Си бил еден човек што многу д'ткал и не можел работа да си најде па решил да иде во црква да му дадат нешто да работи. Отишол му кажал на попот што е работата и овој му дал да продава православни календари.
Му дал 10-тина и го испратил да продава. Се враќа човекот по 1 саат и му вели ппппопе дддај уууште сссите ги пррродадов
Попот се чуди и му дал 50. Утредента човекот се враќа и му бара уште оти пак сите ги продал.
Попот му дал 100, овој утредента пак се враќа со сите продадени и попот зачуден од кај сега толку верници излегоа го прашува човекот како успева толку бргу да ги распродаде
И овој вели пппппа ќќќе ииидам нна ппауза ннна нннекоја ффабрика и на рработниците ииим викам "ќќќе сссси кккккупите ииили ддда вввви ччччитам"