Влада на Македонија

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.296
Поени од реакции
78.956
Торбеши се тоа лепотане. Ќе се евидентираат како 25.17%, ќе плачеш после. Нацошите како тебе им ги запалија и куќи и продавници.
Наци?

Си го чул тој збор од чичковци некои и сега мислиш дека знаеш како се употребува.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.664
Поени од реакции
7.570
Делумно си у право, поготово у врска за градење згради за перење на прљави пари.

Но тоа не го прават само албанците, го прават и македонците. Милиони украдени, проневерени пари преку злоупотреба на државни функции се испраа преку градење на згради. Нема закон за потекло на имот, затоа и се дешаваат вакви работи.
Нормално изградбата на згради е во најголема мера поради тоа перење на пари и неинвентивноста на што да се прави со парите од корупција. Цената на метар квадрат во Македонија е комплетно оделена од реалноста. Веќе 10-15 години има огромна градежна експанзија на сите страни и постојано намалување на населението али цената на станови не само што не паѓа туку и цело време расте. Со ова темпо за година-две Скопје ќе му дише во врат на Загреб.

На ниво на домашен огранизиран криминал тоа е присутно и кај двете групи. Али Албанците од друга страна држат 90%+ од индивидуалното инвестирање на прљави пари заработени надвор во изградба на објекти тука.

Градењето на куќите од страна на албанската дијаспора у главниот град како и у полошкиот регион и западна Македонија у глобала не е за да прават обрт на пари, туку да имаат место каде што можат да се вратат преку лето. Има ситуации каде што братот у Швајцарија гради куќа на братот у западна Македонија бидејќи додека он работал таму братот му ја гледал мајката и слично, да не навлегувам многу, но албанците се дупло повеќе за фамилијата заинтересирани него што се македонците, како и дупло повеќе се конзервативни.
Тоа кој колку се бори за својата фамилија и кој колку е конзервативен е дискутабилна работа. Ептен зависи од регион до регион, град до град и село до село. Македонците не се само во Центар и Карпош. Македонците исто црчат по странство од сабајле до вечер за да овозможат подобар живот за фамилијата овдека. И тоа со конзервативноста е доста дискутабилно, па Албанкине по италија, германија, холандија, итн ... кои работат како проститутки од каде се, од марс да не се паднати? А не знам како некој може да биде конзервативен кога се занимава со проституција и продажба на дрога.

А тоа дека не било главна причина обртот на пари не значи дека на крај не дошло до истото. Имаат цел градежен бизнис кој живее директно од таа експанзија на градење на се поголеми куќи кои они апсолутно не ги користат. На крајот добар дел од тие "прљави пари" помнува преку тие куќи.


Албанците ја напуштаат државава у поголем број него македонците поради тоа што сите имаат роднини во странство каде што се добредојдени да работаат и краткотрајно да се сместат, што не е и случајот кај македонците, кои и покрај свои роднини у странство принудени се од прв месец да се снаоѓаат како што знаат.
Митови и легенди. Нашите имаат цели тимови од градежништво, шофери, берачи до работници по фабрики по цела Европа и цело време се влечат едни со други. Секој наш кој бил во град каде што има Македонци и се вратил тврдејќи дека никој не му помогнал и не можел да најде работа, а не згрешил ништо. ЛАЖЕ. Тоа е мит кој се има развиено од луѓе кои си барале оправдание за својот неуспех. Ако си подготвен да работиш каква било работа, одма ќе ти најдат без никаков проблем.

Чисто за пример за соработка со иселениците. Во моментов преку барање тури за компании за транспорт на наши во Чикаго, вадат за наши услови и повеќе од одлични пари. Доста голем број на луѓе се вработија од тука во последно време кај нив и се средија комплетно финансиски. Платите им се на ниво на програмери. И не само тоа туку и се развија доволно да почнат самите да отвараат фирми и да работат и за амерички шофери директно. Ако тоа не е директна соработка помеѓу иселеници и останатите тука не знам што е.


За селата делумно би се сложил, има албански села кои што уживаат подобар живот него што македонците уживаат у градови во источна Македонија, но факт е дека се празнат селата. Тоа не е само кај албанските села, туку и кај македонските.
Види јас не реков дека нема ниту едно албанско село кое не го бива. Али со постојаната изградба на се поголеми палати/куќи кои не се користат и комплетната негрижа за екологија ( целите шуми ги испосековте и околу секое село депонија направивте), неспорно е дека селата, а па и градовите ( тетово) се повеќе и повеќе немаат никакви услови за постојан живот. Тетово на што личи, Арачиново со три катници ѕид до ѕид и за крај депонија што гори на атар на селото. А земи ги за споредба да кажеме Крива Паланка и Кочани од аспект на чистота. Спореди ги Баба Планина и Шар Планина.

За последново нема да се сложам, јас у животов уште немам видено македонско дете од 7 години да учи занает за бербер, на 14 да учи да лепи плочки и слично. Еве, четири бербери албанци, на моја возраст кои учеа како да шишаат заминаа во Австрија, Германија и други европски држави кај свои роднини, а потоа се враќаат со пари кои ги трошат на средување на куќите, помагање на фамилијата како и градење на сопствени куќи.
Има причина зошто реков најголем дел а не сите. Тие остатокот се тие што ги имаат продолжено работните навики. Тие се тие што одат да бидат бербери, да лепат плочки, да средуваат тревници, да помагаат на мајстори за ѕидање. Али истото е и кај Македонците. Они може не одат за некој професии како бербери али има еден тон што работат како работа со гипс, фасади/молери, лимари, електричари, бравари, водоводџии, помошници во кујна и малку покасно и шофери. Колку Албанци знаеш кои стануваат пред изгрејсонце за да берат тутун/пиперки?

И нашите одат во странство работат па се враќаат, прават куќи инвестираат итн. И сам си знаеш дека многу лесно се приметува разликата на куќите кои се реновирани или изградени за користење и тие кои се градат во најголем дел од прљави пари чисто од носталгија а добар дел и од курч.

Анегдотални примери можат да ти дадам и за од 14-15 што се занимаваат и со заварување и со фасади правење и молерисување, гипс работење, итн... Проблемот е дека во тоа мнозинство на џаболебари кое е присутно кај двете групи, кај Албанците е далеку покоруптивно поради пристапот до "лесни пари" од криминал. Може изгледа дека е успешна стратегија поради моменталните блескави резултати ( скапи коли, пари за расфрлање, итн..) али нема група која на подолг рок не се изгорила тешко кога се заминавала со тие професии . И централните и јужните Американци беа ултра конзервативни католици и ултра-фамилијарни луѓе па види што им направи трговијата со дрога, оружје и бело робље на подолг рок.
 
Последно уредено:
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.694
А тоа дека не било главна причина обртот на пари не значи дека на крај не дошло до истото. Имаат цел градежен бизнис кој живее директно од таа експанзија на градење на се поголеми куќи кои они апсолутно не ги користат. На крајот добар дел од тие "прљави пари" помнува преку тие куќи.
А како се перат прљавите пари преку градење куќи? За другар прашувам...
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.664
Поени од реакции
7.570
А како се перат прљавите пари преку градење куќи? За другар прашувам...
Си имал пари од криминални бизниси во Швајцарија и Германија. Тие пари одеднаш се претворени во земјиште и недвижен објект во Македонија на твое име и презиме. Што е тоа? На крајот на денот не се сите босови да се занимаваат со виши финансии. Останатите сакаат и да си ги претворат парите во нешто што е опипливо. Недвижности е најлесниот избор дека инвестирање е ризична работа.

Многу слично како Македонските партиски стаорци од среден ред ( општински советници, мали државни директори, итн ... ) кои гледаат украдените пари да ги претворат што побрзо во станови и куќи зошто да седат на кеш подолго време или да ги инвестираат парите им е ризик, додека недвижнините им се најсигурна инвестиција.
 
J

joli1

Гостин
Нормално изградбата на згради е во најголема мера поради тоа перење на пари и неинвентивноста на што да се прави со парите од корупција. Цената на метар квадрат во Македонија е комплетно оделена од реалноста. Веќе 10-15 години има огромна градежна експанзија на сите страни и постојано намалување на населението али цената на станови не само што не паѓа туку и цело време расте. Со ова темпо за година-две Скопје ќе му дише во врат на Загреб.

На ниво на домашен огранизиран криминал тоа е присутно и кај двете групи. Али Албанците од друга страна држат 90%+ од индивидуалното инвестирање на прљави пари заработени надвор во изградба на објекти тука.
За првото се сложуваме.

Држат 90%+ од индивидуалното инвестирање на прљави пари заработени надвор во изградба на објекти тука поради тоа што и го доминираат светскиот нарко пазар. Доколку беше истото со македонците, и они би го правеле истото. Криминалецот не се замара со вера или нација, туку стриктно бизнис, барем оние кои што можат да си приуштат да инвестираат и да градат од прљави пари.

Тоа кој колку се бори за својата фамилија и кој колку е конзервативен е дискутабилна работа. Ептен зависи од регион до регион, град до град и село до село. Македонците не се само во Центар и Карпош. Македонците исто црчат по странство од сабајле до вечер за да овозможат подобар живот за фамилијата овдека. И тоа со конзервативноста е доста дискутабилно, па Албанкине по италија, германија, холандија, итн ... кои работат како проститутки од каде се, од марс да не се паднати? А не знам како некој може да биде конзервативен кога се занимава со проституција и продажба на дрога.

А тоа дека не било главна причина обртот на пари не значи дека на крај не дошло до истото. Имаат цел градежен бизнис кој живее директно од таа експанзија на градење на се поголеми куќи кои они апсолутно не ги користат. На крајот добар дел од тие "прљави пари" помнува преку тие куќи.
Ќе се сложиме дека сепак е на индивидуално ниво, но факт е дека македонците стануваат се повеќе отуѓени од својата фамилија и од своите корени. Албанците од Швајцарија, Германија и други држави не си ги забораваат корените, сите родени таму пак прв јазик им е албанскиот, секое лето доаѓаат у западна Македонија од каде нивните и самите они имаат потекло, за разлика од нашите кои што доаѓаат еднаш у 5 години, глумат странци и не знаат една просто проширена реченица да кажат без инволвирање на збор од друг јазик.

Тоа што има албански проститутки и криминалци не го побива фактот дека се пак поконзервативен народ од нас, крвна одмазда, беса им е у самата култура, за фамилија, религија и национални интереси ќе те скинат. Ова може да ти го признае и секој албанец, но и секој македонец кој што живее или живеел у албанско доминантна средина.

Дури и тие албански кримогени структури се многу тешки за сузбивање бидејќи најчесто се работи за фамилијарен бизнис, па имаш ситуации каде што братот невин лежи за братот криминалец, поради тоа што братот криминалец го прави лебот и се грижи за егзистенцијата на својата фамилија, нешто што кај македонците го нема.

Верувај ми дека постојат милион други попаметни начини на перење пари од градење на куќа на неколку спратови. Треба ептен да си у заблуда за да мислиш дека куќите кои што ги градат се за да ги исперат парите. Колку мислиш дека би испрале со градење на една огромна куќа у некое забацано село?

Митови и легенди. Нашите имаат цели тимови од градежништво, шофери, берачи до работници по фабрики по цела Европа и цело време се влечат едни со други. Секој наш кој бил во град каде што има Македонци и се вратил тврдејќи дека никој не му помогнал и не можел да најде работа, а не згрешил ништо. ЛАЖЕ. Тоа е мит кој се има развиено од луѓе кои си барале оправдание за својот неуспех. Ако си подготвен да работиш каква било работа, одма ќе ти најдат без никаков проблем.

Чисто за пример за соработка со иселениците. Во моментов преку барање тури за компании за транспорт на наши во Чикаго, вадат за наши услови и повеќе од одлични пари. Доста голем број на луѓе се вработија од тука во последно време кај нив и се средија комплетно финансиски. Платите им се на ниво на програмери. И не само тоа туку и се развија доволно да почнат самите да отвараат фирми и да работат и за амерички шофери директно. Ако тоа не е директна соработка помеѓу иселеници и останатите тука не знам што е.
Дека сите лажат, не би се сложил.

Јас лично знам повеќе ситуации каде што македонци имаат заебано наши македонци у странство, него што им имаат најдено работа, помогнато и слично.

Види јас не реков дека нема ниту едно албанско село кое не го бива. Али со постојаната изградба на се поголеми палати/куќи кои не се користат и комплетната негрижа за екологија ( целите шуми ги испосековте и околу секое село депонија направивте), неспорно е дека селата, а па и градовите ( тетово) се повеќе и повеќе немаат никакви услови за постојан живот. Тетово на што личи, Арачиново со три катници ѕид до ѕид и за крај депонија што гори на атар на селото. А земи ги за споредба да кажеме Крива Паланка и Кочани од аспект на чистота. Спореди ги Баба Планина и Шар Планина.
Прво да расчистиме - ја не сум албанец и нема потреба од обраќање спрема мене како да сум. Ја сум македонец кој што живее у албанско-доминантна средина, затоа и ги пишувам постовиве.

Постојана изградба на куќи/палати има низ цела држава, не е нешто што се случува само во албанско доминантни средини.

Не можеш да ги споредиш Крива Паланка и Кочани со Тетово кој што има факултет, град за кој што има три пати повеќе жители него Крива Паланка и Кочани и град кој што има десет пати поголем обрт на пари. Проблемот со Тетово е у намерно промашениот урбанизам, откако македонските партии им ја предадоја цела јурисдикција на албански кримогени и политичко-профитерски структури. Западна Македонија е тотално заборавена од една страна од македонскиот народ, а од друга страна пак од самата држава.

Кога сме кај градбите, колку дрва се исекоја, колку природа се уништи кога се градеше се живо и диво на Водно каде што мнозинството се македонци, македонски криминалци и политичари кои што преку злоупотреба на државни функции изградија куќи, згради без око да им трепне за екологија.

Има причина зошто реков најголем дел а не сите. Тие остатокот се тие што ги имаат продолжено работните навики. Тие се тие што одат да бидат бербери, да лепат плочки, да средуваат тревници, да помагаат на мајстори за ѕидање. Али истото е и кај Македонците. Они може не одат за некој професии како бербери али има еден тон што работат како работа со гипс, фасади/молери, лимари, електричари, бравари, водоводџии, помошници во кујна и малку покасно и шофери. Колку Албанци знаеш кои стануваат пред изгрејсонце за да берат тутун/пиперки?

И нашите одат во странство работат па се враќаат, прават куќи инвестираат итн. И сам си знаеш дека многу лесно се приметува разликата на куќите кои се реновирани или изградени за користење и тие кои се градат во најголем дел од прљави пари чисто од носталгија а добар дел и од курч.

Анегдотални примери можат да ти дадам и за од 14-15 што се занимаваат и со заварување и со фасади правење и молерисување, гипс работење, итн... Проблемот е дека во тоа мнозинство на џаболебари кое е присутно кај двете групи, кај Албанците е далеку покоруптивно поради пристапот до "лесни пари" од криминал. Може изгледа дека е успешна стратегија поради моменталните блескави резултати ( скапи коли, пари за расфрлање, итн..) али нема група која на подолг рок не се изгорила тешко кога се заминавала со тие професии . И централните и јужните Американци беа ултра конзервативни католици и ултра-фамилијарни луѓе па види што им направи трговијата со дрога, оружје и бело робље на подолг рок.
Не знам албанци кои што стануваат пред изгрејсонце да берат тутун или пиперки, иако сум сигурен дека истотака има и такви луѓе, но знам албанци кои што од ништо стигнале до експорт на тутун и пиперки на големо, а тоа е поради нивниот бизнис сенс.

Види, и со криминал да се занимаваш треба да имаш бизнис сенс кои што албанците го имаат. У самиот криминал важат слични правила како и во легалниот бизнис, само што последиците се различни при недржење до тие правила.

Еве мој роднина имаше сопствен бизнис и работаше на големо, обожаваше со албанци да работа поради нивниот начин на склопување договори, плаќаат на време и со нив нема оправање, додека со македонци нонстоп се бркаше по телефони за плаќање на претходни неплатени фактури и слично. Ова можат и да ти го потврдат луѓе кои што имаат сопствен бизнис и кои што работале со македонци и со албанци дека многу полесно е со нив за работање.

Џаболебари има у секоја група, но факт е дека албанците почнуваат да работаат многу помлади него што почнуваат македонците, а тоа е поради грешка на македонските родители кои што се понашаат ептен заштитнички спрема своите деца и не им дозволуваат да го осетат тој реален свет на тие години.

Македонците ги влече криминалот колку што ги влече и албанците, но разликата кај овие две групи е во менталитетот. Кај македонците владее тој балкански менталитет, т.е менталитет каде што наместо од тебе да извади 100к евра у рок од година дена, македонецот ќе те заебе за 5к евра за еден ден, наместо од тебе да извади 20 пати повеќе у период од година дена, па затоа и нема сериозно јаки македонски кримогени структури.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Не знам албанци кои што стануваат пред изгрејсонце да берат тутун или пиперки, иако сум сигурен дека истотака има и такви луѓе, но знам албанци кои што од ништо стигнале до експорт на тутун и пиперки на големо, а тоа е поради нивниот бизнис сенс.
Јас па знам Македонци, другарчиња на првиот антикорупционер во државава кои се занимаваат пак со импорт на тутун. Мислам дека овие исто така стануваат пред изгрејсонце додека е темно да завршат со бизнисот.

Сега незнам дали е заради нивниот бизнис сенс или тоа што камионите не се царинат и не се прегледуваат поради другарството со антикорупционерот. :icon_lol:
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
35.192
Screenshot_2.jpg





На кого би му верувале, на нашиот голем лидер од Муртино, преподавач на пипер во Горни Милановац, не бричен алфа мужјак, или на таму некое полтронче у Стејт Департментот што пишувал што му наредиле, само за да го разнишаат авторитетот на оваа душа што крвареше за Република Нашата Земја?

Освестете се луѓе, корупција нема, ова е најдобрата влада некогаш составена во универзумот.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.292
Поени од реакции
45.809
па да де, како што на Катица и Боки сами од себе им текна да ги рекетираат луѓено и како што оние службеницине од МВР сами воспоставија врски со цел светски нарко-крем и им делеа пасоши.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.694
Со перална?
Искрено не знам што е посмешно, на перална да се перат прљави пари или со градење куќи...
Поглупо мислење не сум читал одамна во форумов, со градење куќи бе...
 
  • Хаха
Reactions: A__
Член од
24 јуни 2009
Мислења
177
Поени од реакции
345
Ima novi muabeti niz Kocani.Se zboruva deka pod edna stara kukja ostanata od tursko e iskopana ogromna soba polna so zlato i zlaten pajton.Tocno, vriese od policija na toa mesto edno 3-4 saati, zosto nikoj nisto ne objavi.Sea Zajko ke se pozlati.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.292
Поени од реакции
45.809
Ima novi muabeti niz Kocani.Se zboruva deka pod edna stara kukja ostanata od tursko e iskopana ogromna soba polna so zlato i zlaten pajton.Tocno, vriese od policija na toa mesto edno 3-4 saati, zosto nikoj nisto ne objavi.Sea Zajko ke se pozlati.
Може е гробот на Александар. Мене еднаш еден таксист во Гевгелија ми кажа дека бил таму под една бензинска, ама може не разбрал убаво.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.296
Поени од реакции
78.956
добро бе, ќе ископаме пошироко околу бензинската
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.346
Поени од реакции
4.983
Центар за управување со кризи, раководен од ЦУК ЦУК Стојанче, распишал оглас (2) за вработување на самостоен референт за одржување и заштита на информатички системи во нивниот Сектор за информатика и телекомуникации, на определено време.

Потрбните услови се стручно средно: електротехничко или хотелско-туристичко образование, како и најмалку 3 години искуство во струката.

Бруто плата 24.153 денари.


Центар за управување со кризи.
Сектор за информатика и телекомуникации.
Самостоен референт.
Одржување и заштита на информатички системи.
Хотелско-туристичко образование.
Три години искуство во струката.

Заборавиле уште име и презиме на кандидатот да пишат.Прегледај го приврзокот 301875
Македонски железници имаа отворени 38 работни места.
Еве го и огласот https://mzt.mk/?p=6279&lang=mk

До почеток на Локални ќе се реализираат 2-3.000 вработувања на национално ниво ако не и више.
Затоа што Македонија тоа го може. Денот кога нема да има приватници и цела држава ќе биде една голема администрација ќе биде победа за Македонија.
300.000 население - 300.000 административци - URIME!!!
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.664
Поени од реакции
7.570
Македонски железници имаа отворени 38 работни места.
Еве го и огласот https://mzt.mk/?p=6279&lang=mk

До почеток на Локални ќе се реализираат 2-3.000 вработувања на национално ниво ако не и више.
Затоа што Македонија тоа го може. Денот кога нема да има приватници и цела држава ќе биде една голема администрација ќе биде победа за Македонија.
300.000 население - 300.000 административци - URIME!!!
Што им е на овие, кој информатичар ќе им работи за 17 000 денари месечно, и тоа имаат специфицирано дека кандидатот мора да има завршено Електро или ПМФ. Значи не примаат кој било. И кој заварувачи и бравари ќе им работат за по 12 и 13к месечно. 40-50 евра е дневница за заварувачи/бравари. И тоа полно работно време е од 7:30 до 15:30. Значи не е ниту да кажат како хонорарна работа па да треба да работиш по 1-3 саати на ден во просек.

А и каков е овој оглас. Огласот објавен на 12ти, а последниот рок за доставување на документи е 19ти. 12ти е понеделник а 19ти недела. Значи ако уште првиот ден видел некој, имал четири дена да среди целосна документација и да прати ).За дел од овие позиции кои сакаат да ги попунат нудат плати кои се х3-х4 помали од тоа што би заработиле на друго место, и уште и ставиле краток рок за да нема време за пријавување.

Чудно во најмала рака. Имам некое чувство дека овие новопримени вработени нема да се појавуваат баш на работа и дека ќе им биде само како 200-300 евра бонус примање на крај на месец.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom