Вистината за ЕУ која се премолчува

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Ова се пишува на форум во земја каде партијата на власт ги контролира сите медиуми, и дури кога сака некој да критикува во Брисел, праќа новинари таму да контрираат. Копиљарке, држи ми го копилево се вика ова.
Ова може воопшто и да не биде запишано.
Тоа што ќе биде премолчано не значи дека не е реално и вистинско.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Да беше добра таа ЕУ,Норвежаните немаше да се противат на влез.
Ако некој мисли(а многу мислат) дека ќе ни даваат милијарди како на Грција гадно се излажал.Посекако наредниве 10 г ние таму не влегуваме,па менувале име или не.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109

не е само норвешка, тука е и швајцарија која ете да речеме е богатаземја со највисок стандард во европа , држава која е уредена без влијание од брисел, па и понатаму се противи да влезе во божемскиот "рај" наречен ЕУ, и да стане така речено уште побогата, додека посиромашните држави меѓу кои сме и ние фанатички гледаат само еден единствен пат " единствена алтернатива", ЕУ.
не е глупа швајцарија да влезе па да мора да уплаќа средства и да им ги полни фондовите на ЕУ / и да ги оправа, помага џаболебарите на гејлада, шпанија, португалија.....
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Да беше добра таа ЕУ,Норвежаните немаше да се противат на влез.
Ако некој мисли(а многу мислат) дека ќе ни даваат милијарди како на Грција гадно се излажал.Посекако наредниве 10 г ние таму не влегуваме,па менувале име или не.
Од твоја уста во Божји уши !!!

Никогаш да не влеземе во ЕУ е најдобро и најбезбедно за Македонија.

Дури и да ни се случи должничка криза, што е најнормално за било која држава, а не само за држава која е или која не е полноправна членка на ЕУ, банкротот не е крајот на државата.

Аргентина банкротираше во 2001, па денес се наметнува како водечка економска сила во Јужна Америка.

Исланд банкротираше во 2009, ЕУ му даде пари за да се спаси, па сепак Исланѓаните на референдум годинава гласаа ПРОТИВ враќање на истите тие пари на ЕУ.

Националниот долг на Јапонија изнесува над 200% проценти од нејзиниот Бруто Домашен Производ - БДП, па сепак Јапонците на почетокот на 2011 го произведоа најмоќниот и најбрзиот компјутер во светот до денешен ден, сите користиме нивни производи, Сони, Сони Ериксон, Тојота, Хонда, Мазда и други јапонски производи кои Јапонија успешно ги произведува, извезува и продава, а нејзината економија успешно функционира и покрај огромниот национален долг на Јапонија.

Швајцарија ниту е држава членка на ЕУ, ниту е држава членка на НАТО, а сепак нејзината економија успешно функционира, од наједноставна причина, бидејќи Швајцарија сама управува со сопствената економија и со сопственото општествено уредување, а истовремено не дозволува некој од надвор да и кажува што треба да прави.

Причината поради која што овие држави и покрај тоа што банкротирале или биле или се на работ на банкрот, сепак и понатаму се водечки економии во регионите во кои се наоѓаат, е тоа што сами управуваат со сопствените економии и со сопствените општествени уредувања, а истовремено не дозволуваат некој од надвор да им кажува што треба да прават.

Како што може да се забележи, живот има и надвор од ЕУ.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
Што се тоа инвестиции?

Кога странски корпорации ти ги купат профитабилните фирми за ефтини пари и потоа ти ги продаваат тие производи и услуги по повисоки цени?
да,затоа што Владата на РМ одлучила да ги приватизира тие фирми или претпријатија,за жал кај нас транзицијата не се спроведе по словенскиот модел и за брзо време речиси сите производствени капацитети станаа безвредни руини,а капиталот од истите “испари“ во нечии џебови

***Dexter26 - зборуваш како ние да сме Норвешка во случајот,ама за жал не сме,туку сме на најдолната нишка во целиот континент Европа,јас сакам мојата држава да ја видам рамноправна и по стандард и по СЕ останато со на пример една Словенија,ама за тоа да се случи треба ад изумрат неколку гарнитури на политичари,а народот да го смени својот менталитет

сега како што стојат работите Македонија буквално ништо не може да изгуби од полноправното членство во ЕУ,но не под бесмислени услови
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
сега како што стојат работите Македонија буквално ништо не може да изгуби од полноправното членство во ЕУ,но не под бесмислени услови
навистина ова го мислиш?
кој е условот за влез на МК во еу-то?
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
да најде компромис со гејлада за името
а со бугарите за што да најде компромис?
потоа можеби ќе треба и со србија, па со албанија....и така ред по редум ќе си останеме со прст у уста или у г.з и без име на држава и без јазик и без црква и ......:mad:
(мада не се слагам ама баш за никаков компромис) свое недам туѓо несакам
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
а со бугарите за што да најде компромис?
потоа можеби ќе треба и со србија, па со албанија....и така ред по редум ќе си останеме со прст у уста или у г.з и без име на држава и без јазик и без црква и ......:mad:
(мада не се слагам ама баш за никаков компромис) свое недам туѓо несакам
а кој ни е виновен што нашите политичари се неспособни(или не сакаат) да направат пријателска политика со некој од овие соседи ?? или им одговара да не држат овде во гетото(барем тие што не планираат или не можат да заминат) како полуробови за 7-8000 МКД плата,тоа го посакуваме до крај на живот?? или сега има стекнато тате на некој начин одреден капитал и познаства(транзицијата беше за некого мајка,за некого маштеа) па ќе го браниме овој систем на екстремно богати граѓани помогнати од сите права и екстремно сиромашни кои подлагаат на сите обврски....
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
е да..... пред 20 и кусур години Македонија беше ПОИМ за сите соседи околу нас- но силом прилике некои решија да ја доведат на вакво дереџе, каде само се крадеше, а во ништо не се инвестираше-
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
да,затоа што Владата на РМ одлучила да ги приватизира тие фирми или претпријатија,за жал кај нас транзицијата не се спроведе по словенскиот модел и за брзо време речиси сите производствени капацитети станаа безвредни руини,а капиталот од истите “испари“ во нечии џебови

***Dexter26 - зборуваш како ние да сме Норвешка во случајот,ама за жал не сме,туку сме на најдолната нишка во целиот континент Европа,јас сакам мојата држава да ја видам рамноправна и по стандард и по СЕ останато со на пример една Словенија,ама за тоа да се случи треба ад изумрат неколку гарнитури на политичари,а народот да го смени својот менталитет

сега како што стојат работите Македонија буквално ништо не може да изгуби од полноправното членство во ЕУ,но не под бесмислени услови
Не, ние не сме Норвешка од економски гледна точка, но можеби стоиме на исто ниво со Норвешка од гледна точка на демократијата и општественото уредување, со разликата што Норвешка е демократска, парламентарна и уставна монархија, а Македонија е демократска, парламентарна и уставна република.

Сакаш словенечки стандард ?

Нема проблем, @cool@ во првиот пост од оваа тема на форумов убаво даде пример за животниот стандард во Словенија:

Пример со возач на камион од Словенија кој на една-ТВ изјавил дека дневно работи по 16-18
часа за ГОЛА ПЛАТА,без платени прекувремни саати , без пари за платен топол оброк. Ако се побуни , неговиот газда едвај чека да го испрати под завод, а на негово место да вработи романец кој ќе му вози за пола цена,но истовремено газдата зборува како во ЕУ е супер, бидејќи секој месец си купува нов камион.
Што чекаш ?

Вади бугарски или романски пасош, фаќај магла за Словенија и ете ти словенечки стандард.

Или фати си врски преку македонските транспортери, на крајот на краиштата, со визната либерализација можеш подолг временски период да останеш во држава членка на ЕУ и на Шенген зоната, па би требало да имаш доволно време за да се вработиш во некоја словенечка фирма.

Повеќе од очигледно е тоа дека ти си еден од оние луѓе кои не сакаат или се плашат или не се подготвени сами да се соочат со сопствените потреби и со сопствените проблеми и сами да си ги задоволат и решат истите, туку сакаат некој друг од надвор да им ги задоволи и реши истите тие потреби и проблеми, па ако Република Македонија како Република Македонија не ги задоволи твоите потреби и не ги реши твоите проблеми, тогаш можеби Република Македонија како дел од ЕУ ќе ги задоволи твоите потреби и ќе ги реши твоите проблеми.

Таквите како тебе, кои секогаш чекаат некој друг да ги задоволи нивните потреби и да ги реши нивните проблеми, се пример за луѓе кои придонесоа да паднеме до ова ниво.

Токму поради таквите како тебе поминавме низ криминална приватизација и транзиција, бидејќи таквите како тебе мислат само на сопствените лични интереси, а не и на интересите на народот и на државата, токму поради таквите како тебе денес народот плаче и кука по ЕУ иако истовремено не ни знае што е тоа ЕУ, кога, каде и зошто е основана, кои се нејзините права и цели, но пред се, зошто е опасна по независноста и суверенитетот на нејзините држави членки.

Батка, немој да се малтретираш да не убедуваш нас останатите во медот и млекото кои течат низ ЕУ, а се плаќаат со дебели камати, оди бањај се во европските реки од должнички мед и од должничко млеко, плаќај камати, само те молам, остави не нас останатите на мира.

Ние, невработените и сиромашните голтари, но меѓу другото и разумни голтари, си имаме наши потреби и проблеми и повеќето од нас сакаме и сме подготвени сами да си ги задоволиме нашите потреби и сами да си ги решиме нашите проблеми, наместо да чекаме некој друг да ги задоволи нашите потреби и да ги реши нашите проблеми, а најмалку па да биде некој од надвор како ЕУ.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
А која треба да е вистината за ЕУ, а која наводно се премолчувала?

Ја откривте Америка - бравос!

Кои глупави муабети, просто не ми се верува.. Не ми е јасно како можат повеќето од вас (не сакам да ги цитирам, сами ќе си се излајат) овде да изнесуваат факти со кои го наметнуваат мислењето дека нам подобро би ни било ако сме надвор од ЕУ.. Каков идиотизам! Па 20 години црнчиме, трнчиме, едно чудо генерации покваривме и мозоците им ги исправме (и им ги переме) за да им кажеме дека нашата иднина е во ЕУ, за да им кажеме дека светот се глобализира, дека ние - нашата економија се развива и треба да се развива во склад со западно-европските идеи и перспективи, и сето тоа, да подвлечам ДОДЕКА БЕВМЕ И СМЕ НАДВОР ОД ЕУ, а при тоа вегетирајќи во една замислена сопствена оаза.

И пазете сеа, што е најинтересно, ЕУ била корумпирана, капиталистичка, крвождерна по работниот човек, поклоничка и посестримка на Пеколниот Газ (Грција) и тако даље, а ние да сме ти биле демократска држава и толку..?!?

Само малку, а каква тоа држава развивавме и развиваме од 1991 година па навка?
Не можам да ве разберам, истите тие што до вчера (а се кладам и сеуште го прават тоа) плукаа и го колнеа „комунизмот“ (а се кладам дека никад не ни прочитале за тој ебан комунизам) се истите тие што пљампаат сега овде на оваа тема дека ЕУ не чини (од каде сеа тоа?) небаре од крчината на душата што не им излегло она „старото“ -Туџе нечемо своје не дамо!

А да и Норвешка не влегла, т.е. се противела на влез во ЕУ затоа што Еу не била толку добра... па да следи коментар - Од уста твоја во Божји уши!!! - Абе да така е, да беа ФК.Барселона и Реал Мадрид толку добри, ќе ги земеа Величе Шумуликоски и Николче Новески и ќе ги ставеа во прва постава, ама не се!
Али затоа е најдобро и најбезбедно за Николче и Величе, оти шо ќе им е да идат у Барселона и Реал Мадрид кога имаме ние и боље клубови од нив, на пример Шкендија, Турново, Три Чешми, Миравци, Ренова, Фљамуртари, Напредок.... Па да... тоа е...

А не знам, чудно ми е и мене зошто побогу се бунат и креваат штрајкови Грците, Шпанците, Португалците, Италијаниве, Германциве.. ЕУ не чинела... да бе! WHAT A BUMMER!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
А не знам, чудно ми е и мене зошто побогу се бунат и креваат штрајкови Грците, Шпанците, Португалците, Италијаниве, Германциве.. ЕУ не чинела... да бе! WHAT A BUMMER!
На место ти е коментарот MEDDLE.

Те разбирам, разочаран си од оваа држава, и јас сум разочаран, но не до толку за да се откажам од сопственото право да одлучувам за себеси и за сопствената држава.

ЕУ беше основана и започна како организација за регулирање на слободната трговија помеѓу нејзините држави членки и тука требаше да останат нејзините ингеренции.

Но по воведувањето на Лисабонскиот Договор, кој им беше наметнат на државите членки на ЕУ, чиишто корумпирани властодршци упорно одбиваат да ги прашаат сопствените народи на референдум дали го поддржуваат Лисабонскиот Договор или не, ЕУ станува се поцентрализирана организација која што акумулира се повеќе и повеќе моќ на сметка на независноста и сувереноста на нејзините држави членки.

Заедничкиот слободен и отворен пазар звучи прекрасно, јас да сум бизнисмен сигурно ќе се збогатам, но ЕУ повеќе не е организација за регулирање на заедничкиот слободен и отворен пазар помеѓу нејзините држави членки, туку се стреми кон тоа да стане нова европска држава.

Веќе има свое знаме и своја химна, што е во целост прифатливо, има најразни фирми, организации, политички партии и други ентитети кои имаат свои знамиња, свои грбови и свои химни, но ЕУ веќе има своја полиција, работи на случајот на воведување заеднички данок на банкарските трансакции помеѓу нејзините држави членки, а работи и на случајот на создавање своја војска.

Ова е експеримент кој е излезен од контрола и колку побрзо биде прекинат толку помалку болни ќе бидат последиците од истиот.

И комунизмот звучи прекрасно, апсолутна еднаквост и власт на работниците и селаните, но токму тоа не беше случајот со поранешниот СССР и поранешна Југославија, а не е случајот ни со денешна Кина, Северна Кореја, Виетнам, Куба и други држави во кои до денешен ден на власт е социјалистичката диктатура.

Испадна дека под апсолутна еднаквост се подразбира нација која треба да работи за доброто на државата, а не обратното, државата да работи за доброто на нацијата.

Исто така, под апсолутна еднаквост полесно е да се подразбира необразована нација која не знае ни да чита и пишува како што беше во случајот со вработените во поранешни гиганти како МЗТ, отколку образована и креативна нација која ќе ја воздигне државата кон уште повисоки успеси и врвови.

Власта беше, а и до денешен ден, во Кина, Северна Кореја, Виетнам, Куба и други држави во кои до денешен ден на власт е социјалистичката диктатура, е во рацете на Комунистичката Партија, што во целост се коси со принципите на Комунистичкиот Манифест на Карл Маркс и Фридрих Енгелс, кој вели дека во комунистичкото општество државата престанува да постои, а со нејзе престануваат да постојат и владата и Комунистичката партија.

На хартија делува супер, но во пракса корумпираните комунистички бирократи, комунизмот наместо да го имплементираат во целост, го заглавија во социјализам, и тоа не во демократски социјализам, туку во социјалистичка диктатура, а нешто сосема слично е и европскиот експеримент излезен од контрола наречен ЕУ.

Грците, Шпанците, Португалците и Ирците се незадоволни од ЕУ, бидејќи дури сега, кога почнаа да ги плаќаат долговите кои нивните корумпирани властодршци ги набилдале во нивно име, им стана јасно дека реките од мед и млеко во ЕУ чинат пари и тоа со дебела камата.

На нас ни е лесно да бидеме незадоволни од нашите корумпирани властодршци, бидејќи тие се тука, а не во Брисел, ние сме гласале за нив и можеме со гласање да ги отстраниме од власт, ја имаме сета демократска моќ во нашите раце за да управуваме со нашето општествено уредување, денес е лесно да плукаме и да велиме дека нашите политичари се корумпирани лажговци, криминалци и марионети на Брисел, на Вашингтон или на не знам кој друг, но и како такви, ние ја имаме моќта да ги отстраниме од државната и јавната администрација, односно да ги отстраниме од нашето општествено уредување, а ако Република Македонија стане полноправна држава членка на ЕУ, не дај Боже, со нашето општествено уредување ќе управува Брисел, а улогата на нашите политичари ќе биде да удрат печат на одлуките кои Брисел ќе ги донесе и да ги имплементираат истите, без притоа воопшто да го прашаат народот на референдум дали се согласува со истите тие одлуки.

Како што веќе спомнав во пост #30, разумните луѓе во државите кои се полноправни членки на ЕУ веќе почнаа да превземаат мерки против оваа евробирократска диктатура, редно време е и разумните луѓе во државите кои не се полноправни членки на ЕУ да превземат мерки против истата таа диктатура, ние сме во поповолна позиција бидејќи не сме дел од ЕУ и треба да ја искористиме истата таа позиција за да останеме надвор од ЕУ.

Нашата економија полесно ќе се опорави со потпишување на билатерални договори за слободна трговија со секоја држава во Европа, без разлика дали е или не е полноправна членка на ЕУ, тие договори би траеле 5 или 10 години, по што врз истите би била извршена ревизија за нивно продолжување или укинување, отколку да станеме дел од ЕУ, бидејќи Лисабонскиот Договор не е предмет на ревизија, не го донесоа, туку го наметнаа, или подобро кажано, го подметнаа и не планираат да вршат ревизија врз истиот.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Ах ... брат..... сигурен си тоа што го збориш?

Уствари..... Шта да ти кажем кад све знаш..... :unsure:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
Не, ние не сме Норвешка од економски гледна точка, но можеби стоиме на исто ниво со Норвешка од гледна точка на демократијата и општественото уредување, со разликата што Норвешка е демократска, парламентарна и уставна монархија, а Македонија е демократска, парламентарна и уставна република.

Сакаш словенечки стандард ?

Нема проблем, @cool@ во првиот пост од оваа тема на форумов убаво даде пример за животниот стандард во Словенија:

Што чекаш ?

Вади бугарски или романски пасош, фаќај магла за Словенија и ете ти словенечки стандард.

Или фати си врски преку македонските транспортери, на крајот на краиштата, со визната либерализација можеш подолг временски период да останеш во држава членка на ЕУ и на Шенген зоната, па би требало да имаш доволно време за да се вработиш во некоја словенечка фирма.

Повеќе од очигледно е тоа дека ти си еден од оние луѓе кои не сакаат или се плашат или не се подготвени сами да се соочат со сопствените потреби и со сопствените проблеми и сами да си ги задоволат и решат истите, туку сакаат некој друг од надвор да им ги задоволи и реши истите тие потреби и проблеми, па ако Република Македонија како Република Македонија не ги задоволи твоите потреби и не ги реши твоите проблеми, тогаш можеби Република Македонија како дел од ЕУ ќе ги задоволи твоите потреби и ќе ги реши твоите проблеми.

Таквите како тебе, кои секогаш чекаат некој друг да ги задоволи нивните потреби и да ги реши нивните проблеми, се пример за луѓе кои придонесоа да паднеме до ова ниво.

Токму поради таквите како тебе поминавме низ криминална приватизација и транзиција, бидејќи таквите како тебе мислат само на сопствените лични интереси, а не и на интересите на народот и на државата, токму поради таквите како тебе денес народот плаче и кука по ЕУ иако истовремено не ни знае што е тоа ЕУ, кога, каде и зошто е основана, кои се нејзините права и цели, но пред се, зошто е опасна по независноста и суверенитетот на нејзините држави членки.

Батка, немој да се малтретираш да не убедуваш нас останатите во медот и млекото кои течат низ ЕУ, а се плаќаат со дебели камати, оди бањај се во европските реки од должнички мед и од должничко млеко, плаќај камати, само те молам, остави не нас останатите на мира.

Ние, невработените и сиромашните голтари, но меѓу другото и разумни голтари, си имаме наши потреби и проблеми и повеќето од нас сакаме и сме подготвени сами да си ги задоволиме нашите потреби и сами да си ги решиме нашите проблеми, наместо да чекаме некој друг да ги задоволи нашите потреби и да ги реши нашите проблеми, а најмалку па да биде некој од надвор како ЕУ.
за каква демократија зборуваш кога партијата која иди на власт шерифува со државата и си крои закони по нивни терк,си распишува тендери по нивни терк,ја користи полицијата и системите за прислушување за приватни цели кобајаги дека ја штити државата итн итн

Уставот на РМ за кој учев во основно(тогаш и РМ доби независност),нашиот наставник не учеше,убедуваше дека е неменливо нешто како сега да му ги памтам зборовите дека тоа е свето нешто за секоја држава и не смее да има никакви додавки или измени (нашиот беше одобрен од францускиот светски признат експерт Бадентер,нека ме поправи некој оти не сум најсигурен),а Уставот по 2001 претрпе безброј измени во корист на националностите,кои им беа загарантирани сите права во претходниот,со новиот веќе да имаат и привилегии што е невидено во светот

го спомна и парламентот и те молам да ми кажиш кога последно тој како дело придонесол за некој значаен закон кога истите ги приготвува владата и само ги става на гласање,кога си видол на слободни прашања да се издејтвува некое прашање или иницијатива од нечие сопственио мислење и за крај кога власта ќе прифати некој добар закон од опозицијата?!

за сето што ти го зборуваш можеби постои во некој твој филм,но далеку си од реалноста и кажувај еднаш за негативните страни во нашата држава,а не дека тоа ќе го добиеме со влезот во ЕУ,зошто таа недемократска ЕУ ни бега 150 години во развојот,а сите работоспособни и интелегентни млади кадри неповратно заминуваат несакајќи своето знаење да го вложат за смешни суми на пари работејќи од утро до мрак кај некој новопечен бизнисмен со пари кои ги стекнал од пропаѓањето на наш производствен капацитет кој се до 91 година извезувал во ЕУ или арапските земји свои производи
 
Kajgana Shop

На врв Bottom