Да не отворам нова тема, имам неколку прашања во врска за желките:
Денеска купив желка, и ми ја дадоа во пластичен аквариум со дрво (оние пластични дрвца) ја стаив во вода, стаив неколку ракчиња и смоки, али оваа од место не мрда. Очите не и се отворени иначе е долга околу 4-5 цм односно многу е мала и само ќути.
Е сеа никоаш не сум чувал желка, па ако можи некој да објасни подетално како да ја чувам, вода на колку време се менува, најпоќе за температурата ме интересира, па после то ако не чини во таков сад во каков да ја чувам и сл?
Нормално дека во таков пластичен сад нема да мрда (и нема ни простор за мрдање).
Тоа е исто како и тебе да те стават во 2 квадрати соба ќе мрдаш , ќе имаш место за мрдање ? Секако дека не.
Таквите пластични садови се тортура за желките и повеќе во таквиот сад би се мачеле отколку што би живееле.
А нормално не очекувај продавачот да ти каже дека таквите садови се лоши и крајно непогодни за чување на желка, нормално тие се продавачи и како ќе ги продаваат тие пластични садови со палмичка ако не ги фалат.
Него дај да преминеме на главното.
Ти веќе си купил таков сад со дрвце и си купил бидејќи не си знаел дека тоа е катастрофа живеалиште, и затоа е форумов тие што повеќе знаат да кажат и помогнат на оние што незнаат.
Подхитно да направиш аквариум.
За почеток доволни би биле димензиите Должина 40 цм Висина 25/30 цм Ширина 20/25 цм.
Во аквариумот ќе ставиш камен за да може да се качи на сува површина, и гледај каменот да биде повисок за да можеш аквариумот да го напуниш повеќе со вода за да може комотно да плива.
Водата треба да биде отстоена минимум 24 часа, не турај вода директно од чешма.
Водата ќе ја менуваш кога ќе се испрља (замати)
Температурата на водата треба да биде околу 27-28 степени (во зима за да се постигне оваа температура треба да се користи грејач)
Исто така стави и една сијалица над аквариумот за да желчето кога ќе искочи на каменот на суво ќе треба да има одредена температура а температурата ќе ја постигнеш со сијалицата.
И полека со тоа ракчињата не претерувај да не ја прејадеш, смоките не се добри, давај само од ракчињата.
Исто така освен ракчињата можеш да даваш и варено пилешко месо, бидејќи желките сакаат месо а и има витамини и добро е месото за желките само да не се претерува, 1 до 2 пати неделно може да јаде варено месо.