Срам те било -Срам те било! - вика жената. Соседите зборуваат дека синоќа си бил мртов пијан и дека на улица си го гушкал дрвото!
-Па добро жено, не си сигурно љубоморна на дрвото.
Аууу Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничкa седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав панталоните!
Пит Бул версус Пекинезер Си имал Мујо пит бул, а Хасо волчјак. Се здавиле кучињата и пит булот го изел волчјакот. Отишол Хасо и купил дога. Пак се степале кучињата и пак пит булот победил. Хасо отишол по третпат и купил шарпланинец, но пит булот и него го победил. Ептен налутен Хасо отишол по ново куче и после два дена се вратил со пекинезер. Мујо се згазил од смеење кога го видел пекинезерот. Отишле кучињата позади една грмушка да се тепаат. После некое време се вратил пекинезерот носејќи ја главата на пит булот. Мојо кога видел што се случило почнал да плаче:
- Знаеш ли бе ти колку пари јас платив за тој пит бул?
- А ти знаеш ли јас колку платив пластична операција за ова крокодолов да ми го направат пекинезер?
Трпе Мераклија Трпе бил мераклија по рум, и отишол на доктор бидејќи се го болело.
Докторот го прегледува и:
- Трпе, под итно мораш да престанеш со пиењето на рум.
- Леле докторе сум пробал сто пати ама многу тешко ми оди.
- Мораш Трпе, немој да мислиш на рум, немој ни да го спомнуваш, и ќе успееш.
Отишол Трпе во кафеана и нарачува, чајче, а келнерот:
- Сакате со рум или без рум.
- Може .... без чај!
Црнки Зошто не постојат вицови за црнки?
- Затоа што плавушите не можат да ги смислат.
На стадион Полицаец на работа на стадион, за време на утакмица се туфка ли туфка, па на крај изнервиран станува и вика:
- Па добро бе мајку му стара, не може ли да ќутите и да навивате!!!
Може или неможе? - Може ли плавуша да не забремени ако користи аналгин?
- Може, ако го држи меѓу нозе и пази да не и падне.
Рамче Оди Рамче по улица кога го сретнува некој пријател и го прашува:
- Каде бе Рамче?
- Еве идам у град да си купам одело.
- Па, купи и за мене едно, ако не те фатат.