не си го гледаме дворот и каква ни е чергата,а плукаме по ЕУ,имаме рекордна невработеност и најниски плати во регионот и викаме дека кај нас тек допрва поарно ќе биде отколку во ЕУ.........несомнено ЕУ премногу политички почна да делува,а првенствено за она што беше создадена - економски развој и просперитет дојде во втор план..........како и да е кога ние ќе се подсредиме може да говориме за лошите особини на ЕУ,пошто сме 50 години назад од нив - немаме право на тоа
Грешка си батка, Република Македонија е држава кандидат за полноправно членство во ЕУ, а мене како граѓанин на Република Македонија ме засега тоа и морам да обрнам внимание на тоа што ме чека кога мојата држава ќе стане полноправна членка на таа меѓународна организација на економски и политички интереси.
Токму затоа што Република Македонија е држава кандидат за полноправно членство во ЕУ, имаме право да говориме за позитивните и негативните карактеристики на ЕУ уште сега, додека сеуште не сме влегле во ЕУ, Норвешка на секои неколку години распишува референдум на кој ги прашува Норвежаните дали сакаат Норвешка да стане полноправна држава членка на ЕУ и на секој референдум Норвежаните одговараат со НЕ.
Со самата кандидатура на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ следува дебата околу истото тоа членство, дебата која од 2004 кога Република Македонија поднесе апликација за добивање на статус држава кандидат за полноправно членство во ЕУ, па се до денешен ден, воопшто не е одржана.
Кога треба да дискутираме за позитивните и негативните карактеристики на ЕУ, кога веќе ќе бидеме дел од ЕУ и кога ќе не експлоатираат како робови ?
Ако тоа е твојот став, тогаш со среќа, тоа си е твој став и никој нема право да го менува, може некој да се обиде да те убеди да го смениш твојот став, но твојот став можеш само ти да го смениш и никој друг.
Мојот став од друга страна, е дека мораме уште сега да започнеме со дебата на која ќе дискутираме за позитивните и негативните карактеристики на ЕУ, како што вели Најџел Фараж, ако за време на Студената Војна, Европа беше поделена на источна Европа и западна Европа, денес во ЕУ, Европа е поделена на северна Европа и јужна Европа.
А богами теоријата држи вода и тоа како само, сите ние возиме возила претежно произведувани во северна Европа, сите ние мигрираме исклучиво во државите во северна Европа во потрага по подобар живот, сите ние ги учиме нордиските јазици (германски, норвешки, шведски, англиски, француски), кои се говорат исклучиво во северна Европа, така да, со оваа нова поделба се врши асимилација и експлоатација на народите од јужна Европа, меѓу кои спаѓаме и ние, а тоа е повеќе од доволна причина за да се откажеме од било какво членство во ЕУ.
Јас сум им благодарен на гејците бидејќи не блокираат и се надевам дека ќе продолжат да не блокираат, бидејќи и самите гејци станаа пример за тоа што им следува на државите кои се полноправни членки на ЕУ, факт е тоа дека на своја сметка се презадолжувале, но исто така факт е и тоа дека европските банки биле свесни дека Грција нема да може да плаќа толкави кредити и долгови, но сепак и дозволиле да се задолжува, бидејќи ќе профитираат од таквите задолжувања, без разлика дали Грција на крајот ќе банкротира или ќе се спаси.
Кристално истото не чека и нас со полноправното членство во ЕУ, актуелната влада на Република Македонија не задолжува во ММФ и Светската Банка за реализацијата на проектот Скопје 2014, за плати и пензии, како и за други некапитални инвестиции, а со влезот во ЕУ, било која влада на Република Македонија ќе може да не задолжува до бескрај колку сака.
А кога ќе биде вистинско време за да дискутираме за позитивните и негативните карактеристики на ЕУ, кога ќе ни пристигне сметката од задолжувањата и ќе останеме без работа ?
И вака состојбата е никаква, уште полоша ли треба да стане за да ни влезе памет во глава и се освестиме ?
ЕУ се стреми кон тоа да стане нова Европска Империја, а за наше добро, најдобро ќе биде никогаш да не станеме дел од таа империја.