Памтам како вчера да беше. Минатото лето... Не баш лето, ама пред крај на школска година. Имаше гоооолема забава, по повод, нели... Крајот. Петок.
Завршивме со часови тој ден, па со другарка ми се шлаевме по град, и на крај ни текна да одиме заедно, па ќе спијам кај неа. Добро...
Отидовме, после два саата сите беа пијани, а ја у тоа време не бев по алкохолот.
Шо знам шо праевме, нешто зборевме... И дојде на тема
Куќата. Е од тоа место сите беа... Онака, фасцинирани! Ај да одиме, па да одиме! Како бе ќе одиме... Пешки бе, саат време од овде е! Е ај добро, ќе одиме...
Куќата е... Нешто НЕНОРМАЛНО! Огромна е, стара преку 70 години, има приземје, спрат, поткровје и подрум.
Нејсе, прозорите се испокршени, а на тие од приземјето има и решетки. И кровот е баш како на замок, што уствари и ја прави страшна, не нешто друго.
И нормално, шприцеви, кондоми, шишиња... Бог знае што се` се собирало таму.
И така ние, пијани и мошне гласни, стоиме пред влезот, ја гледаме, и иде прашањето... КОЈ?
- Пер ај, твоја идеја беше, влагај!
- Не бе пер шо ти е, ќе ми излезе нешо, бегај таму...!
А, у меѓувреме публикава ги зеза, као ми се причини нешо ондека, леле што тресна така, духови има, го слушна ова, проколната е и слично...
Пооооола саат! И на крај се убедивме некако, влеговме!
Разрушена е цела, подот е од дрво, нема даска што не крцка, све е со стакло, од плафонот паѓаат парчиња, по ѕидовите неколку слоја тапети се одлепиле... Шо уште не! А, црна темница! Со џебна светилка од привезок нешто као се гледа, па со упаљач... Ама пак ништо.
Во ходникот имаше скали за накај поткровјето. И идеме накај скалите полека, а долг ходник, од другата страна е влезната врата... И ете ти од таму, преку ходникот се слуша нешто... И онака две три секунди тишина... Се отвора вратата (колку морбидно крцка само), и одеднаш - светло! Право у очи!
Е тука нема размислување, дел од секунда е тоа, се разбегаа сите кој кај стигна... Ја у соседната соба со еден другар... И се слушаат чекори, се движи светлото... Имаше некој, очигледно. После тоа се убедувавме дали бил дух.
Кој и да беше, го помина ходникот и си излезе. Веројатно комшија кој сме го разбудиле. Барем вратата ја чувме. За тоа време ја разгледував собата, а овој другар ми мислам најпијан од сите беше, почна да пее. Да пее, да се дере... Викаше нешто, ја пробував да излезам, и му викам ајде бе, отворив, и овој онака... Ид....! И толку беше. Од "идам" - "ид"...! Не знам што се` ми помина низ глава додека не се појави пак - од земја. Имало дупка во подот и дечкото успеал да ја погоди...:lool: Пак ме преплашија другиве кога влегоа во собата. Едвај не` нашле, ги бркал "духот" бла бла...:lool: Ама добро, беа пијани па ни сами не знаеа шо зборат...
Сеа шо ќе праиме, горе ќе идеме... Ајдее... Поткровјето има дупка на таванот, собира човек... Ај маса, па стол, па да видиме каков е погледот... И овој откачениов, не му беше доста што пропадна у подот, сеа и горе главата да ја пикне! И се симнува... _
- Мене не ми е добро. Па сигурно нема да му биде кога е камен!
- Не, има нешто горе! Мислевме дека измислува или лаже, нормално... Каде е тоа горе?! Излзе надвор до пола од кровот практично кажано... Шо може да видел, ѕвезди?!
Се симнавме, тргнавме да си одиме, и будалиов...
- Абе ја забораив да ви кажам, имаше нешто таму!
- Знаеме, ај сеа да си одиме..
- Ама имаше!
- Абе мрдај ајде!
- Ама не разбирате... ДОЛУ!
- Каде долу бе?!
- Кај што паднав!
- Колку испи?
- Добро бе не ми верувај, сакаш да се вратиме да видите?!
- И што виде?
- Се смееше...
- Што ти е бре тебе?! Кој се смеел?
- Па тоа...
- КОЕ?
- Ај остајте ме на раат, дај да се губиме од местово...!
Си отидовме после тоа. Тој ден толку убаво ми почна, а истата вечер претрпев таков страв... Свашта. И ден денес дечково одбива да зборува за било што поврзано со тоа. А јас не верувам дека видел било што, мислам дека му се причинувале работи, најискрено. Дека беше страшно - беше, и колку и да пишувам нема да ја доловам атмосферата, ама беше... Ужас.
Инаку, Д. ми е прв другар, сме правеле муабет, ама не му се зборува... И размислуваме да се вратиме еднаш, само ја и он. Преку ден.