гостин
Фала на одговорот денеска еве порачав аквариум па чекам да стигни, и да го наполнам со желки :) Доколку сеуште има некој друг информација во врска за желките слободно нека пиши почетник сум со аквариумските желки :)
 
V

Vollstandig

Гостин
Нормално дека во таков пластичен сад нема да мрда (и нема ни простор за мрдање).
Тоа е исто како и тебе да те стават во 2 квадрати соба ќе мрдаш , ќе имаш место за мрдање ? Секако дека не.
Таквите пластични садови се тортура за желките и повеќе во таквиот сад би се мачеле отколку што би живееле.
А нормално не очекувај продавачот да ти каже дека таквите садови се лоши и крајно непогодни за чување на желка, нормално тие се продавачи и како ќе ги продаваат тие пластични садови со палмичка ако не ги фалат.

Него дај да преминеме на главното.
Ти веќе си купил таков сад со дрвце и си купил бидејќи не си знаел дека тоа е катастрофа живеалиште, и затоа е форумов тие што повеќе знаат да кажат и помогнат на оние што незнаат.
Подхитно да направиш аквариум.
За почеток доволни би биле димензиите Должина 40 цм Висина 25/30 цм Ширина 20/25 цм.
Во аквариумот ќе ставиш камен за да може да се качи на сува површина, и гледај каменот да биде повисок за да можеш аквариумот да го напуниш повеќе со вода за да може комотно да плива.
Водата треба да биде отстоена минимум 24 часа, не турај вода директно од чешма.
Водата ќе ја менуваш кога ќе се испрља (замати)
Температурата на водата треба да биде околу 27-28 степени (во зима за да се постигне оваа температура треба да се користи грејач)
Исто така стави и една сијалица над аквариумот за да желчето кога ќе искочи на каменот на суво ќе треба да има одредена температура а температурата ќе ја постигнеш со сијалицата.
И полека со тоа ракчињата не претерувај да не ја прејадеш, смоките не се добри, давај само од ракчињата.
Исто така освен ракчињата можеш да даваш и варено пилешко месо, бидејќи желките сакаат месо а и има витамини и добро е месото за желките само да не се претерува, 1 до 2 пати неделно може да јаде варено месо.

Денеска зедов аквариум 60 литри отприлика и е доволно голем за една толку мала желка. Во една друга продавница најдов 200 денари една околу 15 цм големина беше и ја купив уште едната желка. Е сеа оваа што ја зедов новата јади шета се движи а оваа првата малата, воопшто не движи очите и се нон стоп затворени во едно место седи и мн ретко шета одвај движи ако ја доприш бега ниту јади. Има спас или ќе умри како и да е? Како да ја размрдам ?
 
треба да имаш греач и филтер,ако ги имаш и ако водата е чиста и на температура 27-28 тогаш пробај со АД3 капки да и ставаш,прво ќе ја извадиш од вода да се исуши,после и ставаш 1-2 капки кај главата и чекаш пак да се исуши и ја враќаш во вода,инаку тој аквариум од 60 литри не е доволен за една желка од 15 см а не пак за 2,а и проблем е тоа што малата ќе се плаши од големата и може да биде малтертирана од неа.
 
На врв Bottom