Не е виц ова, вистина е
Го прашува синот таткото, ’’Тато, што е политика?
Политика, а?...
Еве, , да речеме вака сине:
Јас носам пари дома, значи јас сум капиталист.
Мајка ти администрира со парите, таа е владата.
Дедо ти надгледува се’, тој е унијата.
Слугинката е работничката класа.
Сите работиме за тебе и ти го посакуваме најдоброто. Ти си народот. Брат ти кој е сеуште во пелени, е иднината.
Разбра ли сега, сине?’’
Детето вели, ’’Ајде да го преспијам ова и да помислам, па утре ќе ти кажам....’’
Ноќта се буди малиот и осеќа некоја чудна миризба од креветчето на братчето.
Не знае што да прави, и оди да бара помош. Влегува кај родителите. Таткото го нема, а мајката таа заспала цврсто и нема шанси да ја рабуди.
Оди кај слугинката. Наслушнива низ вратата некои звуци....Ѕирка...и го гледа таткото во кревет со слугинката, и го гледа дедото како ги гледа преку прозор! Никој не го ни заприметува детево, толку се преокупирани...
Нема што да прави на крајот, и се враќа во кревет.
Следниот ден, таткото го прашува дали размислил и дали знае што е политика.
Детето изјавува, ’’Да, сега знам!
Капиталистот ја злоутребува работничката класа, а владата појма нема, спие.
Унијата го гледа сето тоа, без да реагира.
Народот е игнориран.
Иднината е во гомна.
Тоа е политика!’’