- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.043
- Поени од реакции
- 12.584
Да, во право си, актуелната власт е корумпирана и си тера како сака, но сепак ние, граѓаните на Република Македонија можеме кога сакаме да ја симнеме од власт кога сакаме, доволно ќе биде да чекаме до наредните парламентарни избори, да излеземе да гласаме и да гласаме за било која опција на изборното ливче, само не за актуелната власт.за каква демократија зборуваш кога партијата која иди на власт шерифува со државата и си крои закони по нивни терк,си распишува тендери по нивни терк,ја користи полицијата и системите за прислушување за приватни цели кобајаги дека ја штити државата итн итн
Уставот на РМ за кој учев во основно(тогаш и РМ доби независност),нашиот наставник не учеше,убедуваше дека е неменливо нешто како сега да му ги памтам зборовите дека тоа е свето нешто за секоја држава и не смее да има никакви додавки или измени (нашиот беше одобрен од францускиот светски признат експерт Бадентер,нека ме поправи некој оти не сум најсигурен),а Уставот по 2001 претрпе безброј измени во корист на националностите,кои им беа загарантирани сите права во претходниот,со новиот веќе да имаат и привилегии што е невидено во светот
го спомна и парламентот и те молам да ми кажиш кога последно тој како дело придонесол за некој значаен закон кога истите ги приготвува владата и само ги става на гласање,кога си видол на слободни прашања да се издејтвува некое прашање или иницијатива од нечие сопственио мислење и за крај кога власта ќе прифати некој добар закон од опозицијата?!
за сето што ти го зборуваш можеби постои во некој твој филм,но далеку си од реалноста и кажувај еднаш за негативните страни во нашата држава,а не дека тоа ќе го добиеме со влезот во ЕУ,зошто таа недемократска ЕУ ни бега 150 години во развојот,а сите работоспособни и интелегентни млади кадри неповратно заминуваат несакајќи своето знаење да го вложат за смешни суми на пари работејќи од утро до мрак кај некој новопечен бизнисмен со пари кои ги стекнал од пропаѓањето на наш производствен капацитет кој се до 91 година извезувал во ЕУ или арапските земји свои производи
Само на вонредните парламентарни избори 2011 ги имаше дури 18 опции, не е можно сите да се исти, ја разбирам твојата недоверба во нашите корумпирани политичари, и јас ја делам кристално истата таа недоверба со тебе, но тоа не ми е доволна причина за да кренам раце и им ја подарам мојата држава на евробирократите во Брисел за да прават што како ќе им текне со нејзе.
Со сета почит кон твојот наставник, но Уставот може да се смени со двотретинско мнозинство во Парламентот кое би гласало за уставните измени, а ако не си добро запознаен, Охридскиот Рамковен Договор го потпишаа македонските политичари, но тука беа олеснувачите од ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.
Бидејќи конфликтот што се случи во 2001 беше проблем на Република Македонија со терористички групи кои вршеа терористички дејствија на територијата на Република Македонија, следува заклучокот дека Република Македонија требаше сама да си го реши тој проблем, а не да бара помош од Брисел и Вашингтон.
Самиот факт дека Брисел и Вашингтон си го пикнаа носот во проблемот, а веќе година дена подоцна велеа дека новиот Устав е најдобриот Устав кој Република Македонија го имала од почетокот на нејзината независност во 1991 па се до денешен ден, говори повеќе од доволно дека некој од надвор дошол и ти кажувал што и како треба да правиш.
Повеќе од јасно е тоа дека западот не користи нас како експериментални стаорци, доволен доказ за тоа е ова:
И се надевам дека си во право кога велиш дека ЕУ ни бега 150 години, јас велам нека ни бега 150 милениуми и никогаш да не ја стигнеме, бидејќи не сакам да бидам дел од една голема лага која си дава на себеси право да ми кажува како јас да си ја уредувам мојата држава.
Пет Кондел, ирски автор, политички коментатор, комичар, но пред се, човек кој на своја кожа ја има почувствувано евробирократската диктатура, бидејќи е Ирец, а неговата држава Ирска ги трпи последиците од долговите кои ги набилдале нејзините корумпирани политичари, бидејќи, да, и во ЕУ има криминал и корупција, па сега условно ја користи помошта од ЕУ, така што мора да биде послушна држава и да постапува така како што ЕУ ќе и диктира, знае за што зборува кога вели дека на Европа и треба револуција:
Од се срце ти препорачувам да го видиш клипчето до крај, човекот има што да каже и заслужува тоа што го кажал да биде слушнато.