Декстер26
Устав...устав...устав......................
Најсериозно сега, Албанец си? Затоа толку те повредува што ќе ти земеле нешто од уставот?
Не бе, чистокрвен Македонец сум.
Каква врска има Уставот на Република Македонија со Албанците ?
Зарем само тие го штитат Уставот ?
Ако е така, тогаш подобро уште сега да се повлечам од дискусијава, не го бранам само Уставот, туку ги бранам и човековите слободи и права, не со пушки и пиштоли, не со протести и немири, туку со вадење аргументи на форумов.
Овој избеган европски експеримент наречен ЕУ се заканува по човековите слободи и права, а единствениот документ во Република Македонија кој ги брани човековите слободи и права е Уставот, токму затоа и го спомнувам.
Твоите одлуки се дават на референдум и на избори. Ако политичарите не си изполнат ветеното - това не ти е игнориране на човеково право,заштото можат да ти ветат плата от 50 000 евра и што?! Това ти е човековото право?! Това ти е проблем на морал на парламентарците за кои си гласал.
Баш затова има дебати преди да грасаш на референдум, за собрание и така натаму...
Не разбрав зашто подминуваш гласането за пратеници во европскиот парламент и които ке са пратени тамо от граганите на РМ???
Не разбравме што ке кажеш за македонскиот еврокомисар, коj ке биде пратен от македонската влада???
Ако сметаш дека твоите права са прекршени - има суд во Стразбург. И ден денес грагани от државите во ЕУ и во РМ се обракjaт ком него. Тук нема ништо лошо во това и точно тоj е гарант за почитуване на тези права.
Това во црвеното ти е абсолутна глупост. Едно са европските фондови за развоj(кои ке се контролират от македонските институции), а сосем друго е спасувачки план на една фалирала држава,коj се спроведува на многу високо ниво. Абсолутно нема база да ги гледаш едно до друго. Пак ке ти повторам - проучи малце повеке, заштото со вакви тези покажуваш дека немаш поим от функционирането на таа униja за коja сакаш да дебатираш.
За политичарите кои не го исполнуваат ветеното има избори на кои можам да ги сменам, или референдум на кој можам да им изгласам недоверба, а тоа не е случајот и со членовите на Европската Комисија на ЕУ, односно на Политбирото на ЕУССР.
Во Европскиот Парламент нема ни д од демократија, како што беше покажано и докажано со усвојувањето на Лисабонскиот Договор, кој им беше достапен на европарламентарците само неколку часа пред почетокот на дебатата во парламентот за истиот тој договор, а среде дебатата, Европската Комисија додаде 300 нови страници, а на пратениците им беше ограничен временскиот период за дебатирање, поради што Лисабонскиот Договор беше протнат низ задна врата.
Можеме да се надеваме дека македонските пратеници во Европскиот Парламент успешно ќе ги застапуваат интересите на македонскиот народ, но тоа не значи дека ќе ја уживаат довербата на мнозинството во парламентот.
Македонскиот еврокомесар ќе биде личност која ќе мора да ја освои мнозинската доверба на советниците на кабинетот на претседателот на Европската Комисија на ЕУ, кои слободно ќе можат да го одбијат предложениот кандидат за еврокомесар и да побараат друга личност да биде кандидирана се додека не биде кандидирана некоја личност која ќе биде по нивни вкус, со други зборови, ваквиот избор е во целост недемократски, советниците на кабинетот на претседателот на комисијата не се избрани на слободни, тајни, непосредни, фер и демократски избори и поради тоа не можат ни да бидат отстранети по пат на избори или референдум.
А уште понедемократски е фактот дека ниту еден од еврокомесарите не може да биде сменет по пат на избори или референдум, а не може да биде сменет ни во Европскиот Парламент, парламентот може само да изгласа доверба или недоверба на целата Европска Комисија, а не само на поединечни членови на комисијата, односно, со други зборови кажано, или сите еврокомесари ќе останат несменети, или сите еврокомесари ќе бидат сменети.
Кога сме кај судот за човекови права во Стразбур, твојата татковина Бугарија убаво покажа и докажа на дело колку се почитуваат одлуките на истиот тој суд со тоа што одбиваше и до денешен ден одбива да ја регистрира политичката партија на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин.
А кога сме кај европските фондови, истите тие фондови зависат од донациите на богатите држави членки на ЕУ како што се Британија, Франција, Германија, Белгија и Холандија, но во најголем дел, европските фондови зависат од економскиот раст на евро-зоната која моментално е во криза, а со нејзе и самите европски фондови се во криза.
За да ги спаси евро-зоната и европските фондови, ЕУ им дава пари на Грција, Ирска, Португалија, Шпанија и Италија за да се раздолжат.
А на кого му должат тие држави ?
Па на европските банки, со други зборови кажано, самата ЕУ си го купува сопствениот долг, бидејќи долговите на државите членки на евро-зоната е истовремено и нејзин долг, а со купувањето на сопствениот долг залудно вртиш обрт на пари во еден ист круг: позајмувач-должник-позајмувач.
Да си позајмиш пари на самиот себеси за да си ги платиш сопствените долгови, па уште и да си ги простуваш сопствените долгови, како што ЕУ и прости 50% од долгот на Грција, е надвор од принципите на капитализмот и слободната трговија.
Сето ова веќе резултира со зголемена инфлација и рекордно намалена вредност на еврото кон доларот и кон швајцарскиот франк.
Всушност, Швајцарија присилно ја девалвира сопствената валута, швајцарскиот франк, со цел да ја заузда дефлацијата која и се заканува на швајцарската економија, а која со распаѓање на еврото како валута и на евро-зоната како економска зона, може да се претвори во инфлација, што ќе резултира со катастрофални последици за швајцарската економија, а банкротот е едно од можните сценарија во таков случај.
Еврото и евро-зоната се ахиловата пета на европските фондови и на ЕУ, ако се распаднат, европските фондови ќе потонат со нив, но ЕУ сигурно нема да го дозволи тоа, туку ќе наметне уште построги и поригорозни мерки за штедење кон сопствените држави членки, се разбира, со уцени и закани, како што направи во случајот со Грција кога го уценуваше Папандреу да се откаже од референдумот на кој граѓаните на Грција требаше да гласаат за или против прифаќање на помошта од ЕУ, или во спротивно да ризикува исфрлување на Грција од ЕУ на 10 години, а тоа е само пример за тоа колку е опасна оваа евробирократска диктатура.