Двајца млади ловџии го запознаваат најстариот ловџија во друштвото и од почит го прашуваат која му е најстрашната ловџиска приказна.
Почнува стариот:
- Еее, 44 година отидовме во Африка да ловиме лавови. Немавме среќа два дена, арно ама третиот ден си стојам јас потпрен на едно дрво со цигара во уста, кога пред мене излегува најголемиот лав што сум го видел и прави РУАУУУУУ!!. И... јас се посрав во гаќи.
Еден од младиве веднаш реагира:
- Па видете, и јас да бев на ваше место, ќе се посерев во гаќи.
- Не тогаш бе. Сега се посрав, кога реков РУАУУУ!
---------------------------------
Некој директор бил на службен пат, и "случајно" начекал некоја ороспија.
- Колку ма?
- 100 дм!
- Важи, ама да водиме љубов на "македонски начин".
- Еее, нема проблем, што се сум доживеала, сигурно и тоа ќе го преживеам.
После бурната ноќ.
- Добро бе, навистина те бидувало за секс, ама што ти беше тоа "на македонски начин"?
- Ништо особено, ќе ти платам утре!
-------------------------------------
- Што е тоа мало, црно, крваво и прави 7.200 обрти во минута?
- Мравка во хард-диск.
-------------------------------------
Закаснил Исус на тајната вечера, гледа журка ненормална, голи жени играат по маси...
- А бе, што е работава?
- Јуда направил добар бизнис, па части.
--------------------------------------
Осудиле некој крт на смртна казна и го прашуваат:
- Дали имаш последна желба крте?
- Да, жив да ме закопате.
--------------------------------------
Жена мазохист и маж садист на првата брачна ноќ:
- Мажу, тепај ме, беси ме, силувај ме, што сакаш прави ми!!!
- Не сакааааааам!!!
--------------------------------------
Шетаат две краставички по улица, едната здогледува тегла и вика:
- Бегај побрзо, иде рација!