Вести, во живо, новинарот зборува со еден човек:
- Моментално стојам со единствениот човек кој од просјак, со нула денари во џеб направи да биде милионер. Ќе ве замолам господине да ни објасните како го направивте тоа?
- Па видете, најдов некој денар и си купив нечисто јаболко. Убаво го измив, го избришав и го продадов. После си купив две нечисти јаболка со парите од првото јаболко. Ги продадов и нив, па си купив три нечисти јаболки, ги исчистив и нив и нив ги продадов. Потоа си купив гајба јаболки и нив ги продадов, па после количка си купив, па после и камионче, па си почнав бизнис со јаболките...
- Господине па вие станавте милионер само од продавање јаболки?
- Не бе, чичко ми умре и ми остави наследство од неколку милиони.