Вистината за ЕУ која се премолчува

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Вистината за ЕУ која се премолчува
Каде итате Македонци? - кренете ја рачната навреме , да не биде онаа старата- дала баба 5 пари да се фати на оро , ама дава 10 за да се пушти од него.
‘Дали нашите политичари се свесни за она што му го прават на својот народ? Дали се свесни дека со влез во ЕУ за мн.кратко време сите добра ќе прејдат во владение (сопственост) на белосветската мафија и дека нашиот народец ќе биде најмена работна сила , подобро кажано робови? ’



Пример со возач на камион од Словенија кој на една-ТВ изјавил дека дневно работи по 16-18
часа за ГОЛА ПЛАТА,без платени прекувремни саати , без пари за платен топол оброк. Ако се побуни , неговиот газда едвај чека да го испрати под завод, а на негово место да вработи романец кој ќе му вози за пола цена,но истовремено газдата зборува како во ЕУ е супер, бидејќи секој месец си купува нов камион.
Бугар -зборува како Бугарија живела од извозот на овошје и зеленчук , а сега се’ увезуваат од ЕУ ,а државата се’ повеќе иповеќе се задолжува.
Унгарците зборуваат како станале наемни работници на( до вчера своите лозја- виногради), бидејќи французите најпрво ги уништиле со ниските цени ,за да кога унгарците не можеле повеќе да ги враќаат кредитите на банките , па од банките ги купиле за ситна пара скооро сите нивни виногради .Така сега најпознатиот унгарски виноград (Токај) http://en.wikipedia.org/wiki/Tokaj е во сопственост на англичаните.
Во Чешка ЕУ ги присили сопствениците на шеќераната да ја затворат фабриката , работниците ги отпуштиле ,а сето тоа само заради тоа што ЕУ има премногу шеќер,а го има затоа што го увезува од Куба и при тоа добро заработува.
Германија заради пречекорување на квотата на дозволено загадување - гплем дел од тешката индустрија ги префрла во Чешка.Единствениот човек кој успеа да собере 2+2 е чешкиот претседател Клаус кој тврди дека влезот на Чешка во ЕУ е жив промашај и во знак на протест не дозволува знамето на ЕУ да се закачи на неговата резиденција.
Ако ова и ред други работи кои намерно се премолчуваат верувајте дека не 50, туку 90% од граѓаните нема да сакаат да чујат за ЕУ , а не па да бараат влез во неа.
Само да не биде она - мижи бутај- влез во ЕУ,да не’ убутаат без мислење на народот ко што беше и во Холандија и Словенија кога преку испитување на јавното мислење сфатија дека народот е против влез во ЕУ , но веќе си ја завршија нагодбата, па кога се побуниле зошто не излегле на референдум , одговорот им бил;“ Па вие гласавте за оваа партија која во својата програма има влез во ЕУ и ние сега го извршивме она што во предизборната кампања го ветивме“.Зошто Уставот на ЕУ не пројде во франција и Холандија, зошто пребегаа кон лисабонскиот договор ?Затоа што ќе поминеа како во Ирска.
Зарем никој не гледа дека водечките членки на ЕУ( Англија, Франција, Холандија, португалија, Шпанија и Германија) сите по ред биле колонијални сили , дека колониите ги освоиле со војни , во тие војни испоубиле милиони луѓе и ограбиле се’ што можело да се ограби?.Но се’ што со оружје добиле ,со оружје и го изгубиле. Сега имаат полни музеи , но имаат и издајници (оние кои за нив војувале во сопсвената татковина против сопствениот народ) , и кои сега им се гоооолем проблем (во Франција: Мароканците, Тунижаните , Алжирците...) .
Лондон има преку 50% обоено население, а на што само личи Холандија? и сите се извор на криминал.
Сега имаат и едно големо искуство ,поучени од Аљаска која САД ја купи од рускиот цар доѓле до заклучок:се’ што ќе се одземе со оружје, со оружје може и да се врати, но и она што ќе се купи може само со купување да се поврати, па сега кренаа да го освојуваат светот на нов начин:со глобализација.
Што се крие зад глобализацијата?
Глобализацијата е колонизација без испукан куршум.
И ние наседнуваме на таквите хохштаплери, кои не’ учат што е тоа демократија, што е добро, што не, а до вчера сееја смрт низ светот истребувајќи цели цивилизации.
Па и така речено најголемите демократи на светов-САД, до неодамна имаа робови и до вчера не се возеа во исти автобуси со црнците.
И сега тактиката им е жртвата прво да ја фрлат на колена (најчесто преку финансиски задолжувања) а после доаѓаат со ковчежиња пари , адвокати и договори , и се’ што е вредно за кусо време си го менува сопственикот, и тоа за ситна пара бидејќи и кралот во пустина кога умира од жед , си го дава целото кралство за капка вода.
текстот е превземен од странска статија-но не е целосен ( ме мрзеше целиот да го преведам)
;)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
“ Па вие гласавте за оваа партија која во својата програма има влез во ЕУ и ние сега го извршивме она што во предизборната кампања го ветивме“.
Дали Во Македонија има политичка партија која што е против влез во ЕУ?

Поранешниот систем популарно едноумие го викаат, а денешниот како?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Дали Во Македонија има политичка партија која што е против влез во ЕУ?

Поранешниот систем популарно едноумие го викаат, а денешниот како?
Нормално оти нема ни да има. Мнозинството од луѓето се потпросечно образовани за да сфатат оти нема подобро да живеат во таа ЕУ, па кој би гласал за таква партија?
Како не, ќе си речи, не сум будала да гласам за некој шо ќе ме држи во сиромаштија...
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
одамна сум против влез на Македонија во НАТО или па во тоа унијата....
едит: Затоа што играме како што ни свират, а кога би влегле (hell no) тогаш би играле цело време.
сеуште имаме шанси да се откачиме од тоа 'оро'. Мораме да застанеме на здрави нозе за да немаме потреба од други.
 
V

Vollstandig

Гостин
Jaс од секогаш сум бил против таа европска унија и нема никаква потреба народот да оди во таква некаква си унија која се гледа дека не функционира како што треба.
Подобро ќе биди да гледа народот во македонија да ни биди подобро малце да се активира цела мк, почнувајќи од туризам, еден милион места недопрени од човечка нога со години, еден тон археолошки локалитети, имаме и храна, и рецепти, и пијалоци, и национални богатства, руди, можи македонија дасе извај од гомна, ако има кој да ја води и насока да и дај, и коњот кога нема узди, не оди никаде.
Полека ќе увидат сите дека европа не е надежта за нас, туку истокот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.449
Па нормално дека нема да има политички партии кои ќе повикуваат на изолирање од Европската Унија, кога сите политичари се гладни и жедни по пари, убаво им кажа британскиот европарламентарец Најџел Фараж, претседателот на Партијата за Независност на Обединетото Кралство (United Kingdom Independence Party - UKIP) на Хрватите:

Ако во Хрватска членовите на парламентот примаат плата од 2000 евра месечно, во Европскиот Парламент ќе примаат плата од 7500 евра месечно.




Па со кој памет македонските политичари би се спротивставувале на полноправното членство на Република Македонија во ЕУ, кога во Собранието на Република Македонија примаат плата од 1000 евра месечно, а во Европскиот Парламент би примале плата од 7500 евра месечно ?

На терминалите на сите аеродроми во државите членки на ЕУ има два влеза и два излеза - првиот за службените лица од ЕУ кои полетуваат или слетуваат, а вториот за сите останати патници кои полетуваат или слетуваат, до авионската писта при полетување ќе ги донесе, а при слетување на авионската писта ќе ги пречека тазе нов луксузен Мерцедес-Бенз, коктели и приеми до бескрај, и сето тоа само затоа што се службени лица во ЕУ.

Само луѓето кои знаат да им одолеат на сите овие луксузни магнети се подготвени за напуштање и/или изолирање од ЕУ, а таквите ги има ептен малку, ретки се како одредени диви мачки како тасманискиот ѓавол и други загрозени растителни или животински видови.

За жал, и после Фашистичка Италија и Бенито Мусолини, и после Нацистичка Германија и Адолф Хитлер, и после Студената Војна и распаѓањето на Советскиот Сојуз и на Југославија, сепак светот и понатаму одбива да ја прифати вистината кога му ја сервираат на златна тацна, туку како што налагаат старите навики, прво чека да ги почувствува последиците од игнорирањето на вистината, за да подоцна ја прифати истата.

Во такви околности, очигледно и ние ќе треба да поминеме низ истите патешествија низ кои поминал Владимир Буковски во поранешниот СССР, па на оние од нас кои ќе дочекаат живи да раскажуваат за истите тие патешествија на стари години ќе ни остане само да се надеваме дека помладите генерации ќе не послушаат.


Или ретките исклучоци како Пет Кондел.


И се разбира, ретките исклучоци како Најџел Фараж, кого веќе го спомнав.



Ова е вистината за Европската Унија - ЕУ, односно за Европската Унија на Советски Социјалистички Републики - ЕУССР.

 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
97
Поени од реакции
21
Многу сте смешни

‘Дали нашите политичари се свесни за она што му го прават на својот народ? Дали се свесни дека со влез во ЕУ за мн.кратко време сите добра ќе прејдат во владение (сопственост) на белосветската мафија и дека нашиот народец ќе биде најмена работна сила , подобро кажано робови? ’
Дали сега не е така?
Дали голем процент од љугето работата за плата под 8000денари.
И без ЕУ и со ЕУ ке играме како штоке ни свират многу поголеми и економски посилни држави играат како што им свират.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
одамна сум против влез на Македонија во НАТО или па во тоа унијата....
едит: Затоа што играме како што ни свират, а кога би влегле (hell no) тогаш би играле цело време.
сеуште имаме шанси да се откачиме од тоа 'оро'. Мораме да застанеме на здрави нозе за да немаме потреба од други.
Ние не смееме да застаниме на здрави нозе. Ниедна балканска држава не и одговара на ЕУ да е на здрави нозе, оти во тој случај нема да ги шајкари ни 2%, а во случајов како ќе им прдне нив, така правиме ние... Да не се лажиме, се’ дури ЕУ е моќна ние нема да имаме јака држава. Тоа се интерси од глобален карактер и едноставно не можиме да се мешаме тука и да правиме по свое како шо ни чини.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Ние не смееме да застаниме на здрави нозе. Ниедна балканска држава не и одговара на ЕУ да е на здрави нозе, оти во тој случај нема да ги шајкари ни 2%, а во случајов како ќе им прдне нив, така правиме ние... Да не се лажиме, се’ дури ЕУ е моќна ние нема да имаме јака држава. Тоа се интерси од глобален карактер и едноставно не можиме да се мешаме тука и да правиме по свое како шо ни чини.
значи ЕУ сака сателити кои би кимале со главите и би биле нејзини пиуни. И ние (раководство) со сила сакаме да влеземе кога немаме стандард како на граѓаните на Геј Ју.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.449
Дали голем процент од љугето работата за плата под 8000денари.
И без ЕУ и со ЕУ ке играме како штоке ни свират многу поголеми и економски посилни држави играат како што им свират.
Точно, но во актуелните околности можеме со прст да покажеме кон нашите политичари и нив да ги обвиниме за тоа што тие го прават, а откако ќе влеземе во ЕУ, нашите политичари повеќе нема да ги донесуваат одлуките, туку ЕУ ќе ги донесува одлуките, а нашите политичари само печат ќе удираат на истите тие одлуки и ќе ги спроведуваат истите, ниту ќе се спротивставуваат на истите тие одлуки, ниту ќе му кажат на народот какви последици следуваат од истите тие одлуки.

Вака барем можеме да ги обвинуваме едните или другите и да бараме одговорност од нив, затоа што ние ги бираме и едните и другите на тајни, непосредни, фер и демократски избори, а кога Брисел ќе донесува одлуки во наше име, истите тие одлуки ќе ги донесува Европската Комисија на ЕУ, што е всушност друго име за Политбирото на ЕУССР, група од луѓе кои не сме ги избрале, луѓе кои не ја уживаат нашата доверба, луѓе на кои не сме им дале дозвола да донесуваат одлуки во наше име, како што вели Најџел Фараж:

Не сме гласале за вас и затоа не можеме ни да ве отстраниме од вашите позиции по пат на гласање за истото тоа отстранување.

А во денешна Македонија, надвор од ЕУ, можеме било кога да организираме референдум на кој ќе гласаме за или против вонредни парламентарни или локални или претседателски избори, можеме било кога да организираме референдум на кој ќе изгласаме доверба или недоверба на некој пратеник во Парламентот, на некој министер во Владата, на Претседателот на државата, ја имаме сета моќ за да некого донесеме или симнеме на/од власт и/или во државната и/или јавната администрација по демократски пат, но тоа не е случајот со Европската Комисија, воопшто нема да бидеме прашани дали се согласуваме таа и таа личност да донесува одлуки во име на сите држави членки на ЕУ во Европската Комисија и по автоматизам нема да можеме ниту да ја симнеме истата таа личност од позицијата која ја држи во Европската Комисија.

Македонија е демократска држава, дефинитивно имаме проблеми со криминалот, корупцијата, невработеноста и сиромаштијата, но пред се, сме демократска држава, а ЕУ е бирократска диктатура која се заканува да стави крај на демократијата во нејзините држави членки и да воспостави тотална и апсолутна контрола врз животите на сите граѓани на истите тие држави, е во тоа е разликата помеѓу Македонија надвор од ЕУ и Македонија во ЕУ.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
значи ЕУ сака сателити кои би кимале со главите и би биле нејзини пиуни. И ние (раководство) со сила сакаме да влеземе кога немаме стандард како на граѓаните на Геј Ју.
Па сигурно не се будали да дозволат некоја си Бугарија, Романија, Албанија или која да е друга држава да зајакне до тој степен за да им ги мати сметките. Затоа од памтивек на Балканов креирале кризи. Затоа и денес одржуваат контролирана криза, што преку Грција, Косово, Шиптариве кај нас, Босна... Па ти осмели се да те видам не играј им по музиката шо ти ја пуштаат.
--- надополнето: Nov 12, 2011 11:23 PM ---
откако ќе влеземе во ЕУ, нашите политичари повеќе нема да ги донесуваат одлуките, туку ЕУ ќе ги донесува одлуките, а нашите политичари само печат ќе удираат на истите тие одлуки и ќе ги спроведуваат истите, ниту ќе се спротивставуваат на истите тие одлуки, ниту ќе му кажат на народот какви последици следуваат од истите тие одлуки.
А ко демек сега Грујо & Co. носат одлуки... на своја рака... абе ај
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
97
Поени од реакции
21
Точно, но во актуелните околности можеме со прст да покажеме кон нашите политичари и нив да ги обвиниме за тоа што тие го прават, а откако ќе влеземе во ЕУ, нашите политичари повеќе нема да ги донесуваат одлуките, туку ЕУ ќе ги донесува одлуките, а нашите политичари само печат ќе удираат на истите тие одлуки и ќе ги спроведуваат истите, ниту ќе се спротивставуваат на истите тие одлуки, ниту ќе му кажат на народот какви последици следуваат од истите тие одлуки.

Вака барем можеме да ги обвинуваме едните или другите и да бараме одговорност од нив, затоа што ние ги бираме и едните и другите на тајни, непосредни, фер и демократски избори, а кога Брисел ќе донесува одлуки во наше име, истите тие одлуки ќе ги донесува Европската Комисија на ЕУ, што е всушност друго име за Политбирото на ЕУССР, група од луѓе кои не сме ги избрале, луѓе кои не ја уживаат нашата доверба, луѓе на кои не сме им дале дозвола да донесуваат одлуки во наше име, како што вели Најџел Фараж:

Не сме гласале за вас и затоа не можеме ни да ве отстраниме од вашите позиции по пат на гласање за истото тоа отстранување.

А во денешна Македонија, надвор од ЕУ, можеме било кога да организираме референдум на кој ќе гласаме за или против вонредни парламентарни или локални или претседателски избори, можеме било кога да организираме референдум на кој ќе изгласаме доверба или недоверба на некој пратеник во Парламентот, на некој министер во Владата, на Претседателот на државата, ја имаме сета моќ за да некого донесеме или симнеме на/од власт и/или во државната и/или јавната администрација, но тоа не е случајот со Европската Комисија, воопшто нема да бидеме прашани дали се согласуваме таа и таа личност да донесува одлуки во име на сите држави членки на ЕУ во Европската Комисија и по автоматизам нема да можеме ниту да ја симнеме истата таа личност од позицијата која ја држи во Европската Комисија.

Македонија е демократска држава, дефинитивно имаме проблеми со криминалот и корупцијата, но пред се, сме демократска држава, а ЕУ е бирократска диктатура која се заканува да стави крај на демократијата во нејзините држави членки и да воспостави тотална и апсолутна контрола врз животите на сите граѓани на истите тие држави, е во тоа е разликата помеѓу Македонија надвор од ЕУ и Македонија во ЕУ.
Ах сега лом направивме колку одлуки се днесени спротивно на мислењето на народот.
Еве јас сум од Струга териотриалната поделба ја направија во спротивност на интересите на жителите на Струга и кој ги спречи или кој побара одговорност или кој го измени тоа
мислам прост пример а ги има многу во сите сфери
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.449
А ко демек сега Грујо & Co. носат одлуки... на своја рака... абе ај
Без разлика дали донесуваат одлуки на своја рака или не, јас како граѓанин на Република Македонија, односно како граѓанин на демократска држава, имам право на избори да гласам за или против истите тие луѓе, додека тоа не е случајот со членовите на Европската Комисија на ЕУ, односно Политбирото на ЕУССР.

Ах сега лом направивме колку одлуки се днесени спротивно на мислењето на народот.
Еве јас сум од Струга териотриалната поделба ја направија во спротивност на интересите на жителите на Струга и кој ги спречи или кој побара одговорност или кој го измени тоа
мислам прост пример а ги има многу во сите сфери
За територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија се одржа референдум кон крајот на 2004 и на истиот тој референдум граѓаните на Република Македонија имаа можност да кажат ДА или НЕ за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа.

Јас бев малолетен тогаш и немав право на глас, во спротивно, ако имав право на глас, ќе излезев и ќе гласав ЗА задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа.

А фактот дека мнозинството граѓани на Република Македонија со право на глас молчеа и одлучија да не излезат да гласаат на истиот тој референдум е исклучиво нивна одговорност и ќе остане да им служи на чест и на совест на сите тие кои не излегоа да гласаат и кои не гласаа.

Факт е тоа дека Република Македонија и тогаш беше, а и денес е демократска држава, но тоа не значи дека ќе останеме демократска држава ако Република Македонија стане полноправна држава членка на ЕУ.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Без разлика дали донесуваат одлуки на своја рака или не, јас како граѓанин на Република Македонија, односно како граѓанин на демократска држава, имам право на избори да гласам за или против истите тие луѓе, додека тоа не е случајот со членовите на Европската Комисија на ЕУ, односно Политбирото на ЕУССР.
Изборите ти се само параван за обичниот народ. Во позадина истите луѓе ги влечат конците, независно ти кого си изгласал. Ваљда си доволно голем и знаеш што им се случува на тие што не следат наредби од Брисел... пилотски грешки им се случуваат.


А тоа демократска држава, објасни ми го каде го има на дело... каде во светов има демократија, ама во вистинска смисла на зборот. Каде се почитуваат сите човекови права, нема дискриминација...?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom